Eве ги предавниците, се јавија!

Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
И Русија и Америка одговорија потврдно дека ќе го прифатат името за кое наводно би се договориле двете страни
До скоро беше Русија безусловно не признава како Македонија. Ептен за мајтап е дотерана работата, ако ова е вистина.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
До скоро беше Русија безусловно не признава како Македонија. Ептен за мајтап е дотерана работата, ако ова е вистина.
Не знам како си го пропуштил тоа, беше актуелно пред една недела мислам. Работата е што ако се договори ново име и Русија можно е дека ќе прифати да не вика по тоа име. Не се тие криви, сами ќе сме криви ако дозволиме промена.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
ако се договори ново име
... тогаш не само Русија, туку и сите ќе го прифатат. Јасно. Но, она што е поразително во моментов е: самата можност за промена на името - никогаш досега не била сериозна тема за разговор.

Да може да биде некој толкав идиот па да не ја употреби силата на Русија на наша страна - несфатливо ми е.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
... тогаш не само Русија, туку и сите ќе го прифатат. Јасно. Но, она што е поразително во моментов е: самата можност за промена на името - никогаш досега не била сериозна тема за разговор.

Да може да биде некој толкав идиот па да не ја употреби силата на Русија на наша страна - несфатливо ми е.
Се е сфатливо кога ќе ти речат СО ЈАТО ВО НАТО!И грдото пајче не знаело дека е лебед се додека не видело како изгледаат лебедите.:toe:
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
значи, на прост Македонски јазик...

Бранко цртица, бУЧКо и Тито?

кај и да е ќе се јави и предавникот во ДПМНЕ, најверојатно Милошовски...


уште некој кандидат за листава? :)
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
БЦ:

„Не' чекаат тешки одлуки кои ќе ја одредат судбината на нашата земја. Сепак, постои мал маневарски простор во претстојните преговори за името на државата. Без емотивни и патетични изливи треба да видиме што и како да направиме. За Грција не е спорен зборот Република, туку – Македонија, така што би можеле да најдеме формулација со додавка или придавка која не го урива нашиот национален идентитет, туку можеби дополнителен опис на нашето државно уредување. Мислам дека на тој начин можеме да ги постигнеме нашите две цели – и да ја добиеме поканата и да го зачуваме нашиот национален идентитет“.
Љубомир Фрчковски:

Ние мора без лигавења да кажеме дека одредбите, атрибутите во кои ние сме Македонци и се наше ќе биде можно да се означи како „македонско“ - се недвосмислено први нешта на скалата. Само од тоа може понатаму да се дефинира „официјалното име за меѓународните организации“ не наспроти тоа.
(б)УЧК(овски):

Значи, доаѓа време за храбрите. Ако го слушавме ВМРО-ДПМНЕ и таквите како Груевски и во 2001 година, ќе требаше да војуваме додека „ Западна Македонија не биде тепих“ а не да бараме „шанса за мирот“. Сега, драги мои поддржувачи и почитувани мои критичари, е историско време. Повторно ни треба алтернатива како во 2001 година. ... Според мене, мора веднаш да се навратиме на сите предлози, кои и претходно беа нудени како компромис за замена за ПЈРМ (ФИРОМ) - на пример во март 2005 година „ Републиц оф Мацедониа - Скопје“ или од октомври 2005 „Републиц оф Македонија“ (словенски транскрипт) . Покрај веќе прифатливите предлози на Нимиц за Демократска и Независна Македонија, да заборавиме на двојната формула!
Коле Чашуле:

Фамозниот член 8 од предлогот на Нимиц не ни брани да се нарекуваме Македонци, да имаме македонски јазик, македонска црква, култура, академија, театар... туку, (ако добро го прочитавме) на Грција и забранува да не спречува да ги користиме овие наши историски атрибути и вредности! Конечно, Демократска Република Македонија е описно име на нашата држава, која е Република со демократски систем. Со тоа име ќе го сочуваме идентитетот и без да го менуваме уставот. Да го прифатевме предлогот, Грција сега ќе беше во дефанзива, а не во офанзива. Но, не е се загубено.
Разноразни “експерти“ од НВО институти:

Мислам дека додека да се дојде до некаков договор, тој ќе се чува во тајност се до последен момент, а преку неофицијални извори ќе се подготвуваат граѓаните во Македонија и во Грција за некакво решение, кое не верувам дека ќе биде по задоволство на двете страни. Ако се дојде до решение, тоа ќе биде заради потребата двете страни да отстапат од нивните позиции - вели Дане Талевски од Институтот за демократија.
Мојот став е дека треба интензивно да преговараме, да нудиме решенија што ќе ја внесат Македонија во НАТО, но не губејќи го нашиот идентитет - вели за „Време“ Трајан Гоцевски, ексминистер за одбрана.
И за малку ќе го заборавев,
ТИТО:
Тито Петковски сега на Канал 5 кажа дека сега не е време за лажен хероизам и докажување патриотизам,дека морало да се најде компомис бидејќи на Македонија не и требало меѓународна изолираност што би се случило ако не влеземе во НАТО и дека сега се создале поволни услови за компромис.


А за Милошовски, отворено не се искажува, но, со тоа не може да се измие. Неговото предавство е во тоа што перманентно лаже за преговорите со НАТО.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
hehe

Коле Чашуле ... куку њоне, фамозниот член 8 не ни бранел да користиме „Македонски Народ“ и „Македонски Јазик“

тенџере :)

Дане Талевски - дали студирал во странство батката? пошто многу ми е познат неговиот начин на демагогија, тој начин потекнува од Фројд и внукот на Фројд, и беше масовно користен од сите екстремни режими, од фашисти до комунисти.

или на прост Македонски јазик, чпијун, работи за некоја западно-европска служба... можеби дури и северно-америчка (јуесофеј)

и разни други експерти...

Како еден не се сети да предложи да се викаме Слободна Македонија?

Со што автоматски би се поставило прашањето а кои се неслободни? :pos::pos2:

само шега последновно :)

Од принцип нема менвање на име, ко ќе си најдиме некој брат Климе и случајно сакаме пак монархија, преку институциите на државата, ДОБРОВОЛНО, можи ќе смениме име на државата.

Сега за сега, таа има само еден кум - Македонскиот Народ.

Него, до кај сме со бесилките :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
17
Поени од реакции
1
Ako nekoj menuva ime,toa ke bide Grujo,ostanuva premier bez mnozinstvo,zosto ne podnese ostavka?Ni Vardar ne go pere,ne dotera do veto i sega toj ne daval...Idi bre,begaj,na kogo prodavaat demagogii...Prasanje-moze li Republika Makedonija-DPMNE?Ima,veruvam,abdali i za ova,so lopati da gi rines.Ako ostanuva MAKEDONIJA,se ostanuva!!!
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ako nekoj menuva ime,toa ke bide Grujo,ostanuva premier bez mnozinstvo,zosto ne podnese ostavka?Ni Vardar ne go pere,ne dotera do veto i sega toj ne daval...Idi bre,begaj,na kogo prodavaat demagogii...Prasanje-moze li Republika Makedonija-DPMNE?Ima,veruvam,abdali i za ova,so lopati da gi rines.Ako ostanuva MAKEDONIJA,se ostanuva!!!
kako toa AKO.......,ako e AKO...toa znaci veke si se slozil :)
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Нема разлики меѓу Владата и Претседателот за начинот на кој може да се надминат разликите околу името со Грција, но тврдата грчка позиција не остава простор за договор.
Премиерот Груевски во интервју за МИА тврди дека дебатите за додавка на името како политичка одредница се бескорисни, затоа што Грција веќе ги одбила варијантите демократска, независна, суверена и уставна.
Министерот за надворешни работи, пак, со смирувачки тонови вели дека Македонија и покрај проблемите со кои се соочува има капацитет во клучните неколку недели да го зачува достоинството и да влезе во НАТО.
Милошоски денеска на францускиот амбасадор Валеро му упатил протестна нота поради антимакедонските изјави на претседателот Саркози во Брисел.
Шефот на дипломатијата од неговиот колега Кушнер официјално ќе побара од Франција и во случајот со Македонија да се почитуваат принципите на еднаквост и слобода врз кои почива петта република.
„Бидете сигурни дека имаме и капацитет и искуство и доволно разум да знаеме да постапиме на најдобар начин и да се соочиме со сите предизвици на начин кој ќе ги заштити и промовира интересите на Македонија. Очекувам следниве две, три недели кои ќе бидат клучни, да дејствуваме со еден политички консензус, без разлика што Владата ќе функционира како малцинска и во Букурешт да имаме основа за успех“, изјави Антонио Милошоски.
За разлика од Саркози, претседателот на Паневропската Унија Ален Треноа денеска во Скопје со поддршка за Македонија. Побара од Европа да не се крие во бирократските лавиринти и да не донесува одлуки поради лични интереси.
„А што е тогаш тој начин кои што имаат некои одредени бирократии во северна Европа, да бројат само маслинки и да бројат грашок за да одлучат кој е или се уште не е на ниво да стане Европа“, рече Ален Треноа, претседател на Паневропска Унија.
На два дена пред продолжување на преговорите за името во Виена, Македонките власти се уште ги разработуваат принципите врз кои ќе се одговори на евентуален нов предлог на медијаторот Нимиц.
Доколку најновата предлог рамка која неофицијално ја подготвуваат Нимиц и експерти на американскиот Стејт Департмент, повторно го загрозуваат националниот идентитет се очекува преговорите меѓу Македонија и Грција да влезат во критичната фаза која најверојатно ќе донесе вето.
Покрај проблемот со името планот на САД за проширување на НАТО е дополнително загрозен од најновите конфликти со Русија околу Грузија и Украина, но и поради проблемите во Авганистан пишува денеска „Њујорк Тајмс“.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
17
Поени од реакции
1
Rekov ako,sto ne znaci deka se soglasuvam.Barame care,za da ne ostaneme vo crna dupka.Ajde zaedno.Koj bara NATO,nie ili Ciganite od Atina?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
ТМРО: Македонија да влезе со идентитет во НАТО
Во НАТО Македонија и македонскиот народ да влезат со идентитет. Никој неможе да го оспори Ирецот во Северна Ирска или Република Ирска, Кореецот во Северна или Јужна Кореа. Многу поважно е што ќе стои во членовите од евентуалната спогодба со Грција и задржувањето на идентитетот и континуитетот на Македонскиот народ. Ова го истакна претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански во врска со македонско – грчкиот спор.
Тој смета дека со приемот на Македонија во НАТО под Северна Македонија, Македонија нема да го загуби идентитетот, “напротив ке биде уште посилен и ќе одразува географска одредница, зошто Македонија е широк поим“.
Ако Македонија го испушти возот во Букурешт, според Шехтански резервна опција би била барање од ООН за неутрален статус на Македонија, како Швајцарија, која не е членка ниту на НАТО ниту на ЕУ.




Каква е оваа ситуација ????? Не подготвуваат ли на новото име ???
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Оооо еве уште еден.:palka: :ban: :u pm:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Играат златниците... ѕвечкаатт
 

Kajgana Shop

На врв Bottom