Едипов комплекс

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
па не може допрва да се појави,зашто овој комплекс се појавува кај мали деца,сето тоа е несвесно,и нормално.но може да биде одлучуачки за понатамошниот живот на индивидуата.
Си прашала ти некое мало дете дали го има тој комплекс?
 
Си прашала ти некое мало дете дали го има тој комплекс?
јас дали сум прашала?
ќе ти кажам дека не и ќе почнеш да ми кажуваш дека не сум компетентна да кажувам дека децта го имаат?!? или шо е финтава?

направени се доволно изтражувања кај малите деца за да се утврди овој комплекс,сигурно јас не го измислив,а и да прашаш мало дете за ова нема да знае да ти каже,да го имам или не го немам.
 
Ако не знае да кажи, од каде ние ќе знаеме дали тој комплекс постои или не постои, и каде се тука доказите од истражувањата?
 
јас дали сум прашала?
ќе ти кажам дека не и ќе почнеш да ми кажуваш дека не сум компетентна да кажувам дека децта го имаат?!? или шо е финтава?

направени се доволно изтражувања кај малите деца за да се утврди овој комплекс,сигурно јас не го измислив,а и да прашаш мало дете за ова нема да знае да ти каже,да го имам или не го немам.

Магде, кога веќе репродуцираме знаење во врска со Едиповиот комплекс дај ни неколку примери за тоа какви биле тие истражувања, преку кои методи чичко Фројд го утврдил тој комплекс, луѓево изгледаат збунети. :)

(Оу, и немој да го испуштеш најважниот детаЉ од биографијата за Фројд, а тоа е како го викала мајка му кога бил мал.. :helou:)
 
Малце сум аматер за психологија но мислам дека Фројд наведе некои стадиуми во животот на човекот и доста рано беше периодот за овој коплекс. Околу 4-5 години мислам. Доста Фројд ја обработувал оваа тема, комплекс кој го имал и тој кон својата мајка. Доста неверојатно ми звучеше сето тоа и многу болно. Но човечката свест е многу неистражена работа. Имам текст низ компјутеров што го работев за една другарка од мој клас за оваа тема па ке пастирам подоцна. нешто.
 
Јас еднаш сонував дека имам секс со мајка ми и ми се згрози ко се разбудив. После неможев да :drk: неколку дена слики ми доаѓаа.
 
Додека за време на пубертетските процеси се утврдува првенството на гениталните зони, а машкиот пенис за време на ерекцијата заповеднички укажува на новата сексуална цел, на продирање во некој отвор на телото, кој ја возбудува гениталната зона, на психичката страна пак, се врши пронаоѓање објект, за кој подготовките се извршени уште од најраното детство. Кога првобитното сексуално задоволување се` уште било поврзано со земањето храна, сексуалниот нагон имал свој сексуален објект вон своето тело, во мајчините гради. Тој подоцна го губел, можеби точно во времето кога на детето му е овозможено да создаде претстава за личноста на која и` припаѓал органот што му овозможувал задоволување. Половиот орган тогаш, автоматски станува автоеротски, и дури по совладувањето на латентниот период, повторно се воспоставува првобитниот однос. Затоа, не без причина, цицањето на детето од мајчините гради се претворило во пример за секој љубовен однос. Пронаоѓањето објект, е всушност, повторно пронаоѓање.
Инфантилен страв
Децата, од своите рани години, е однесуваат така како нивната приврзаност кон лицата кои ги негуваат да е некој вид сексуална љубов. Детскиот страв на почетокот не е ништо друго, освен израз на тоа дека детето чувствува недостаток на саканата личност, затоа секое непознато лице го гледаат со страв;тие се плашат од темнина, затоа што не го гледаат саканото лице и се смируваат кога во мракот можат да ја допрат неговата рака.
Последици од инфантилниот страв
Дури и оној кој среќно го избегнал инцестното фиксирање на своето либидо, не е наполно ослободен од неговото влијание.Јасно е ехото на таа фаза од развојот кога момче, како што тоа често се случува, прв пат сериозно ќе се вљуби во зрела жена, а млада девојка во постар маж со голем авторитет, кои можат да им ја оживеат сликата на мајката, односно таткото. Во слободното имитирање на тие примери се врши воопшто изборот на објектот. Пред се`, него мажот го бара според сликата на својата мајка, како што ја има задржано во сеќавањата од најраното детство; во потполна согласност со тоа дека се` уште жива мајка му, се спротивставува на ова свое обновување и зазема непријателски став. Кај таквото значење на детските односи кон родителите за подоцнежниот избор на сексуалниот објект, лесно е да се разбере дека секоја пречка на тие односи во детството, во себе носи најтешки последици на сексуалниот живот после зрелоста. И љубомората на човек кој љуби во себе крие инфантилни корени, или барем инфантилно засилување. Несогласувањата меѓу родителите, нивниот несреќен брак, условуваат најтешки предиспозиции за пречка во сексуалниот развој или за невротски заболувања на децата. Инфантилната наклонетост кон родителите е, бездруго најважната трага, но не и единствената која, обновена во пубертетот, го покажува патот за изборот на објектот. Други траги со исто потекло му овозможуваат на мажот, имитирајќи го сеуште своето детство, да развие повеќе од една сексуална низа, а да создаде сосема различни услови за ибор на објектот.
 
Се е тоа супер што све го напишале, само сеуште ми го нема одговорот за доказите за Едиповиот комплекс, овде читам само цитати од Фројд(поправете ме ако сум во грешка),па Фројд рекол вака,фројд рекол така.Кој е Фројд?Господ Бог да не е па да му веруваме на збор.
 
А какви докази ти бараш?
Апсолутна вистина, обично нема во ништо.

Ова е тероија на Фројд, прифатена и развиена, и истата се покажала како точна во многу, многу случаи. И како таква и ја разгледуваме.

Затоа, престани да ја полниш темава со барања за докази. Доволно ти беше објаснето.

Продолжете со дискусијата.
 
Не се сеќавам воопшто ваков комплекс да сум имала од порано, ниту во подоцнежните години, а забележувам ваков комплекс кај внук ми кој има 3 години.

Сакам да кажам дека, во подоцнежните години, кога детето ќе треба да се жени (што автоматски не е повеќе дете, меѓутоа така го условувам сега), мајката е таа која го манифестира Едиповиот комплекс, па токму затоа се јавуваат тие омрази меѓу мајка и снаа.
Мајката е уплашена затоа што повеќе нема да биде единствената жена во животот на нејзиниот син, и уплашена е дека тој повеќе нема да ја сака, па затоа е толку љубоморна на идната жена на нејзиниот син.
Забегав од темата, а?.. :)
 
Би сакала да прашам нешто... Што кога детето нема изградени блиски односи со едниот родител, да речеме баш со родителот кој има спротивен пол од неговиот? Не живее со него, да речеме и никогаш не живеело. Тогаш чии каратеристики ќе ги бара во партнерот?Дали можеби така настанува хомосексуалноста? :nesum:
 
Па не за џабе децата кога ќе пораснат, се скоро чиста копија на родителите ( ако е машко на таткото, ако е женско на мајката).
На крај скоро сите стануваме тоа што сме го мразеле во младоста( и не мислам само во контекст на едиповиот комлекс)
поздрав:helou:
 
А какви докази ти бараш?
Апсолутна вистина, обично нема во ништо.

Ова е тероија на Фројд, прифатена и развиена, и истата се покажала како точна во многу, многу случаи. И како таква и ја разгледуваме.

Затоа, престани да ја полниш темава со барања за докази. Доволно ти беше објаснето.

Продолжете со дискусијата.
Што ми е објаснето?Поставив едно прашање само а не го добив одговорот,сега да не се повторувам ете го погоре.Овде гледам само Фројдови цитати, ко библијата што ја цитираат, ама барем за нејзе има квалитетна дискусија на подфорум религија.Значи се што кажал Фројд е вистина и не смеам да се сомневам во него така?
 
Како што реков, тоа е теорија на Фројд, прифатена и развиена од многу други.
Посебен доказ, кој би ти ја изнел како апсолутна вистина, нема да најдеш. Пошто е ипак само теорија.

Затоа повели и негирај ја, односно ревидирај ја.
 
АБЕ МАГДЕ, ГРОЗНО Е ОВА ШТО ГО ЗБОРИШ!!!

ЈАС КОН МАЈКА МИ ДА ИМАМ „ЧУВСТВА“ Е ГРОЗНО!!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom