Држење под рака со партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
Јас си се држам понекогаш така со партнерката..Ми е гајле што ќе речат другите, ако се замарам што ќе речат другите кај ќе ми беше крајот.:smir:
 
Исто. Плус си имам уба јакна со поголеми и топли џебој. Браво за мене.

Избегавам држење "под рака" иначе. Појќе сум по држење вкрстено ко шо рече некој или гушнати, јас нејзе на рамо, таа мене околу половина. Нешо ко ова:
24b6fsl.jpg

И јас поише ова практикувам, али нз на женската у последно време некако поисе И СЕ СВИГА под рака.
 
Jas poveke sakam za raka, poubavo mi e taka, a decko mi saka toj da me gusni za ramo jas nego za polovina, pa nekogas odime za raka nekogas kako sto saka toj.
 
Пензионерски ? Никако.
Обожавам да го држам и да ме држи за рака. Или пак гушнати (на струкот, врз рамената..). Има една изрека дека празнините на нашите раце се создадени за да се вкрстат со нечии други. Со други зборови, го практикувам ова дури и премногу и воопшто не го пуштам од раце, ниту тој мене. Ни премина во навика. Тоа е одлика на еден пар, ваљда нема да стојам метар настрана од него. :а?:
 
Дали го практикувате ова...дали повеќе сакате да се шетате под рака или да го држите за рака...во последно време гледам се повеќе млади што се држат под рака,мене тоа некако ми е многу пензионерски :toe: што мислите вие?


Сосема си во право и го делам истото мислење со тебе.
Некако ми е многу..глупо како да се изразам.
 
Најчесто практикувам држење за рака, под рака не, никако. Како што кажа и авторот пензионерски ми делува некако и згора на тоа предизвикува вкочанување на лактот.

Инаку последно време почнав многу да забегувам, па женска ми практикува врзување со лисици.:toe:
 
Кога сум во алко-состојба убаво е кога ме држи под рака, кога сум во нормална состојба за рака иако преферирам и други места за држење на некои работи.
 
па не гледам нишо лошо од тоа да се држиш за рака со партнерот...да секогаш сум се држел за рака со партнерката ретко коа гушнати...
 
па не гледам нишо лошо од тоа да се држиш за рака со партнерот...да секогаш сум се држел за рака со партнерката ретко коа гушнати...
Муабетов на темава е за држење под рака. :smir:
 
НЕ!Под рака не.Со дечкото за рака...дури и ми смета кога ќе ми стави рака во заден џеп или слично...некако непристојно ми е...
И мене ми е бапски тоа под рака ама веќе ми е влезено у навика...сите другарки под рака ме фаќаат..што да праам...
 
Да си се држиш за рака или да ја гушнеш љубената кога шетате низ корзо или чаршија.
Пубо, здравје.
 
Ракава кај него позади во џебот:pos:

Не бе шознам како ќе ми дојт:)
Ако имам некој гоооолеми штикли и ме болат нозеве си го фаќам под рака така побезбедно ми е движењето.
 
не ми делува пензионерски воопшто. инаку секогаш за рака.. the gaps between my fingers filled with his:pipi: но кога е ладно или сум цела пикната во него за да ме гушка или го факам под рака и буквално му ја гушкам раката додека да влеземе некаде на топличко. и убаво е:pipi:
 
Ja практикувам мојата рака на нејзините раменици онака оти сум висок многу, а таа мене за половината, а кога е студено и вџеб кај мене ја пика раката, и не ја вади.:pos:
 
Држење се мисли на спонтано држење,онака.Не она класичното како старците што се фатиле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom