Сабат се пионери на хеви металот, но Мејден го издигнаа хеви металот на едно многу високо ниво и притоа не обидувајќи се да звучат како нивните претходници. Самиот Харис изјавува дека Сабат, Лед Цепелин и Дип Парпл се негова инспирација. Тоа мислам дека е доволно признание.. Оној Sabbath примарниот за мене е тој оригинален бенд, со Ози како вокал..Сигурно дека беа сјајни и со Дио, НО нивната популарност ја донесе Ози и тоа непобитен факт. Самиот факт дека нивниот прв албум кој се смета како култен во хеви металот, е снимен за неверојатни 12 часа во студио говори за каква величина се работи...Да не зборуваме и под какви услови свири Ајоми сиот свој живот, со половина пластични прсти..Од друга страна Мејден се како еден вид религија, театар, не само што се одличен бенд, туку тие прават и одлично и незаборавно визуелно шоу..Музиката, хармоните, галопот, вокалите на Брус,текстовите, Еди...Тоа е премногу кул за да биде вистинито и ниеден бенд на светот не може да го направи толку добро како Мејден..Во овој дуел кој можеби не е фер да се прави, гласам за Мејден, само затоа што Сабат не сум ги гледал во живо, а пред 2 дена во Фан Пит за првпат ги гледав Мејден и сеуште не можам да се соземам од таа енергија, од оној момент кога излегуваат на сцена и како да те удира цунами..Непроценливо...