Државата воведува кованици од 10 и 50 денари

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Денеска советот на Народна банка на Македонија, донесе одлука за пуштање во оптек на ковани пари во кованици од 10 и 50 денари.

Со пуштање во оптек на кованите пари во готовинскиот платен промет во важност ќе останат паралелно и книжните пари од 10 и 50 денари (кои според мене сигурно ке ги повлечат).

Кога ке ги пуштат кованиците во оптек не се знае, но се очекуваат наскоро.

Што мислите вие на сево ова? Дали Гвујо ке признае дека инфлацијата е голема и денарот ке девалвира?
 
Беше прашање кога ќе почнат со пуштање во оптек на овие монети.
Предлог имаше уште пред некоја година.
Конкретно кованица од 50 денари... мислам дека не е баш паметно решение, меѓутоа од 10 денари е и те како добро решение. Читав некаде и анализа за економската оправданост на оваа монета.
Во Србија веќе подолго време има 10-динарка монета, а има и книжна.
Монетата е многу позгодно решение.
п.с. 1 евро = 80 српски динари
 
хммммм ОЗБИЛНО ?!?!?!!

едит- тоцхие да исплаќа се поради тоа шо монетата ( од 10 и 50 ден ако има ) е поефтина ( за државата ) отколку хартијата и на мене не ми се веруваше ама така е
гледам дека у иднина ќе почнат да прават и од 100.000 ден банкнота :(:(:(
 
Не се разбирам од економија многу,ама каква врска има инфлацијата со замена на книжните 10 и 50 денарки со монети????:toe:
 
Не се разбирам од економија многу,ама каква врска има инфлацијата со замена на книжните 10 и 50 денарки со монети????:toe:
Државата повеќе ќе заштедува со издавањето на монети отколку на банкноти.
Годишниот трошок производство на банкноти изнесува околу 20 милиони денари. Со издавањето на кованите пари од 10 и 50 денари, чиј период на користење ќе биде значително поголем од тој на банкнотите со соодветна номинална вредност, според пресметките на НБРМ, годишната заштеда би изнесувала од 11 до 12 милиони денари.
цитат од vecer.com.mk
 
Денарот не е оној кој беше пред неколку години, општо гледано не само денарот, парата не вреди веќе, цените на се се дуплираа, некој беа спремни од поодамна како на пример Еу, но ние чекавме до последен момент...

во денешно време ако порано ти стигаа 200 еура за живот, сега не ни стигаат ни 400 еура за врзување крај со крај... катастрофалната економска политика на владата си го направи своето
 
......definitivno se zafakja pozicija za inflatornoto stampedo.....kakvi kovanici kakvi ustedi,kakvi bakraci...vo erata na plasticni kartici, elektronski pari,plakanje preku mobilen...Gwujovistive pak bi zveckale so paricki vo kese......da ne bese inflacijava , ke pomislev pak nekoe proviziice.....kovanica e sekogas poskapa od hartija.....apsolutno , osven koga ...imajki sopstvena pecatnica , moras da gi pecatis kaj GAZDITE vo London... :)
 
Ако петденарката беше голема, „пејсденарката“ ќе биди мазник.

Или ќе бидат сребрени со десетденарката.

Во секој случај, ќе си зачестам со купување со картичка.
 
......definitivno se zafakja pozicija za inflatornoto stampedo.....:)
Ако со емисија на кованици ,успееш да ја зголемиш паричната маса во Македонија до тој степен што ќе се "активира" инфлационата спирала , АЛАЛ нека ти е !
Една работа е емисија на кованици , друга е ако се изврши емисија на книжни пари со голема номинална вредност а притоа да нема "покритие" за тоа .
 
Денеска советот на Народна банка на Македонија, донесе одлука за пуштање во оптек на ковани пари во кованици од 10 и 50 денари.

Со пуштање во оптек на кованите пари во готовинскиот платен промет во важност ќе останат паралелно и книжните пари од 10 и 50 денари (кои според мене сигурно ке ги повлечат).

Кога ке ги пуштат кованиците во оптек не се знае, но се очекуваат наскоро.

Што мислите вие на сево ова? Дали Гвујо ке признае дека инфлацијата е голема и денарот ке девалвира?

Кога се отвара тема се дава линк да се причита оригиналот. Не ти е ваљда прв пат?
Прво го најдов ова во вечер http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E73C8BE097D2A54494DC040F5E04D40E ама глеам горе датумот 01.12.2006, па си мислев дека кењ*ш и џабе дигаш прашина, ама после го најдов и оригиналот
Денес, Советот донесе и Одлука за пуштање во оптек ковани пари во апоени од 10 и 50 денари. Со пуштање во оптек на кованите пари во готовинскиот платен промет на Република Македонија во важност ќе бидат паралелно и банкнотите во апоени од 10 и 50 денари издадени според Одлуката за издавање, апоенска структура и основни белези на книжни пари („Службен весник на Република Македонија“ бр. 45/96) и Одлуката за издавање банкноти во апоени од 10, 50 и 100 денари со изменети белези („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/01).
http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=920E3426CF889843ACCC50D955B20863 претпоследен параграф
И? Што значи сега ова? Ќе падне денарот или не?
 
Денарот не е оној кој беше пред неколку години, општо гледано не само денарот, парата не вреди веќе, цените на се се дуплираа, некој беа спремни од поодамна како на пример Еу, но ние чекавме до последен момент...

во денешно време ако порано ти стигаа 200 еура за живот, сега не ни стигаат ни 400 еура за врзување крај со крај... катастрофалната економска политика на владата си го направи своето
Тогаш би требало да има критики од европските педофили,а не За економијата плус, за политиката минус.:toe:
Во секој случај, ќе си зачестам со купување со картичка.
Па можда тоа е и една од целите на ова воведување кованици од 10 и 50 денари.
 
Последиците од финансиската криза во Македонија очекувајте ги следната година, за која се верува дека е една од најтешките во последниве 50тина години.

Ќе треба многу работи да се изменат во досегашните прирачници и учебници на кои е базирана американската и западно европската школа, меѓудругото самите американски врвни економисти си ја признаа грешката.
 
Мислам дека ова со Кованите пари може само да ја забрза девалвацијата и да ја зголеми инфлацијата поради психолошкиот притисок кој со себе го носат кованите пари (иако тоа не мора да се случи). Трговскиот дефицит ни е многу голем, мала земја сме и многу потешко ја поднесува кризата во светот (не сме ко американците и да одвоиме 700 милијарди за санација, ццц со тие пари ќе живееме 350 години).

Ова со кованите пари со поголема вредност е идеа стара неколку години, незнам зошто сега се дури се носи одлука за вакво нешто бидејќи моментот не е најпогоден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom