Имав навистина непријатен момент со роднина на ова тема. Почнавме со дискусијата за верата и го прашувам дали верува во магии и уроци, ми вика да, го прашувам зошто верува, дали имал некое близок со магии, дали видел лично?. Ми вика ДА, негова сестра била, и ми ги покажува симптомите, и дека биле кај многу оџи, и дека кога почнува оџата молитви да кажува она реагирала итн.
Го прашав пак дали ја однеле на доктор, ми вика не е таа за на доктор. Пак занемев, не знаев минута две што да кажам, но пак собирав сила и му кажав дека сакам да го советувам за добро, и дека мора да најде чаре на доктор, и да не трошат пари низ оџи.
Но сигурен сум дека немаат да ме слушат, дали треба да не му зобрувам веќе за тоа, или треба да инсистирам?
Ве молам за совет.