Друштвени игри (Board Games) во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Exvareon
  • Време на започнување Време на започнување
Како ти се гледа Sprit Island после година дена? :D
Има ли добар replayability?
Се мислам да ја земам, ама немам никој во друштво што ја има пробано.
Уф, имав рејџ квит со оваа еднаш, а само што беше почнал кругот. Знаеш дека редење масата е лошата страна на борд игриве, па замисли после цел труд редење да се испровоцираш и пак да собереш сѐ назад.

:pos:

Ја изигравме едвај пет пати годинава само бидејќи се оставивме со денови и денови во Baldurs Gate 3 и не остануваше многу простор за други борд игри, но од тие неколку пати секогаш ми беше тешко да се присетам на правилата на почетокот а и тоа што секогаш со различен карактер играв - ептен бавен сетап/старт ми имаше мене Spirit Island во споредба со некои други. Гејмплејот е добар, играте (заедно) како природни сили против колонизатори (играта). Бара планирање неколку чекори напред и многу комуникација бидејќи ако не се надополнувате (одбрана и напад најчесто) играта е многу потешка. Колонизаторите градат и се шират и уништуваат - зависно од рнг, а се и многу агресивни поради што убаво размислувавме за секој чекор. Карактерите што се играат треба со страв и елементарни непогоди да ги натерат колонизаторите да се откажат од островот. Доста се креативни и интересни за играње, но имаат степен на комплексност. Колку покомплексен карактер изберете толку е потешка играта и иако мене ми е поинтересно борд кога е покомплексно (high risk high reward комбоата ми се мене фикс), убаво е што така ја балансираат и може да бирате како сакате да играте и комбинирате.

Ако добро се сеќавам еднаш само победивме. Јас сакам уште да ја играм, од мене имаш препорака. Тука полесно се прават избори за купување бордигри бидејќи после лесно се препродаваат. Има неколку што сакам да ги начекам користени, еднаш двапати и ги нудат, но само на локален јазик ги имам начекано.
 
Супер!

По тоа што сум гледал по review-a, баш таква изгледа играва. Дека има доста комплексност и треба добро да се планира кој како ќе игра. Тоа што има многу spirits е делот што најверојатно ќе ја прави играта различна :D

Си играл ли нешто друго cooperative-но? Јас од такви игри имам само Gloomhaven (не е популарна со жените во групата што играме :D) и Arkham Horror. Arkham Horror е топ, ама го имаш делот кај што треба да се креираат шпилови, па да се одреди кој што да игра итн... Не е игра која можеш да седнеш и да изиграш една партија. Треба да почнеш цела кампања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom