Дуел на бендови (оваа недела: Fantomas vs Melvins)

  • Креатор на темата Креатор на темата Толстој
  • Време на започнување Време на започнување
Iron Maiden...неам некоја поголема причина освен што сабат ги неам и слушано до толку,ама како и да е мејден
 
Сабат, поради тоа што се пионери во жанрот и општо влијанието кое го имаат во рок музиката. А, исто така и зашто ми се еден од омилените бендови и фактот што Iron Man ми беше вовед во рок музиката. Иначе @Hurin за свето тројство на хард рокот/хеви металот во Британија се сметаат Цепелин, Сабат и Парпл.
 
Мејден , оти можам да направам 3 комплетно различни сетлисти на песни кои би сакал да ги видам од нив на концерт , а од Сабат би излегло само една . Инаку смешни сте со ова деца , пубертет :pos: Небаре се прави споредба Бибер со Моцарт . Ама таа е честа појава кај македонскиот љубител на специфичниот и нетолку популарен музички звук , така да не сум многу изненаден , само разочаран.
 
Мејден, бомба беа завчера...
bbdcbef1b02d97ed42467fc3035e9561.png
 
Сабат, не затоа што се пионери во хеви металот (кој многу-многу и не го мирисам), него затоа што се пионери воопшто во хард-рок музиката, први со така добро склопени мелодии и моќност на рифови, лектира и инспирација за многу бендови кои и немаат допирна точка со металот, а пробувале во својата музика да ги вметнат елементите од нив.
 
Нема муабет.
Кога сабат разарале, мејден уште мочале во гаќи.
Од друга страна, сите бендови на планетава имаат влијание од сабат.
Сабат е сабат, се друго е излишно.
 
Уффф каков дуел ... два легендарни бенда :)
Сепак Iron Maiden дефинитивно.
Не дека Black Sabbat се лоши ... далеку од тоа ... но сепак Мејден повеќе ми лежат.

 
Сабат се пионери на хеви металот, но Мејден го издигнаа хеви металот на едно многу високо ниво и притоа не обидувајќи се да звучат како нивните претходници. Самиот Харис изјавува дека Сабат, Лед Цепелин и Дип Парпл се негова инспирација. Тоа мислам дека е доволно признание.. Оној Sabbath примарниот за мене е тој оригинален бенд, со Ози како вокал..Сигурно дека беа сјајни и со Дио, НО нивната популарност ја донесе Ози и тоа непобитен факт. Самиот факт дека нивниот прв албум кој се смета како култен во хеви металот, е снимен за неверојатни 12 часа во студио говори за каква величина се работи...Да не зборуваме и под какви услови свири Ајоми сиот свој живот, со половина пластични прсти..Од друга страна Мејден се како еден вид религија, театар, не само што се одличен бенд, туку тие прават и одлично и незаборавно визуелно шоу..Музиката, хармоните, галопот, вокалите на Брус,текстовите, Еди...Тоа е премногу кул за да биде вистинито и ниеден бенд на светот не може да го направи толку добро како Мејден..Во овој дуел кој можеби не е фер да се прави, гласам за Мејден, само затоа што Сабат не сум ги гледал во живо, а пред 2 дена во Фан Пит за првпат ги гледав Мејден и сеуште не можам да се соземам од таа енергија, од оној момент кога излегуваат на сцена и како да те удира цунами..Непроценливо...
 
Black Sabbath - иако не сум многу по металкиве, 2 дена веќе само нив ги цепам, вртат на јутубов и винампот. Мејден не сум ги слушал многу, не се сеќавам кога последен пат сум слушал песна од нив, ама знам дека Сабат повеќе ги можам од нив.
 
Шо се испотепавте бре бре.. Ајде нов дуел. Овој пат две јаки имиња кои славата ја стекнале во деведесетите, икони во гранџ музиката, дел од големата четворка од Сиетл, лејдис ен џентлмен, Pearl Jam против Alice in Chains.

Alice+in+Chains+aic.jpg
vs
Pearl+Jam+pearljam.gif
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom