Другарска љубов меѓу машко и женско... има или слабо?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Полека, не се возбудувај. Можеме да читаме и букви со нормална големина на фонтот и да ја сфатиме пораката на напишаното :)

Не се возбудувам, можеби претерав со буквите ок е... :smir:

Е сега...
Делата и постапките понекогаш немаат врска со мислите на човекот (и обратно).

Точно дека немаат врска со мислите, меѓутоа ние не се знаеме неколку години... ако имало до сега нешто ќе излезело на виделина...

Ако ги ставате на исто рамниште другарството машко-женско и женско-женско, значи ли тоа дека слободно можеш да се соблечеш по прслук и по гаќи пред него и да си сигурна дека другарот скришно со јазикот не се облизнал? (тука не спаѓа случајот ако не го привлекуваш)

Е сега вака ќе ти објаснам. Да не бидам досаднано ќе повторам уште еднаш:smir: заедно израснавме. заедно одевме на училиште итн. Сакам да кажам дека јас и он сме толку блиски што нашата врска е повеќе како на брат и сестра. И немало симпатии „и мисли“ низ главата токму поради тоа што од мали сме биле како брат и сестра. А тоа за градникот и гаќите, па толку пати сме оделе на одмор заедно и ме има видено по купаќи (не ли е тоа исто), и не се облизнувал скришно, и точно не го привлекувам , затоа што ме гледа со други очи :icon_lol: :smir: . Друго е другарството помеѓу машко и женско отколку женско и женско. Јас имам две поблиски другарки меѓутоа тоа другарство не се споредува со другарството меѓу мене и другар ми. Сосема е различно кога ќе добиеш совет од другар за дечко и обратно. Учиш многу за спротивниот пол, и поинаку гледаш на работите. И двајцата имаме стабилни врски, и ниту мојот дечко ( признавам на почетокот не му беше јасно, но потоа согледа колку е цврсто другарството меѓу нас), ниту девојката на другар ми, не прават проблем околу нашето другарство. Дечко ми ми има сто пати кажано дека токму поради тоа другарство јас подобро ги разбирам машките и поинаку постапувам кон него отколку неговите претходните девојки... Нема врска да не тапам, и така некој никогаш нема да свати, некој ќе се обиде... а тие што имаат за другар ( во права смисла на зборот), личност од спротивниот пол знаат за што зборувам...:smir:
 
Прво - не тапиш, си дискутираме и кој не сака да чита и сме му досадни, има и други теми да си разгледува.

Второ - Во врска со мислите... И самата се познаваш онолку години колку што имаш, но дали секоја мисла што ти се завртила (општо зборувам) излегла на виделина? Не верувам:)

Ти претходно колку што се сеќавам никаде не спомна дека и двајцата си имате партнери.
Е... Другарска љубов во вистинска смисла на зборот можеби може да се развие доколку (барем) едниот е непривлечен за другиот (не затоа што поинаку те гледа, туку затоа што навистина не си му убав/а, го/ја привлекуваат поинакви личности) и доколку и двајцата си сакаат друга личност.
Така, кај тебе најверојатно си се исполнети овие услови:smir:

Ако правиме муабет за другарство во вистинска смисла на зборот, тогаш другарство си е другарство, не знам зошто велиш: „Друго е другарството помеѓу машко и женско отколку женско и женско“. Чувството за вистинско, чисто и ослободено од било какви „задни намери“ другарство не би требало да доаѓа според полот, нели?:) Што е друго? Или можеби заради (наводно) подоброто разбирање на мажите? Од кога другарот може да биде фактор за подобро разбирање на мажите? Од каде може да знаеш дали ти (која велиш дека имаш другар) повеќе ги разбираш од мене (која велам дека немам другар)?
Ти препорачувам да ја разгледаш малку темава од почеток. Ќе забележиш колку мажи на форумов пишале дека си имаат другарка, но некогаш им се свртеле „нечисти“ мисли во главата. Каде е тука она „подобро ги разбирам мажите“? :)
И според муабетов како да велиш дека сите се исти. За да ги разбираш подобро сите - сите треба да бидат исти:smir:


Која ми е поентата? Верувам само во блиско пријателство меѓу машко и женско, а за другарство со машко никогаш не би била ослободена до крај, секогаш ќе ми стои некоја резерва „што ако му забегаат мислите“. А штом се појавува резервираност или нецелосна доверба во врска со ова (која никогаш не ми се појавува спрема другарките), тогаш тука не може да се зборува за искрено, верно и вистинско другарство. Разликата меѓу близок пријател и другар е само во она - првиот можеби некогаш ќе ти мисли „лошо“, а вториот не би ти мислел никогаш (само во случаи кои ги наведов погоре).


И уште нешто. Не е исто да те гледа по купаќи и да те гледа по чипкана долна облека :icon_lol:


Ах, ми изгледа како да им се вратив пак на долгите постови. Тоа ме загрижува :icon_lol:
 
Vidi imam drugar od detstvo sme zaedno nikogas nema da pomislam da imam nesto so nego a sme mnogu bliski, tocno e deka ne mu izleguvam po dolna obleka ama mislam deka i da mu izlezam nistro nema da se sluci, znam se za nego isto kako sto i toj znae se za mene.
Vaznoto e deka jas nego go gledam kako brat a malku mi e preverzno da razmisluvam za brat na seksualen nacin, zatoa mislam deka nikogas nema da mi se svrtat "necisti" misli vo glavata isto kako i nemu.
 
Која ми е поентата? Верувам само во блиско пријателство меѓу машко и женско, а за другарство со машко никогаш не би била ослободена до крај, секогаш ќе ми стои некоја резерва „што ако му забегаат мислите“.

И што ако му забегаат мислите? Ќе му помине :) Вистинско другарство не се руши така лесно.
 
И што ако му забегаат мислите? Ќе му помине :) Вистинско другарство не се руши така лесно.
Се сложувам дека не се руши така лесно, ама ако е вистинско другарство нема да му забегаат мислите.
Ќе му помине, но кој гарантира дека повторно нема да му се појават?
Кога веќе некој ќе добие чувство кое е надвор од другарство, тогаш се преминува на некоја друга страна. Ако некој ме привлекува, тогаш тука нема никаква можност меѓу нас да има другарство.
Не реков дека би се прекинало дружењето, но затоа, пак, не можам да го наречам тоа другарство (бидејќи зборот за мене има друго значење) и затоа велам блиско пријателство.
Колку грди другарки имам, верувајте можно е пријателство:)
Ова е веќе нешто друго:pos2:
Девојка која ти е тебе убава секако дека нема да ја гледаш како другарка.
 
..

Ова е веќе нешто друго:pos2:
Девојка која ти е тебе убава секако дека нема да ја гледаш како другарка.

Абе и претходно имам напишано.
Не гледам што е лошо во тоа да се има секс со другарка, зошто не би ти останала како таква.
За мене сексот е ко да играме тенис, дај ми го на ти го од време на време, не гледам зошто би нарушил пријателство?
и од друга страна греота е да не се изебат луѓе кои си се допаѓаат.
Не на нас, на Универзумот ќе му е криво.
 
Во мојот свет другарска љубов меѓу машко и женско НЕ ПОСТОИ.
Лично јас пред 5/6 години со девојче кое ми беше најдобра другарка како помали,кога пораснавме имав врска од 2 и пол години.
 
Абе и претходно имам напишано.
Не гледам што е лошо во тоа да се има секс со другарка, зошто не би ти останала како таква.
За мене сексот е ко да играме тенис, дај ми го на ти го од време на време, не гледам зошто би нарушил пријателство?
и од друга страна греота е да не се изебат луѓе кои си се допаѓаат.
Не на нас, на Универзумот ќе му е криво.

да, ама за вас машките а не и за нас женските. ја верувам дека ПОСТОЕ другарство меѓу машко и женско. дури мислам дека некогаш некој од спротивнио пол може да ти биде подобар другар отколку некој од твојо пол. тие шо се од твојо пол можат да ти помогнат, ама треба да има кој да ти каже и како размислува другио пол. ја имам другарки шо знаат се за мене, ама имам и такви другари шо никогаш не сум ги гледала со други очи, ни па они мене. Sunenergie ја сум на твоја странааааа :)
 
Не верувам во другарство и другарска љубов меѓу машко и женско зошто секогаш се случува некој да мисли на нешто повеќе..Почувствував нешто такво пред да го запознаам поубаво и да сфатам уствари колку губам ако направам нешто повеќе со него од тоа што може да ми го даде!Сега ми е како братче значи пак не е другарска љубовloly:Го сакам ептен и тука е кога ми треба,ми кажува мислења од машки аспект и до сега многу ми помогнал,секако како и јас нему!Прекрасна личност е,го ценам и сакам и секогаш ќе биде така.Од моја страна нема да се случи ништо никогаш повеќе од љубов меѓу брат и сестра (најискрена силна љубов)!Среќна сум што постои бидејќи е единственото машко што по брат ми и делумно татко ми што го сакам толку многу...Фала што постоиш Маркоbrm:
 
Немам најдобра другарка...Ама мислам дека кога би ја имал(не дај боже да е згодна некоја,јас у пубертет) ќе збеснам,нема да функционира :)
 
Постои, изводливо е, супер е да е да се има женско другарка.
Имам повеке и си ги рачунам ко другарки на кои би и се исповедил се`, значи и верувам.. нормално кога ке облечат нешо секси или сл. добивам фантазии ама кој не.
иначе постои, не сведувајте се на секс бе :icon_lol:
 
~*~

Постои, изводливо е, супер е да е да се има женско другарка.
Имам повеке и си ги рачунам ко другарки на кои би и се исповедил се`, значи и верувам.. нормално кога ке облечат нешо секси или сл. добивам фантазии ама кој не.
иначе постои, не сведувајте се на секс бе
:icon_lol:

Претежно луѓето се склони кон остварување на своите фантазии, односно мисли, што значи без разлика дали некој јавно би признал или би ја потиснал идејата за нејзините гради во неговите раце, сепак е факт таа се појавила како таква.
Пријател не е личност која што ја замислуваш во садо-мазо костим (опционално е ова), што значи на крајот повторно многу од работите се сведуваат на секс.

Разликата сонце е во самоконтролата, во тоа колку една персона ти е важна за да ја задржиш во својот живот.Ако некој ти е премногу битен, го активираш црвеното копченце за спречување на ерекција во главата и го вртиш погледот на другата страна, а не кон нејзиното деколте!
 
Хаха ај ти да го стиснеш копчето црвено за ерекција на мое место ако си...
Не е така лесно верувај...Богами ако си опкружен со секси другарки :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom