EHF European Handball League

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Пребарувајќи по темите сфатив дека немаме тема за ЕХФ купот односно, EHF европската лига по ново. Со оглед дека од оваа луда корона сезона ќе стартува новиот формат, право време е и да отвориме ваква тема.

За почеток ги извадиле шеширите за ждрепката. Нова измислица на ЕХФ, сега по зони ќе ги делеле екипите за да се избегнат комлицирани патувања. Откако извисија Металург и Бутел при првите одлуки за кој директно ќе се пласира во групниот дел од натпреварувањето, овојпат барем овој аспект мислам дека им оди во прилог.


Можни противници и на Металург и на Бутел во првата рунда се: CSKA (RUS), Constanta (ROU), Gorica (CRO), Spacva (CRO), Gyongyos (HUN)

Со оглед на можните противници во другите зони, мислам дека добро поминаа.

Во секој случај конкуренцијата во новиот формат за влез во топ 24 групната фаза е огромна и јас ќе бидам искрено многу изненаден ако Металург успее да дотурка до таму. Ќе им треба и доста среќа во ждрепката покрај евентуалната квалитетна игра. Бутел мислам дека има само теоретски шанси, барем 35 од овие 39 екипи кои се борат за преостанатите 12 места низ овие две квалификациски рунди се на хартија појаки.

Интересно е дека форматот според тоа како е замислен уште на старт ќе исфрли од конкуренција некои од екипите од скандинавската зона кои имаа посериозни шанси за пласман во групната фаза.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Металург ја доби Спачва од Хрватска, а Бутел ќе игра со Ѓенѓеш од Унгарија. Па Металург и не можеше полесно од ова. Фаворити се и на двете утакмици, а и добро за нив (имаат капациет да стигнат до групите во купот). Бутел доби океј тим (за нив подобро ќе беше Горица), ама не верувам дека ќе стигнат до наредно коло.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Металург ја доби Спачва од Хрватска, а Бутел ќе игра со Ѓенѓеш од Унгарија. Па Металург и не можеше полесно од ова. Фаворити се и на двете утакмици, а и добро за нив (имаат капациет да стигнат до групите во купот). Бутел доби океј тим (за нив подобро ќе беше Горица), ама не верувам дека ќе стигнат до наредно коло.
За до групна фаза ќе видиме, зависи со кој евентуално би играле во второ коло. Има доста јаки екипи во квалификациите. Во секој случај, со Спачва, Металург е голем фаворит. Бутел од друга страна, со кој и да се паднеше ќе беше во аутсајдерска позиција. Сепак Ѓенѓеши не се некоја којзнае каква екипа и мислам дека имаат можност за пристојно претставување, па дури и да се борат за евентуален пласман во втора рунда иако ќе биде доста тешко.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533


Кога се правеа сите луди и не сакаа да се соочат со реалноста, сега ќе им се удри се од глава.

Ќе си гледаме изгледа домашно првенство.

Уствари, упс, Вардар и Пелистер нема ни во домашно да играат и ако вака продолжи работава има ризик да играат пријателски цела есен.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Тоа може и да значи Вардар службено да го добие Елверум дома.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
Тоа може и да значи Вардар службено да го добие Елверум дома.
Не тоа значи дека во знак прашалник се става целото европско напреварување. И дека од ова може да се добие само верижна реакција каде после Норвешка незадоволство ке укаже и некоја друга земја.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
додека е топло може да играат на отворено, во Струга:cool:...ама овие норвежаните изгледа имаат УПЛАВ од патување во одредени држави...
овака ако продолжи спортот станува технолошки вишок, ќе остане само ШАХ, тоа од ДОМА може да се игра
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Еве ги шеширите за утре:

1601491780888.png

4 групи со 6 екипи, првите четири одат понатаму

Ќе биде тешко за нашите преставници, ама со малку среќа мислам ќе можат да стигнат до топ 4 во групите, особено Пелистер

Ќе биде интересно и ова да се прати...
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Еве ги шеширите за утре:

Прегледај го приврзокот 268722

4 групи со 6 екипи, првите четири одат понатаму

Ќе биде тешко за нашите преставници, ама со малку среќа мислам ќе можат да стигнат до топ 4 во групите, особено Пелистер

Ќе биде интересно и ова да се прати...
И која е поентата овој турнир да почне кога едвај се игра ЛШ?

Инаку, чудно ми се распоредени некако. Монпелје, Фуксе и Рајн-Некар во четвртиот шешир, Кристианстад во шестиот :D
Пелистер можат со скоро сите овие екипи да се носат и мислам дека без проблеми ќе одат понатаму а Металург тешко ќе стигнат до бод а не пак топ 4.
Интересно натпреварување секако.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Најидеален ждреб за Металург би бил Адемар, Алингсас, Бешикташ, Тулуз и Фиверс. Тука можат и до трето место да изодат сигурно.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Еве ги шеширите за утре:

Прегледај го приврзокот 268722

4 групи со 6 екипи, првите четири одат понатаму

Ќе биде тешко за нашите преставници, ама со малку среќа мислам ќе можат да стигнат до топ 4 во групите, особено Пелистер

Ќе биде интересно и ова да се прати...
Со новиот формат дефинитивно е многу напредната и ЛЕ. Реално можеше да биде и појака неколку квалитетни екипи заглавија со ждрепките во квалификациите.

За нашите, Пелистер има шанси да се носи со барем пола од екипите. Има шанси да ги мине групите. Металург ќе биде аутсајдер. Секој бод е успех.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Помина и ждрепката за ЛЕ

EHL_2020-2021.jpg

2 полесни (А и Ц) и 2 потешки групи (Б и Д).

Металург имаше среќа и доби по мое мислење доста добра група, нормално колку што е можно во оваа фаза на натпреварувањето. И вака горе долу ќе бидат аутсајдери, но би требало да бидат конкурентни за бодови. Имаат шанси да ја минат групата во жестоки дуели со Чеховски Медведи и АОН Фајверс во битка за 4то место.

Пелистер немаше среќа и доби тешка група. Но Пелистер е и поквалитетна екипа и мислам може да се надигрува со екипите кои им се противници. Мислам дека имаат солидни шанси за пласман во осминафинале иако ќе биде доста тешко за повисок пласман, што ќе биде битно во вкрстувањата и битката да се стигне до четвртфинале.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Швеѓаните и Турците паднаа во трета група, иначе ќе беше баш џек пот за Автокоманда. Против Фиверс би требало 2 победи да начнат. Адемар може и да не игра ради короната, па има простор за некои поголеми поени на клубска сцена за мак ракометот. Еурофарм лани во ваква некоја си група во ЛШ се избрукичка малку. А оваа не е нешто полесна од таа (плус Рајн Некар е тука), па ќе видиме како ќе котираат. Имаат простор и за реванш против Татабања.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.312
Најидеален ждреб за Металург би бил Адемар, Алингсас, Бешикташ, Тулуз и Фиверс. Тука можат и до трето место да изодат сигурно.
Ау браво,три од овие пет екипи им се паднаа (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom