Друштвени игри (Board Games) во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Exvareon
  • Време на започнување Време на започнување
Како ти се гледа Sprit Island после година дена? :D
Има ли добар replayability?
Се мислам да ја земам, ама немам никој во друштво што ја има пробано.
Уф, имав рејџ квит со оваа еднаш, а само што беше почнал кругот. Знаеш дека редење масата е лошата страна на борд игриве, па замисли после цел труд редење да се испровоцираш и пак да собереш сѐ назад.

:pos:

Ја изигравме едвај пет пати годинава само бидејќи се оставивме со денови и денови во Baldurs Gate 3 и не остануваше многу простор за други борд игри, но од тие неколку пати секогаш ми беше тешко да се присетам на правилата на почетокот а и тоа што секогаш со различен карактер играв - ептен бавен сетап/старт ми имаше мене Spirit Island во споредба со некои други. Гејмплејот е добар, играте (заедно) како природни сили против колонизатори (играта). Бара планирање неколку чекори напред и многу комуникација бидејќи ако не се надополнувате (одбрана и напад најчесто) играта е многу потешка. Колонизаторите градат и се шират и уништуваат - зависно од рнг, а се и многу агресивни поради што убаво размислувавме за секој чекор. Карактерите што се играат треба со страв и елементарни непогоди да ги натерат колонизаторите да се откажат од островот. Доста се креативни и интересни за играње, но имаат степен на комплексност. Колку покомплексен карактер изберете толку е потешка играта и иако мене ми е поинтересно борд кога е покомплексно (high risk high reward комбоата ми се мене фикс), убаво е што така ја балансираат и може да бирате како сакате да играте и комбинирате.

Ако добро се сеќавам еднаш само победивме. Јас сакам уште да ја играм, од мене имаш препорака. Тука полесно се прават избори за купување бордигри бидејќи после лесно се препродаваат. Има неколку што сакам да ги начекам користени, еднаш двапати и ги нудат, но само на локален јазик ги имам начекано.
 
Супер!

По тоа што сум гледал по review-a, баш таква изгледа играва. Дека има доста комплексност и треба добро да се планира кој како ќе игра. Тоа што има многу spirits е делот што најверојатно ќе ја прави играта различна :D

Си играл ли нешто друго cooperative-но? Јас од такви игри имам само Gloomhaven (не е популарна со жените во групата што играме :D) и Arkham Horror. Arkham Horror е топ, ама го имаш делот кај што треба да се креираат шпилови, па да се одреди кој што да игра итн... Не е игра која можеш да седнеш и да изиграш една партија. Треба да почнеш цела кампања.
 
Да, знае да бара внимание, си има своја философија. Покомплексните spirits се и прилично слаби на почеток и другите треба да потпрат. Дефинитивно има replayablitiy според мене.

Не сме играле многу ко-оп, мојата е задоволна од Gloomhaven бидејќи ја научи како работи turn based role playing кампања и беше многу полесно после да играме BG3. За ко-оп повеќе се потпираме на видео игри како баш BG3, Takes Two, Split Fiction, Unravel а и повеќето puzzles ги играме заедно како побрзи и поинтерактивни. Arkham ја имам во wishlist од лани кога ја спомна бидејќи ме привлекуваат кампањи. Но, сакам и Wingspan евентуално да ја пробам, на пример.

Следен проект ми е да пробам со АИ компанион, еве гпт вика можел да биде и game master и rule lawyer за Spirit Island:

IMG_4309.jpeg

Оправдување е само дека сите пријатели ми се социјални екстроверти, кај мене на работа има секоја недела собиранка од обично 10 до 20 луѓе и се играат 2-3 различни борд игри. Се приклучив, но ете ниту еднаш не сум останал после работа. А е супер шанса да се пробаат многу игри бидејќи едната е секогаш некоја нова.

Ај, уште малку да залади и се отвара сезоната. Откако стопли најблиску до друштвена игра ми е пијани во паб јенга. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom