Едипов комплекс

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Доста е.Јас ги разбирам луѓево имаат завршено тешки факултети,други надворешни школи имаат потрошено пари,енергија, неколку години од својот живот, па тешко можат да го сварат тоа што го пишувам овде.Да кажат дека Едиповиот комплекс е вистина немаат докази за тоа, да кажат дека не е вистина...Едноставно не можат поради причините кои што ги напишав погоре.Пред вистината и боговите молчат.
 
Би сакала да прашам нешто... Што кога детето нема изградени блиски односи со едниот родител, да речеме баш со родителот кој има спротивен пол од неговиот? Не живее со него, да речеме и никогаш не живеело. Тогаш чии каратеристики ќе ги бара во партнерот?Дали можеби така настанува хомосексуалноста? :nesum:
Ќе бара истополова фигура во други блиски личности, на пример ако е машко ќе ја бара машката фигура во брат, вујко, дедо (дури и во познати личности, мада мислам дека ова е поинаков тип на проблематика).

За ова со хомосексуалноста не сум сигурна, ама од случаи што сум ги посведочила, машки деца кои израснале во услови без татко или со, ама во нарушени односи со него, често се исфеминизирани, а некогаш и хомосексуалци, мада не мислам дека ова е главната причина за таквата сексуална ориентација.

Ова секако не е случај со сите, ама ете, имало примери.

Исто така, без оглед на тоа што немале родител од својот пол, не значи дека не може да се случи во својот партнер да бараат карактеристики што посакуваат да ги имал нивниот татко. На пример девојче растено без татко, кое секако си има замислено во главата слика на својот идеален родител кој го немала, во своите партнери потсвесно ќе ги бара токму тие карактеристики.

Ова е само лаичка дискусија врз основа на аматерски заклучоци, што не ја прави точна, ама ја прави доста веројатна. :)

The G-Man напиша:
АБЕ МАГДЕ, ГРОЗНО Е ОВА ШТО ГО ЗБОРИШ!!!

ЈАС КОН МАЈКА МИ ДА ИМАМ „ЧУВСТВА“ Е ГРОЗНО!!!!
Абе не го сфаќајте вие така екстремно.
Не е поентава дека ти свесно сакаш да имаш секс со мајка ти, таман работа. Има и такви случаи, ама тоа се исклучоци, луѓе со сексуални аномалии поврзани со инцест.

Ова е сосема друго, се работи за состојба на која ти не се ни сеќаваш, затоа што е првата дразба/фантазија/некаков допир со сексуалноста, несвесно е затоа што во тој период сеуште си дете на многу мала возраст, пред да развиеш свест.
 
Ах, тоа што не е јасно е дека членот погоре бара докази, или поточно факти или резултати од истражувања или Фројдови искуства па и туѓи искуства, значи сака(ат) членовиве да знаат што е тоа што го натерало чичко Фрој да дојде до таа теорија.
Ние уште чекаме Магдето да ја заврши семинарската и да ги прочитаме тие факти. :smir:
 
Магде, кога веќе репродуцираме знаење во врска со Едиповиот комплекс дај ни неколку примери за тоа какви биле тие истражувања, преку кои методи чичко Фројд го утврдил тој комплекс, луѓево изгледаат збунети. :)

(Оу, и немој да го испуштеш најважниот детаЉ од биографијата за Фројд, а тоа е како го викала мајка му кога бил мал.. :helou:)

Ние уште чекаме Магдето да ја заврши семинарската и да ги прочитаме тие факти. :smir:
Зашто од мене само чекате?Јас побарав ваши мислења околу едипот како појава,а испадна да се натегаме за фактите.
Ти како моја постара колешка чувствувај се добредојдена да споделиш она што знаеш.Знаеш дека сега едиповиот комплекс ни е само нафрлен како појава.Мене ме заинтригира па сакав сепак да ги видам и мислењата на кајганџиите.

Што е до она што го најдов за Фројдовиот едипов комплекс и како го открил како појава,мислам деке веќе го напишав,ама еве пак.

Фројд е вклучен во задачата на истражување на сопствените сонови, мемории и динамиката на развитокот на неговата личност. Низ само-анализата, тој го осознал непријателството кој тој го имал кон својот татко (Јакоб Фројд), и „тој исто така се сетил на своите детски сексуални тенденции кон својата мајка (Амалија Фројд), која била топла, привлечна и заштитнички настроена“. Се смета дека овој период е најпродуктивниот период од Фројдовата кариера.

АБЕ МАГДЕ, ГРОЗНО Е ОВА ШТО ГО ЗБОРИШ!!!

ЈАС КОН МАЈКА МИ ДА ИМАМ „ЧУВСТВА“ Е ГРОЗНО!!!!
Исклучи капс лок:)
Јас оваа теорија не ја измислив сама,не ми текна туку така.
Сепак не знам што е толку трагично во истата,мене па ми е многу логична.
Секако дека во тој период кога детето ја развива својата сексуалност,единстевн член што му пружа грижа и нега е неговата мајка(зборам за единствена женска особа).Некако ми е логично да развие желба за таа личност.

И не е тоа дека ти имаш чувства сега,си имал кога си бил мал и само мајка ти била крај тебе.Највероватно 99% од луѓето не се свесни за тие чувства.
 
Ајде јас да побарам по книгишЧено, па ќе ставам нешто за комплексов:smir:

Од првите и најважни од сите сексуални односи, преостанува, и по одвојувањето на сексуалната активност на примање храна, еден важен дел кој помага доенчето да се подготви за изборот на објектот. За време на целиот латентен период, детето започнува да сака и други личности, кои му помагаат во неговите потреби, секогаш по примерот доенче-дадилка и продолжувајќи го тој однос. Можеби некој нема да сака да ги идентификува нежните чувства на детето кон лицата кои го негуваат со полова љубов, но јас мислам дека само со продлабочени психолошки истражувања може, безрезервно да се утврди тој идентитет. Општењето на детето со лицата кои го негуваат, за него е непресушен извор на сексуална возбуда и на задоволување преку ерогените зони, особено што таа-по правило мајката-го снабдува детето со чувства, кои потекнуваат од нејзиниот сексуален живот, го милува, гушка, бакнува и го ниша, земајќи го како полноважен сексуален објект*. Мајката , бездруго, би се исплашила кога некој би и` објаснил дека таа со своите нежности го буди сексуалниот нагон на своето дете и го подготвува неговиот подоцнежен интензитет. Таа смета дека тоа што го прави е чиста асексуална љубов, бидејќи грижливо извегнува да предизвика поголеми возбудувања на гениталните органи на детето, отколку што е неопходно при негата на телото. Но како што добро знаеме , половиот нагон не се буди само со возбудување на гениталната зона, она што го нарекуваме нежностеден ден своето дејство ќе го изрази и на гениталните зони.Кога мајката повеќе би го разбирала големото значење на нагонот за сиот душевен живот, за сите етички и психички дејности, би била поштедена од сите префрлања што си ги прави самата себеси.Таа само ја исполнува својата задача кога го учи детето да сака-тоа треба да стане добар човек со енергични сексуални потреби кои во својот живот ќе го исполни сето она на што нагонот го тера човекот.Навистина премногу родителската нежност може да и наштети , со тоа што ја забрзува скесуалната зрелост, а со тоа што детето се разгалува, станува неспособно во подоцнежниот живот понекогаш да се откаже од љубовта или да се задоволи со помалку љубов.
*Ако ова сфаќање некому му се чини "злосторничко", нека ја прочита речиси идентичната расправа за односот меѓу мајката и детето од Хавелок Елис(Полово чувство).
 
Зашто од мене само чекате?Јас побарав ваши мислења околу едипот како појава,а испадна да се натегаме за фактите.
Ти како моја постара колешка чувствувај се добредојдена да споделиш она што знаеш.Знаеш дека сега едиповиот комплекс ни е само нафрлен како појава.Мене ме заинтригира па сакав сепак да ги видам и мислењата на кајганџиите.

Што е до она што го најдов за Фројдовиот едипов комплекс и како го открил како појава,мислам деке веќе го напишав...

Ах, точно дека ни е само нафрлено, туку и општо за чичко Фројд немаме доволно податоци во скриптине, а се знае дека кога се пишува семинарска работа се истражува појавата во длабини така да би требало тој факт за истражувањата да го имаш вклучено.
А ова репродуцирање на тоа што учиме на факултет ми е повеќе за пред професори и колеги а овде на форум итс џст нат мај тинг. :pipi:
Ама ај да не бидам толку себична.. :pos2: Драгиот член кој што бараше докази нека прочита за чичко Herbert Graf, aka: Little Hans. Чичко Фројд направил мала студија за неговите стравови вклучувајќи го и Едиповиот комплекс, една од малкуте негови објавени студии, и нека ужива во резултатите од нив. :helou:
 
Магде, баш вчера читав за Едиповиот и другите идеи од теоријата на Фројд. Едиповиот комплекс се појавува меѓу третата и петата година од животот на детето, т.е во фалусниот дел(фалус=полов орган) од прегениталниот период(пред да почнат да функционираат половите жлезди). Се јавува привлеченост од родителот од ист пол а нешто меѓу љубов и омраза кон родителот од спротивниот пол, едноставно другиот родител се доживува како ривал. Поминувањето на овој стадиум на детето е многу важен фактор во оформувањето на личноста, вели Фројд.

Секако, според мене со право е критикуван Фројд по ова прашање, многу психолози се согласуваат со тоа дека постои Едиповиот, но не и дека тој е нешто особено важен за формирањето на личноста. Исто така, нели и теоријата на Фројд дека сите постапки на човекот се заради задоволување на инстинктите се отфрла...
 
А да си направиш мала анкета ти во маалото твое колку деца го имаат овој комплекс,гарант нема ниедно да најдиш.А знаеш зошто?Затоа што пред да почнат да функционираат половите жлезди човек нема знаење и искуство за секс, а па не да мисли за истото кон истополовиот или различнополовиот родител.Глупости.И па со тоа Фројд рекол вака,Фројд рекол така, а ние другите немаме што да кажиме.
 
Буцио, ти поумен од Фројд и од сите нас овде,а? :tapp: Баш затоа што детето пред да почнат да му функционираат половите жлезди, нема знаење за секс, ЗАТОА И НЕ СЕ СЕЌАВА И НЕ ГО ДОЖИВУВА ТОА КАКО СЕКС.И како да прави анкета,кога сто пеес шес по корен од четири пати, ти кажавме дека Едиповиот Комплекс се случува во инфантилниот период, на кој децата не се сеќаваат. И сега ајде да не се натегаме за работи кои постојат, доктори поумни од тебе и мене го тоа докажале. Затоа темава е дадена здраво за готово, значи не докажуваме. Не е ништо чудно да не можеш да го разбереш Фројд, но комплексот постои. Или пишувај на темава продуктивно, или не пишувај. Не ми е мене Фројд татко, па да ти кажам како го тоа докажал. Но од него ги имам прочитано книгите "Тотем и табу", "Сексуална теорија во 3 расправи", "Стравот и нагонскиот живот","Женскост и расчленување на психичката личност", "Човек стаорец"... Па сега види кој повеќе знае за Фројд, јас или ти.:smir:
 
А да си направиш мала анкета ти во маалото твое колку деца го имаат овој комплекс,гарант нема ниедно да најдиш.А знаеш зошто?Затоа што пред да почнат да функционираат половите жлезди човек нема знаење и искуство за секс, а па не да мисли за истото кон истополовиот или различнополовиот родител.Глупости.
Ќе се изненадиш колку рано се развива либидито(сексуална енергија) кај луѓето.
Почнува со цицањето,до првата година и негде кај 6 година паузира за да продолжи во пубертетот каде што созрева.
Не знам зашто даваш толкав отпор према овие работи?
Исто како да читам атеист на подфорум религија.
 
Буцио, ти поумен од Фројд и од сите нас овде,а? :tapp: Баш затоа што детето пред да почнат да му функционираат половите жлезди, нема знаење за секс, ЗАТОА И НЕ СЕ СЕЌАВА И НЕ ГО ДОЖИВУВА ТОА КАКО СЕКС.И како да прави анкета,кога сто пеес шес по корен од четири пати, ти кажавме дека Едиповиот Комплекс се случува во инфантилниот период, на кој децата не се сеќаваат. И сега ајде да не се натегаме за работи кои постојат, доктори поумни од тебе и мене го тоа докажале. Затоа темава е дадена здраво за готово, значи не докажуваме. Не е ништо чудно да не можеш да го разбереш Фројд, но комплексот постои. Или пишувај на темава продуктивно, или не пишувај. Не ми е мене Фројд татко, па да ти кажам како го тоа докажал. Но од него ги имам прочитано книгите "Тотем и табу", "Сексуална теорија во 3 расправи", "Стравот и нагонскиот живот","Женскост и расчленување на психичката личност", "Човек стаорец"... Па сега види кој повеќе знае за Фројд, јас или ти.:smir:
Мими на форумов имам околу 700 поста и во ниеден од нив јас не тврдам дека сум попаметен од некој друг член на овој форум.Ако ми најдиш таков пост, јас ќе направам како јакузите,ќе ја ставам левата рака на маса и со нож ќе си го отсечам малиот прст од нејзе :icon_lol:.Се шегувам малку, денес црн хумор имам на менито.Чекај сега малку, ако децата не се сеќаваат па кој му кажа на Фројд дека имаат таков комплекс?Да не имал визија случајно човекот.Како бре дадена здраво за готово Мими, пр.ќе дојди некој попаметен од мене и ќе ми речи ѕидот е црн, а јас го гледам дека е бел,и што со тоа да се согласам дека е црн?Би напишал уште нешто ама треба и на Магдето да и обрнам внимание.И за на крај ти си попаметна и од мене и од Фројд,ама се додека мислиш со својата глава, а не со Фројдовата.

Ќе се изненадиш колку рано се развива либидито(сексуална енергија) кај луѓето.
Почнува со цицањето,до првата година и негде кај 6 година паузира за да продолжи во пубертетот каде што созрева.
Не знам зашто даваш толкав отпор према овие работи?
Исто како да читам атеист на подфорум религија.
Ова за либидито од твое искуство или Фројд што напишал?Давам отпор затоа што имам многу лошо искуство со тие две квази-науки.Религијата е нешто во кое што веруваш и не бараш научно-логички докази,додека пак науката е емпириско нешто,нешто што можи да се измери,премери,објасни,докажи,побија.Е сега психологијата и психијатријата се сметаат себеси за науки(поправете ме ако сум во грешка) или не.Ако се сметаат за религиозно нешто(слепо да веруваме во нив) предлагам темава да се префрли во подфорум религија.Магде што велиш за ова а :smir:?
 
Цитат од една друга тема.
Нејзиното име доаѓа од грчките зборови [психи] што значи "душа" и [логос] што значи "наука" (изучување).
Значи да,психологијата и психијатријата се сметаат за науки,и споредбата со атеист и религија се однесуваше на начинот на кој ти пишуваш во овој подфорум што е ист на начинот на кој атеистите пишуваат таму.
Не веруваш во ништо што изучува психологијата и психијатријата ама сепак пишуваш на секоја тема во подфорумов.Едноставно не те сфаќам.

За болдираното.
Всушност јас се сеќавам на некои работи од моето детство,кои секако нема да ги споделам тука и кои само ја потврдуваат теоријата на чичко ти Фројд ( кој си толку упорен да го демантираш).
И иначе имам и набљудувано детенце од 4 годинки и само го потврди она шо го има кажано Фројд(пак).
 
Значи да,психологијата и психијатријата се сметаат за науки,и споредбата со атеист и религија се однесуваше на начинот на кој ти пишуваш во овој подфорум што е ист на начинот на кој атеистите пишуваат таму.
Не веруваш во ништо што изучува психологијата и психијатријата ама сепак пишуваш на секоја тема во подфорумов.Едноставно не те сфаќам.
Зошто ме споредуваш со атеистите,тие бараат докази во нечие верување, верба, религија.Тоа нешто не се докажува научно-логички.Па нормално дека не верувам психологијата и психијатријата не се религија така?Тие две работи спаѓаат во наука, која што треба тоа што го тврди и да го докажи.
 
Bucio, јас стварно не знам зошто воопшто пишуваш на темава. Толку слободно време? Магде и Mimi ти објаснија, т.е "ти нацртаа", а пак се караш со нас, ко ние да сме го измислиле ова. И да, психологијата Е наука.
 
Зошто ме споредуваш со атеистите,тие бараат докази во нечие верување, верба, религија.Тоа нешто не се докажува научно-логички.Па нормално дека не верувам психологијата и психијатријата не се религија така?Тие две работи спаѓаат во наука, која што треба тоа што го тврди и да го докажи.
Сеа неќеш да ме сватиш,или се праиш намерно на 3ипол?!?
Атеистите пишуваат на подфорум религија што само по себе е контрадикторно.Пишуваат за нешто кое викаат дека не постои,и за кое толку страсно се борат.
Ти пишуваш на подфорумов,а тврдиш дека тоа за кое пишуваш не постои и е измисленица.(ја глеаш сеа сличноста?)
Па или отвори тема кај што ќе ја негираш психолохијата па таму ќе дискутираме,и заврши работа.Не мора не секоја тема сите да се натегаат со тебе и да ти цртаат,а ти да бидеш толку упорен.
Пример: ја отворив темава за да дознаам нешто повеќе околу едипот,а ти ме труеш со веродостојноста на Фројдовите теории.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom