Дрога ( Наркотични дроги )

  • Креатор на темата Креатор на темата Southpark
  • Време на започнување Време на започнување
Хехе, фала што ме просветли, но зависноста не е болест. Болест е кога си имаш физички недостаток разбираш? Доколку си здрав, а си зависен, ти имаш проблем, а не болест. Ако сфати ок, ако не продолжи понатака :)
Зависноста се категоризира како болест (во категорија невротски пореметувања, пореметувања на личноста и други непсихотични ментални пореметувања).
Инаку, деновиве слушнав и за една друга програма за лекување на зависници, Покров, во Струмица. Функционира како комуна, ми кажаа дека била една од ретките програми каде што работат навистина стручни лица и биле прилично успешни. Ова чисто како информација ако некој ја отвори темава од такви побуди (се надевам има и такви читатели).
Едит: во однос на твојот концепт болест vs „проблем“, нелогичен е. Зависноста официјално е категоризирана како психичка болест и согласно тоа се лекува со различни методи. Клучниот момент во лекувањето е тоа што ти го објаснуваш, менувањето на психичката состојба. Но, само поради тоа што нема лек (апче, инекција, сируп, шо-да-е) не значи дека е „проблем“.
И не е оф-топик ако некој е скептичен кон програмата ;)
 
Последно уредено:
Единствено проверено лечење од зависност јас го признавам е една руска установа во Белград.
Ја менуваат крвта кај зависникот и ги неутрализираат чувството на среќа од дрога и коцка.
Жив пример имам комшија кој повеќе од 15 години е одкажан од овие работи и нема ни намера да се повтори затоа што дрогата не му делува веќе како што му делувала пред тој третман.
 
Менување на крвта?
 
Зависноста се категоризира како болест (во категорија невротски пореметувања, пореметувања на личноста и други непсихотични ментални пореметувања).
Инаку, деновиве слушнав и за една друга програма за лекување на зависници, Покров, во Струмица. Функционира како комуна, ми кажаа дека била една од ретките програми каде што работат навистина стручни лица и биле прилично успешни. Ова чисто како информација ако некој ја отвори темава од такви побуди (се надевам има и такви читатели).
Не знам само кој тоа ја каректиризира зависноста како болест, можеби психијатрите кои се бават со псевдонаука? Оф топик, сите сме зависни од вода, нели без неа не можеме да живееме, дали тоа значи дека сите се болни?
 
Психијатрите се бават со псеудонаука? :confused:
Медицината ја карактеризира зависноста како болест. Последен пат кога проверив, меѓународната класификација на болести беше порелевантна од random концепции за животот.
Но ако тебе ти е полесно да ја согледуваш како проблем, ок, whatever floats your boat.
 
Медицината и нејзиното одредување на болести и препишување на апчиња мене ме кошташе многу во животот, затоа не верувам многу многу на психијатрите и нивните дијагнози и начини на лечење. Некој можда си видел арно од сето тоа, на некого можеби му одговара да шета издрогиран од апчиња, јас сакав живот и го добив. За мое повторно живеење сум си заслужна самата јас со помош на моите најбилски, тоа е она во кое што верувам.
 
Твоето верување или неверување немаат никаква врска со меѓународно прифатената класификација на зависностите (дрога, алкохол, коцка).
Секако, драго ми е што си излекувана, почитувам секој кој успеал да се спаси од тоа, без разлика на методата.
Но, некако многу апстрактно зборуваш на темата, ниеднаш не спомна, каква дрога конкретно користеше? Што беше клучниот момент за да се освестиш и да престанеш?
 
Моето мислење не е само мое мислење, туку е подржано од некоја страна, па затоа е и оформено како такво.
Како што кажав погоре сум користела алкохол, марихуана, кокаин и апчиња. Клучниот момент за мое освестување беше кога бев на медицинска дрога и бев во многу полоша состојба отколку кога бев на кокаин, апчињата што ми ги препиша докторот ме умртвија, едноставно се уништував, гледаш околу тебе све се распаѓа, све што си сакал да успееш се упропастува, премногу ги повредував блиските и не можев да издржам веќе со тоа темпо, знаев дека морам нешто да сменам и тогаш им признав дома дека е вистина тоа што тие веќе знаеа и гледаа. Им кажав дека сум спремна доколку сакаат да ми помогнат и пристапив кон програмот.
 
Точно дека "деца не се дрогирајте" не е доволно да не се посегне по дрога. Важно е децата и возрасните да се едуцираат за штетните ефекти кои ги предизвикува дрогата за да не дојде до нејзино конзумирање воопшто, а не да се едуцираат како да ја користат. Апсурдно е. Воедно е и многу просто, човек кој што има некој проблем во животот, а не може да го реши посегнува по дрога или алкохол. Така почнав и јас, најпрвин земаш да пробаш, па викаш дека не е ништо, па мислиш дека можеш да живееш со неа и да ја контролираш, мислиш дека можеш да земеш кога сакаш, колку сакаш и дека ќе престанеш кога ти сакаш, но работите не се такви какви што мислиме. Дрогата што ја внесуваме останува заглавена во масното ткиво на организмот и таму може да остане со години, тие остатоци од дрогата всушност ја ствараат физичката зависност. Менталната зависност е нешто друго, односно мислам дека се однесува на тоа човек да осознае дека всушност не му треба дрога за да си помине добро на журка или да фати девојка или да заспие или да ја преброди лошата ситуација (зависи за каков случај се работи), за да ги осознае овие работи човек мора да биде на високо ниво на свесност, што сигурно не се постигнува со конзумирање дрога (со конзумирањето дрога и алкохол се намалува нивото на свесност). Доколку некој не сака да се оштети, не треба ни да почне со земањето дрога. Јас ќе ги набројам негативни ефекти што се одразија кај мене на почетокот. Најпрвин почнав да го запоставувам учењето, почнав да не спијам редовно, да не јадам редовно, да не се грижам за себе, не водев лична хигиена и не се грижев за просторот во кој живеам и за луѓето со кои живеам, бев егоист, бев манипулатор, гледав само да извлечам пари, почнав да лажам и крадам, ослабев, ми ослабе имунитетот, многу често бев болна, имав слаба крвна слика(бев анемична), ми се појавуваа мозолчиња по цело тело, имав тешко заболување на јајниците, ми заболеја синусите, често ми течеше крв од носот, секоја можен вирус јас го прележував, имав болки во коските, немав енергија. Психички бев растргната, не свесна, агресивна, често во депресија и не бев во можност да ги контролирам мислите. Накратко ова се случуваше кај мене.

Иначе колку што разбрав другар ти дома го "лечеле", па затоа мислам дека и се вратил повторно на дрога. За да се изврши детоксикација на телото од заглавените токсини треба да се мине цел процес следен од лице компетентно во таа област и да се следат точно определените чекори. Јас мојата детоксикација ја завршив за 70 дена - тоа е се плански изведени чекори со внесување на посебно количество на витамини и минерали (за да се надохнадат витамините и минералите кои дрогата ги уништила во организмот), вода и потење во сауна (за да се исфрлат токсините надвор).
Доколку едно лице не пријде кон ослободување од остатоците на дрогата во сауна потребно е да поминат 9 години и во тој период тој да не конзумира дрога, за да биде чист.

Зарем? Овие негативни ефекти се кај класичен тешко навлечен хорсаш, а ти како што кажа - не си земала тоа. Да не е од травата ова? :D
И да, не значи дека само лицата кои имаат проблеми во животот посегнале по дрога. Нема никаква врска, зарем никој не смее да експериментира?

Сумлива си, валда тролаш. Ова шо го кажа досега, мислам само дека го рекламираш ова Нарконон или како и да се викаше. Џабе е, јас лично не верувам во вакви програми и слични глупости. Да имам другар или роднина( а сум имал) никогаш нема да го носам на вакви програми, терапии. А ако се лечеше за 70 дена од хорс, па сите ќе се излечеа и ќе немаше зависници. Само да беше така лесно, ех :)
А ти, не кажа сеуште од што поточно си била зависна, ти кажа само што си замала. Е исто како на рекламите, за против дрога(истата приказна секогаш) :

- На 14 год. почнав со марихуана, па после сакав нешто појако, па на крај се навлеков на хероин, па не бев свесен за тоа блаблабла.... Престанав да учам, почнав да крадам, избегав од дома, и сите ја знаеме оваа прича :)

Инаку сметам дека во денешно време, со интернет и достапност на сите информации за сите дроги, само ГЛУП човек може да се навлече или да забега.
Па затоа е најбитна ЕДУКАЦИЈАТА за ваквите работи.[DOUBLEPOST=1432770645][/DOUBLEPOST]
Единствено проверено лечење од зависност јас го признавам е една руска установа во Белград.
Ја менуваат крвта кај зависникот и ги неутрализираат чувството на среќа од дрога и коцка.
Жив пример имам комшија кој повеќе од 15 години е одкажан од овие работи и нема ни намера да се повтори затоа што дрогата не му делува веќе како што му делувала пред тој третман.

Блокатори се викаат тие. Ако мислиме на истата ствар
 
Последно уредено:
Менување на крвта?
Да им го прават тоа на сите пациенти кои се на лечење кај нив. И им ги уништуваат центрите за задоволство од дрога или коцка.[DOUBLEPOST=1432784518][/DOUBLEPOST]
Блокатори се викаат тие. Ако мислиме на истата ствар
Точно.
 
Ало, ова е сериозна тема!
feedtroll.gif
 
Зарем? Овие негативни ефекти се кај класичен тешко навлечен хорсаш, а ти како што кажа - не си земала тоа. Да не е од травата ова? :D
И да, не значи дека само лицата кои имаат проблеми во животот посегнале по дрога. Нема никаква врска, зарем никој не смее да експериментира?

Сумлива си, валда тролаш. Ова шо го кажа досега, мислам само дека го рекламираш ова Нарконон или како и да се викаше. Џабе е, јас лично не верувам во вакви програми и слични глупости. Да имам другар или роднина( а сум имал) никогаш нема да го носам на вакви програми, терапии. А ако се лечеше за 70 дена од хорс, па сите ќе се излечеа и ќе немаше зависници. Само да беше така лесно, ех :)
А ти, не кажа сеуште од што поточно си била зависна, ти кажа само што си замала. Е исто како на рекламите, за против дрога(истата приказна секогаш) :

- На 14 год. почнав со марихуана, па после сакав нешто појако, па на крај се навлеков на хероин, па не бев свесен за тоа блаблабла.... Престанав да учам, почнав да крадам, избегав од дома, и сите ја знаеме оваа прича :)

Инаку сметам дека во денешно време, со интернет и достапност на сите информации за сите дроги, само ГЛУП човек може да се навлече или да забега.
Па затоа е најбитна ЕДУКАЦИЈАТА за ваквите работи.[DOUBLEPOST=1432770645][/DOUBLEPOST]

Блокатори се викаат тие. Ако мислиме на истата ствар
Извини ти што коритеше па знаеш како се одвиваат работите и како е каj секого?
 
Точно дека "деца не се дрогирајте" не е доволно да не се посегне по дрога. Важно е децата и возрасните да се едуцираат за штетните ефекти кои ги предизвикува дрогата за да не дојде до нејзино конзумирање воопшто, а не да се едуцираат како да ја користат. Апсурдно е. Воедно е и многу просто, човек кој што има некој проблем во животот, а не може да го реши посегнува по дрога или алкохол. Така почнав и јас, најпрвин земаш да пробаш, па викаш дека не е ништо, па мислиш дека можеш да живееш со неа и да ја контролираш, мислиш дека можеш да земеш кога сакаш, колку сакаш и дека ќе престанеш кога ти сакаш, но работите не се такви какви што мислиме. Дрогата што ја внесуваме останува заглавена во масното ткиво на организмот и таму може да остане со години, тие остатоци од дрогата всушност ја ствараат физичката зависност. Менталната зависност е нешто друго, односно мислам дека се однесува на тоа човек да осознае дека всушност не му треба дрога за да си помине добро на журка или да фати девојка или да заспие или да ја преброди лошата ситуација (зависи за каков случај се работи), за да ги осознае овие работи човек мора да биде на високо ниво на свесност, што сигурно не се постигнува со конзумирање дрога (со конзумирањето дрога и алкохол се намалува нивото на свесност). Доколку некој не сака да се оштети, не треба ни да почне со земањето дрога. Јас ќе ги набројам негативни ефекти што се одразија кај мене на почетокот. Најпрвин почнав да го запоставувам учењето, почнав да не спијам редовно, да не јадам редовно, да не се грижам за себе, не водев лична хигиена и не се грижев за просторот во кој живеам и за луѓето со кои живеам, бев егоист, бев манипулатор, гледав само да извлечам пари, почнав да лажам и крадам, ослабев, ми ослабе имунитетот, многу често бев болна, имав слаба крвна слика(бев анемична), ми се појавуваа мозолчиња по цело тело, имав тешко заболување на јајниците, ми заболеја синусите, често ми течеше крв од носот, секоја можен вирус јас го прележував, имав болки во коските, немав енергија. Психички бев растргната, не свесна, агресивна, често во депресија и не бев во можност да ги контролирам мислите. Накратко ова се случуваше кај мене.

Иначе колку што разбрав другар ти дома го "лечеле", па затоа мислам дека и се вратил повторно на дрога. За да се изврши детоксикација на телото од заглавените токсини треба да се мине цел процес следен од лице компетентно во таа област и да се следат точно определените чекори. Јас мојата детоксикација ја завршив за 70 дена - тоа е се плански изведени чекори со внесување на посебно количество на витамини и минерали (за да се надохнадат витамините и минералите кои дрогата ги уништила во организмот), вода и потење во сауна (за да се исфрлат токсините надвор).
Доколку едно лице не пријде кон ослободување од остатоците на дрогата во сауна потребно е да поминат 9 години и во тој период тој да не конзумира дрога, за да биде чист.
Видиш , дрога или алкохол. Алкохол е легален. На едно дете при крај на основно школо, алкохол му е веќе бог.
Ако не пиеш, веќе си одвоен нијанса од друштвото зошто сите тие почнуваат да се пијанчат и да се забављаат на тој начин. Алкохолот е директно поврзан со мал милион болести, и децата го знаат тоа, ама бидејќи им е лесно да го најдат и купат, иако е нелегално, сепак решаваат да го пијат.
Неможеш да ми кажеш дека можеш на рационално ниво нит со тинејџер да дискутираш на тема алкохол и дрога и да го убедиш дека само затоа што има шанса да му се случи нешто он нема да го земе истото. Тоа ти е како на 9 годишно дете да му објаснуваш дека кока кола не е здраво за него, ама он ако решил да пие - ќе пие без разлика дали ти му даваш дома или дали он ќе купи со негови пари за ужинка.
Е сеа, за алкохолот они имаат милион начела што ги слушаат од малку повозрасните, да не мешаат, да бутнат два прста за да повратат, да пијат многу вода и витамин ц кога ќе се вратат дома и ред други работи. Знаеш колку деца не завршиле на токсикологија само поради тоа што некој им кажал да пијат кисела вода или млеко за да се исповратат ?
За дрогата немаат никаква појма. Се што знаат е дека ќе ги убие. И знаеш шо ќе им каже човекот кој се обидува да им ја, условно кажано, продаде ? „Да бе, да се умираше така ја до сеа мртов ќе бев. Ја бар 2 такви дневно зеам“.
Децата ќе помислат дека е исто како со алкохолот, дека само затоа шо не е легално, не значи дека ќе ги убие. Гледаат луѓе како се забавуваат на дрога, и може ќе решат да пробаат.
И во секој случај едукација на темата е многу битна, зошто полесно и посвесно ќе можат да се справат со ситуации во кои они веќе решиле да влезат.

А што се однесува до другарот, фала ти за „лечеле“ у наводници.
Лечењето беше спроведено на клиниката за зависности во склоп на државна болница.
И другарот се „врати на дрога“ бидејќи доживеа емоционална траума со која неможеше трезен да се справи. Доколку не доживееше некој поголеми емотивни осцилации, верувам дека не би ни пипнал дрога после периодот на, според тебе, неуспешно лекување.

И не, не верувам во Нарконон како единствен и најдобар спас од зависностите. Се повеќе заличува на секта тој твој пристап и наметнување на програмата. Нешто од типа на Herbalife.
 
Се согласувам со тебе дека треба да се едуцираат луѓето на тема дрога и штетни ефекти. Исто треба во еден човек да има желба да му се помогне на еден зависник, а не да бегаат од него како ѓаол од крст. Да им се даде до знаење на децата што се може да се случи и едноставно отворено да разговараат на таа тема и дома и во училиште.
Во право си дека не можеш некого да натераш да не зема дрога или алкохол ако тој решил тоа да го стори, без разлика дали е информиран или не за штетните последици. Пример, иако дечкоми има завршено медицински факултет, знае што се случуваше со мене, знае што предизвикува алкохолот што го пие, тој мора секое излегување да се напие. Значи тој така живее и ќе продолжи да го прави тоа, се додека самиот не одлучи поинаку. Јас не можам да влијаам врз него, единствено нешто што можам да предизвикам доколку му викам да не пие, е тој да се крие од мене кога пие.

Другарти бил во болница и најверојатно бил на заменска дрога, тој одлучил така и му било убаво во тоа време, но тие болници не го нудат најдоброто решение затоа што не го симнуваат човекот од дрогите, не го решаваат неговиот проблем.
Ќе ти раскажам зошто јас почнав со земање дрога, која е првата причина, многу е едноставно бев преразгалена. Имав се што ќе посакам во животот и не можев да се помирам со фактот дека некој ми рекол не за нешто, не можев да поднесам јас нешто да изгубам, тоа го гледав како огромен пораз од кој нема враќање назад. Го изгубив татко ми, потоа го изгубив дедо ми. Мајка ми не можеше сама да ми ги задоволи сите мои каприци и покрај двете загуби се соочував со секојдневно одбивање. "Мамо сакам кола" -"Немаме пари", беше едно од најчестите. Звучи премногу глупаво, но така е, јас цел живот бев дете, јас бев така растена, секогаш заштитувана од други, а никогаш не бев пуштена сама да се борам за она што го сакам. Доколку нешто можев лесно да го добијам, повеќе не го сакав. Доколку нешто не можев да добијам посегнував кон алкохол, а подоцна кон дрога и така ми беше подобро. Мислев дека полесно ќе ја соочам вистината, дека ако се начукам ќе ми замине сиот револт. Затоа што никој не застанал со мене да разговара на тема дрога и алкохол, затоа што цел живот беше "Аман, само да не почниш да се дрогираш", затоа што никој не застанал да ми помогне кога ми било тешко и никој не ме подучувал како треба. Затоа што јас бев силното мало девојче кое надмина све, но само пред очите на другите и како таква тие мислеа дека можам сама да се справам со проблемите, но не можев. После овие ситуации, секоја ситница ја доживував како нешто големо, доколку паднев испит на факултет, тоа за мене беше крај. Како да нема утре, како да нема втор пат. Затоа посегнав по дрога, зошто живеев од ден за ден. Немав ништо свое, а веќе не ни знаев што сакам. Јас водев џанкерски живот и многу време пред да станам зависна, со закачување на кокаин само ми се комплетира стилот.
Можеби звучи нереално, можеби е премногу општо, можеби е веќе видено, но ова мене ми се случуваше. Не сакам да опишувам настани и да влегувам во детали, затоа што не се чуствувам добро, тоа ме измачува, мене ми е криво што не сум ги имала претходно сите информации што ги имам сега и посакував никогаш да не дојдеше до тоа што дојде. Затоа што јас се борам со моето минато секој момент од животот, моите бивши другари и другарки не ме оставаат така лесно да го водам животот, исто и дилерите. Дечко ми сега при секоја мала расправија се сомнева дека повторно сум земала, затоа што со него се карав само под дејство и тоа многу често.Човек не може да ги надмине сите овие работи доколку нема контрола над умот и не е свесен. Јас сега сум многу посвесна од што бев и пред воопшто да земам дрога и сум среќна поради тоа. Можам подобро да се снаоѓам во животот и едноставно знам како да се справам со сите така наречени сопки кои што ни се појавуваат.
Не велам дека Нарконон е вистинскиот спас за секого, но за мене беше. И не те терам да веруваш во Нарконон само затоа што јас верувам. Сите сме различни, јас не очекувам од секого да наидам на разбирање дека Нарконон вреди, тоа би било апсурдно. Има и други центри и други начини, различни методи, јас сум слушнала за овој, сум го пробала и делувал, барем кај мене.
Можеби не требаше да изјавам кој е програмот, затоа што испаѓа дека мене ми е цел го промовирам него, но мојата цел е едноставна да има што помалце зависници од дрога.
 
Извини ти што коритеше па знаеш како се одвиваат работите и како е каj секого?

Ти форсираш дека си била "зависник", јас за мене не кажав воопшто таква работа. Јас не ти верувам на приказниве, извини али то си е мое право и мој став, сепак форум е, не сме сите исти и исто да размислуваме.

А се што сакав да пробам - пробав и еве ме, жив, здрав, нормален си го живеам животот. Не би навлегол стварно во детали, што точно, како, колку количински. Си знам јас доволно и сум едуциран, то си е за мене само, нема никаква потреба демек да се докажам нешто.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom