Другарство, па љубов, па пак другарство. Дали е можно?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Ne znam zosto no preziram papucari kako tebe,nisto licno:uvo:

хахахахаха, само ме насмеа, ако ти тоа го рачунаш за папучар тогаш ќе те утешам НЕ СУМ ЕДИНСТВЕН, хахаха...

п.с. само ако не си информирана, во поново време повеќето луѓе и по врска остануваат другари, зошто, зашто конечно некои сфатија оти другарството е повредно од се на светов... отколку губење на некоја мила и драга личност од својот живот... ако ти пример си повеќе по губењето никој не ти е крив, а некој како мене што другарството го обзема и без кое неможе да живее и кое му значи полно, одлучува и понатаму да другарува со таа личност, макар и лошо да прошле во врската или пак токму спротивното...
сепак секој со свое право:smir:
НИШТО ЛИЧНО!!! хехехехе

знаеш некои луѓе остануваат на тоа од порано, идев со него и немам веќе ни здраво со него... па не ме чуди ова со тебе...

кај мене, другарство со љубовна врска, едно со друго заедно не се поклапаат, другарство ти е едно, а веќе љубовна врска ти е сосема друго... ако не веруваш дека е така, побарај дефиниции по нет, или по некој речник за тие два поима :smir:
кај мене иде другарството, ако прерасне во љубовна врска, тогаш уште толку ќе се израдувам (нормално ако ја сакам/засфиѓам) притоа другарството прераснува во љубовна врска, ако таа љубовна врска има проблеми и се раскине, не гледам зашто би прекинало другарството, зашто на другарска база немаме ништо чепнато-расправано, туку во љубовната врска се' се дешавало тоа, значи, јас ќе си терам со другарството, а љубовната врска ќе ја прекинам:smir:

Само кој како си го сфаќа тоа, се е во зависност од виугите и двоењето на работите во животот:smir:

Поздрав од "папучарот":smir: хахаха

п.с. фала што ми го разубави денот уште толку... и така ми беше весел, сеа уште толку ми е... хахахахаха
 
Другар - дечко - мозе да биде... али од дечко и пак другар .. уффф тешка работа барем зборам од искуство
 
Зависи сепак од тоа кој како ќе си ја нареди работата :)
мариче, тешко но со многу голема желба ќе успее... :)
 
Зависи сепак од тоа кој како ќе си ја нареди работата :)
мариче, тешко но со многу голема желба ќе успее... :)

Овде си во право.Ако има (голема) желба од двете страни - може, зошто да не.
 
Не треба само желба,се зависи и од начинот на кој двајцата раскинале.

Инаку во пријателство,добри односи и слично да, верувам - ама во ДРУГАРСТВО, НЕ!!!
 
Овде си во право.Ако има (голема) желба од двете страни - може, зошто да не.

За секоја желба треба и жртва... така да... и двајцата мора да се жртвуваат, јако и вистинско да го посакаат тоа во својот живот и да се жртвуваат за тоа за да можат да ја постигнат целта...

п.с. од лично искуство ви кажувам :)
 
За какво жртвување збориш?
Што треба да се жртвува за да го задржиш другарството со некоја личност?

Не треба само желба,се зависи и од начинот на кој двајцата раскинале.

Инаку во пријателство,добри односи и слично да,верувам - ама во ДРУГАРСТВО, Не!!!

Мислиш дека некој што те сакал искрено не може да ти биде вистински другар?
Напротив, најдобар другар може да ти биде.
 
За какво жртвување збориш?
Што треба да се жртвува за да го задржиш другарството со некоја личност?

Мислиш дека некој што те сакал искрено не може да ти биде вистински другар?
Напротив, најдобар другар може да ти биде.

Па пример, може едната страна сеуште ја сака личноста на љубовен начин, па ќе мора да намали со чувствата и слични ситуации... и да ги воведе на другарски план :)

Друга ситуација е *надворешните муабети во врска со тоа

*надворешни - другари/ки, општество...

А за второто болдирано тотално точно... :)
 
Па пример, може едната страна сеуште ја сака личноста на љубовен начин, па ќе мора да намали со чувствата и слични ситуации... и да ги воведе на другарски план :)

Друга ситуација е *надворешните муабети во врска со тоа

*надворешни - другари/ки, општество...

Вака сега, чувствата ќе мора да ги намали и да не останат другари.Мора да бара нова личност, не може и после раскинувањето да негува поинакви чувства од другарски.Мислам, може, ама кога-тогаш ќе мора да се збогува со таа љубов, зашто тоа било и поминало.
Значи, таа жртва не се важи.:)

А тоа за надворешните муабети....вреди ли да се замарам за тоа што ќе мислат/зборуваат другите? Ноу веј.:)
 
Мислиш дека некој што те сакал искрено не може да ти биде вистински другар?
Напротив, најдобар другар може да ти биде.

Па на најдобар другар ја му кажувам и љубовни маки и се. Сигурно дека на бивш дечко кој многу сум го сакала или сум имала чувства нема да му кажувам со кој сум се смувала или кој ми се свиѓа. Едноставно не би ми било пријатно. Може уствари, ама да поминат години.

Има една реченица која пред некое време и ја постирав на темава:

Ако двајца по раскинувањето се другари - или никогаш не се сакале или љубовта никогаш не згаснала.
 
Вака сега, чувствата ќе мора да ги намали и да не останат другари.Мора да бара нова личност, не може и после раскинувањето да негува поинакви чувства од другарски.Мислам, може, ама кога-тогаш ќе мора да се збогува со таа љубов, зашто тоа било и поминало.
Значи, таа жртва не се важи.:)

А тоа за надворешните муабети....вреди ли да се замарам за тоа што ќе мислат/зборуваат другите? Ноу веј.:)

Нормално не вреди... и ја се согласувам и исто така не ме интересираат, но што се случува ако веќе стварно почнат да гушат со тоа?! Зарем и понатаму ќе се ќути?! Ја игнорирам, не се замара, и не ми е грижа до некоја граница, но после тоа преземам веднаш нешто за да се смират разговорите...
 
Ако двајца по раскинувањето се другари - или никогаш не се сакале или љубовта никогаш не згаснала.

Хмм...значи, не постои трета опција-љубовта престанала, исчезнала...Или имало или немало...
Како да третава опција нема шанси да се случи...Глупаво е, според мене.
 
Може но само доколку престанат чувствата од двете страни, доколку едната страна чувствува љубов, пријателството би било уништување за тој што чувствува љубов...
 
Хмм...значи, не постои трета опција-љубовта престанала, исчезнала...Или имало или немало...
Како да третава опција нема шанси да се случи...Глупаво е, според мене.

Хм и јас не се согласувам тотално, ама сепак држи вода.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom