Постои.
Во мојов живот имам само 4 многу блиски другарки ( тетовчанка- работи Дубаи, една од Дојран, а другите 2 се штипјанки ), тоа се женски кои се облекуваат спортски како мене , значи нема лигавење , нема разголување ,плус нив ги интересира работа и само работа , ептен ми одговараат , не ме замараат со банални муабети.
Што се однесува до блиски другари, значи зборам за блиски другари со кои се знам многу години и ме знаат каква сум како личост , имам 8: двајца од Штип, еден од Велес- работи во Германија , еден од Гевгелија , 3 албанци од Тетово , еден од Прилеп кој работи во Ирак.
Значи тоа се тие 12 пријатели кои секогаш се достапни за мене , посебно кога им се жалам и им плачам на Скајп во тешки периоди , сета поддршка , нивното време кое го одделуваат за мене , зафркавање и помагање на било кој начин.
Секогаш ќе им бидам безрезервно благодарна на оние кои не ме гледаат од корист , бидејќи во денешно време е многу тешко да се склопи некое ново пријателство кое ќе остане на база пријателство и ништо повеќе.
https://youtu.be/T_lh5fR4DMA