Bratot
Стоик и Машкртник!
Не знам. Црнцине не биле баш милувани во двата века заедничка историја со белците. А нашиве качаци машала, не пропуштиле прилика да не се стават на страна на некаков завојувач за да можат непречено да зулумат! Поентата ми беше дека нема никакви допирни точки изборот на Обама во САД и изборот на Албанец за Претседател на Македонија.
Има, токму поради таа историја во однос на афро-американците.
Прогресот е што Обама ја сруши онаа бариера, расна.
Се разбира во тоа му помогна и катастрофалното водство на Републиканците, но сепак.
Прогресот што Албанецот треба да го направи во Македонија, во однос на Македонците е да ја сруши бариерата на сомнежот, на недоверба.
Како што кажав и претходно и ти додаде сега, дека треба да покажат македонско национално чувство, дека припаѓаат кон оваа држава и никоја друга.
Создавање лојалност кон нацијата- Македонија.
А тоа.. не би можело да дојде до израз, доколку не покажеме и малце волја и почит едни кон други.
Незнам дали е ова остварливо до 2014, и мислам дека не треба да се поставуваат рокови. Туку да дојде природно.
Многу е тешко ова да се постигне, но ако постои некоја “далекувидност“ за тоа како да излеземе од сопствената закоченост и гушење, треба да се работи и вложува во односите.
Темава е прилично опширна, има премногу за дискутирање.