Инаку незнам зошто Прандели го игра Маркизио пред еден бик како Ночерино. Сеа не сум го глеал многу овој првиов (впрочем, кој нормален ги гледа Јувентус
), ама мислам дека е малку преценет.
Не си свесен дека штотуку го гледаше Јувентус
(шала, поточно е Италија со менталитетот на Јувентус), а интересно е што реализацијава на Италија некако потсетува на реализацијата на Јуве во текот на сезоната, првите две третини не е идеална, сега кога се влегува во финишот и кога е најважно се користат шансите (иако мораа уште некој гол да дадат). Повеќе од заслужено финале за Италија.
Германскиов селектор не знам што му текна да менува крило, за играч од средината, па Озил мораше крило да игра и всушност го изгубија мозокот од претходните натпревари, очигледно мислел со тројца централни во средина Пирло да го запре ама видовме што испадна.
Прогнозирав на тој распоредот од оф.нет финале Шпанија-Италија, и уште си стојам дека Италија ќе освои. А многу ме интересира со која формација Прандели ќе излезе, со 3-5-2 веќе играа против Шпанците и играа повеќе од добро, ама и со 4-3-1-2 играат одлично.