Graaaaaaaaaaaaaaand Theeeeeeeeeeeeeft Autoooooooooooooo V
This FAAAAAAAAAAAAAALL!
Се чека најбитното, а тоа е Рокстар да излезе со информација за ПЦ, па и за Xbox One.
Тоа би требало да биде утре.
Овој кажа дека ќе може сејфот да се префли од 3 на 4.
Шушбушкањата беа точни.
Сејфот ќе може да се префрли и од Xbox 360 на PlayStation 4.
Како само Мајкрософт го кркаат стапот од Сони со PlayStation 4.
А мора да им се признае на Мајкрософт, доста солидно настапија на E3 2014, после ланското фијаско со Xbox One.
Исто така, бета верзијата на Battlefield: Hardline веќе е ексклузивно достапна само за играчите на PC и на PlayStation 4, иако официјално најавено е дека видео играта ќе биде пуштена во продажба и за PlayStation 3, Xbox 360 и Xbox One, на 21 октомври 2014.
Интернет сервисот PlayStation Now ќе биде достапен за отворено бета тестирање за сите корисници на PlayStation 4 во Северна Америка до крајот на 2014 година, со над 100 видео игри од PlayStation 3, PlayStation 2 и од првиот PlayStation, односно PS One, достапни за играње првично за корисниците на PlayStation 4, а подоцна и за корисниците на PlayStation 3 и на PlayStation Vita.
Европа за жал, ставена е во втор план, па ќе мораме да чекаме подолго време додека да PlayStation Now стане достапен и во Европа, најверојатно во текот на 2015 година.
PlayStation TV ќе биде пуштен во продажба во ноември 2014, а преку оваа мини конзола ќе може да се играат PlayStation 4 видео игри од примарната PlayStation 4 конзола која би била оддалечена од корисникот - во друга просторија или во друга улица или во друга населба, можеби дури и во друг град, се додека примарната PlayStation 4 конзола е вклучена и поврзана преку Интернет, корисникот ќе може од друга локација да ги игра своите PlayStation 4 видео игри преку PlayStation TV мини конзолата, која исто така ќе мора да биде поврзана преку Интернет.
Единствено што ќе му биде потребно на корисникот ќе бидат DualShock 3 контролер и HDMI кабел за поврзување на PlayStation TV со LCD или плазма телевизор со влезна HDMI порта.
Цената на PlayStation TV ќе биде 99 американски долари во Северна Америка, односно 99 евра во Европа.
Ќе има и поскапо издание кое ќе доаѓа со потребниот DualShock 3 контролер и со потребниот HDMI кабел, како и со мемориска картичка и со ваучер за купување на видео игра, не помнам точно за која видео игра стануваше збор.
Сони доминираат во осмата генерација на конзоли за видео игри веќе 7-ми месец по ред откако PlayStation 4 и Xbox One излегоа во продажба во ноември 2013, повеќе од очигледно е дека Сони не планираат да ја изгубат ваквата доминација и доста добра стратегија применуваат за да ја задржат истата оваа доминација.