Специјално за сите што ги мрази да читаат увод на тема(а ги има многу на форумов) уште еднаш најважното во црвено.
Ете бубе за почеток да ти кажам дека не ме мрзи да читам уводи во теми и дека Јас многу добро ја прочитав твојата зададена тема, и токму поради тоа најдов основа за поставување на мојата теза.
Основата е следнава :
Цитат:
"Кои партии ќе бидат дел од власта решава само мандатарот(партија со најмногу освоени гласови) како во сите држави во светот
и точка. Ова тврдење на ДУИ дека репрезентираат дел од посебна група граѓани може да доведе до апсурни слични барања кои можат
само да бидат потсмев во регионалната и европска јавност. На пример:
-СДСМ мора да биде дел од идната власт затоа што победила кај хомосексуалците и не смее да се потценува нивната волја.
-Партијата на бошњаците во Македонија мора да биде дел од власта затоа што победила ка ј бошњаците.
- Комунистичката партија мора да биде дел од власта затоа што победила кај антихристите. Никој не смее да ја потценува волјата на антихристите.
Ова мене ми е смешно................"
Тоа што за тебе е смешно за мене е дискутабилно, а зошто? Прочитај надолу па ќе видиш.
реален бе
дај немора секоја тема да ја поебуваш со караници и глупости....
инаку дуи граѓанска? хахахах
дуи е нацистичка
Ах Тикви4ка Тикви4ка. Кај виде ти караници а уште повеќе глупости.
Дали е глупост тоа да се наметне едно гледиште кое е сосема реално изводливо и е во склад со темата?
realen07, а ти како стоиш со видот?
И голема благодарност до ада, што се грижи за моето здравје.
Ете ќе ја израдувам ада, и ќе и кажам дека мојот вид е сосема во ред, така да не би требало ни најмалку да се секира, но во секој случај благодарност за грижата.
И се чудам сега, до каде е капацитетот на дискусија во нашето општество?
Дали сакаме да дискутираме само за тоа што сакаме да го чуеме?
Дали проблемите со кои треба да се соочуваме, ги ставаме секогаш под тепих, па кога ќе нема веќе место под тепихот, и кога ќе дојде време за соочување со проблемот, ние не сме подготвени за дискусија по него, а камо ли за решавање на истиот?
Дали еднаш за секогаш не треба да ги отвориме "табу темите" кои ги има многу, почнувајќи од политички па се до меѓуетнички, и да одпочнеме една демокатска дискусија и полемика, која ќе даде одговор и насоки на дејствување за многу општествени прашања, или како и секогаш ќе молчиме и друг ќе ни биде крив за се?
И да се дообјаснам.
Мандатар за составување на Влада, е оноаа патрија или коалиција која освоила најмногу пратенички мандати на изборите.
Доколку во определен рок, прворангираната партија или коалиција не е во можност да направи мнозинство од пратеници (61), мандатот за составување на нова влада оди во раце на второрангираната партија, која освоила највеќе пратеници.Доколку и втроропласираната партија не успее да формира мнозинство од 61 пратеник, се оди на повторување на изборите.
Од тука доаѓа и логиката на мојата теза, а уште повеќе од минатонеделните избори во Србија, во кои видовме дека мандатар за составување на Влада не е оној што освои сто места во парламентот, туку оној што освои 75, или подобро речено, Коштуница, кој освои 35 мандата.
А каде стравот од дискусија кај нас?
Дали оти треба да признаеме дека во одредена ситуација, може да дојде до непочитување на вољата на мнозинството, за сметка на малцинството?
Како тогаш ние ќе бараме да се почитува вољата на мнозинството, кога сега не ја почитуваме вољата на малцинството?
Како ти иде читање на наслови на тема?
И како го пронајде зборот СДСМ и негови пратенички места во истиот?
Или ДУИ и СДСМ ги мешаш, пошо ги поистоветуваш?
Читањето теми ада, и полемизирањето за нив, не е само фокусирање на насовот, туку и обработка на тематиката, и поставување тези и теории кои се сосема возможни и остварливи, и дискутирање по истите, но
Ти како деклариран уметник, кој треба да има многу поголем спектар и дијапазон на гледишта, тоа треба најдобро да го знаеш.
И за крај
Човекот учи од грешките свои.
Паметен човек учи од туѓите грешки.