Видиш , дрога или алкохол. Алкохол е легален. На едно дете при крај на основно школо, алкохол му е веќе бог.
Ако не пиеш, веќе си одвоен нијанса од друштвото зошто сите тие почнуваат да се пијанчат и да се забављаат на тој начин. Алкохолот е директно поврзан со мал милион болести, и децата го знаат тоа, ама бидејќи им е лесно да го најдат и купат, иако е нелегално, сепак решаваат да го пијат.
Неможеш да ми кажеш дека можеш на рационално ниво нит со тинејџер да дискутираш на тема алкохол и дрога и да го убедиш дека само затоа што има шанса да му се случи нешто он нема да го земе истото. Тоа ти е како на 9 годишно дете да му објаснуваш дека кока кола не е здраво за него, ама он ако решил да пие - ќе пие без разлика дали ти му даваш дома или дали он ќе купи со негови пари за ужинка.
Е сеа, за алкохолот они имаат милион начела што ги слушаат од малку повозрасните, да не мешаат, да бутнат два прста за да повратат, да пијат многу вода и витамин ц кога ќе се вратат дома и ред други работи. Знаеш колку деца не завршиле на токсикологија само поради тоа што некој им кажал да пијат кисела вода или млеко за да се исповратат ?
За дрогата немаат никаква појма. Се што знаат е дека ќе ги убие. И знаеш шо ќе им каже човекот кој се обидува да им ја, условно кажано, продаде ? „Да бе, да се умираше така ја до сеа мртов ќе бев. Ја бар 2 такви дневно зеам“.
Децата ќе помислат дека е исто како со алкохолот, дека само затоа шо не е легално, не значи дека ќе ги убие. Гледаат луѓе како се забавуваат на дрога, и може ќе решат да пробаат.
И во секој случај едукација на темата е многу битна, зошто полесно и посвесно ќе можат да се справат со ситуации во кои они веќе решиле да влезат.
А што се однесува до другарот, фала ти за „лечеле“ у наводници.
Лечењето беше спроведено на клиниката за зависности во склоп на државна болница.
И другарот се „врати на дрога“ бидејќи доживеа емоционална траума со која неможеше трезен да се справи. Доколку не доживееше некој поголеми емотивни осцилации, верувам дека не би ни пипнал дрога после периодот на, според тебе, неуспешно лекување.
И не, не верувам во Нарконон како единствен и најдобар спас од зависностите. Се повеќе заличува на секта тој твој пристап и наметнување на програмата. Нешто од типа на Herbalife.
Се согласувам со тебе дека треба да се едуцираат луѓето на тема дрога и штетни ефекти. Исто треба во еден човек да има желба да му се помогне на еден зависник, а не да бегаат од него како ѓаол од крст. Да им се даде до знаење на децата што се може да се случи и едноставно отворено да разговараат на таа тема и дома и во училиште.
Во право си дека не можеш некого да натераш да не зема дрога или алкохол ако тој решил тоа да го стори, без разлика дали е информиран или не за штетните последици. Пример, иако дечкоми има завршено медицински факултет, знае што се случуваше со мене, знае што предизвикува алкохолот што го пие, тој мора секое излегување да се напие. Значи тој така живее и ќе продолжи да го прави тоа, се додека самиот не одлучи поинаку. Јас не можам да влијаам врз него, единствено нешто што можам да предизвикам доколку му викам да не пие, е тој да се крие од мене кога пие.
Другарти бил во болница и најверојатно бил на заменска дрога, тој одлучил така и му било убаво во тоа време, но тие болници не го нудат најдоброто решение затоа што не го симнуваат човекот од дрогите, не го решаваат неговиот проблем.
Ќе ти раскажам зошто јас почнав со земање дрога, која е првата причина, многу е едноставно бев преразгалена. Имав се што ќе посакам во животот и не можев да се помирам со фактот дека некој ми рекол не за нешто, не можев да поднесам јас нешто да изгубам, тоа го гледав како огромен пораз од кој нема враќање назад. Го изгубив татко ми, потоа го изгубив дедо ми. Мајка ми не можеше сама да ми ги задоволи сите мои каприци и покрај двете загуби се соочував со секојдневно одбивање. "Мамо сакам кола" -"Немаме пари", беше едно од најчестите. Звучи премногу глупаво, но така е, јас цел живот бев дете, јас бев така растена, секогаш заштитувана од други, а никогаш не бев пуштена сама да се борам за она што го сакам. Доколку нешто можев лесно да го добијам, повеќе не го сакав. Доколку нешто не можев да добијам посегнував кон алкохол, а подоцна кон дрога и така ми беше подобро. Мислев дека полесно ќе ја соочам вистината, дека ако се начукам ќе ми замине сиот револт. Затоа што никој не застанал со мене да разговара на тема дрога и алкохол, затоа што цел живот беше "Аман, само да не почниш да се дрогираш", затоа што никој не застанал да ми помогне кога ми било тешко и никој не ме подучувал како треба. Затоа што јас бев силното мало девојче кое надмина све, но само пред очите на другите и како таква тие мислеа дека можам сама да се справам со проблемите, но не можев. После овие ситуации, секоја ситница ја доживував како нешто големо, доколку паднев испит на факултет, тоа за мене беше крај. Како да нема утре, како да нема втор пат. Затоа посегнав по дрога, зошто живеев од ден за ден. Немав ништо свое, а веќе не ни знаев што сакам. Јас водев џанкерски живот и многу време пред да станам зависна, со закачување на кокаин само ми се комплетира стилот.
Можеби звучи нереално, можеби е премногу општо, можеби е веќе видено, но ова мене ми се случуваше. Не сакам да опишувам настани и да влегувам во детали, затоа што не се чуствувам добро, тоа ме измачува, мене ми е криво што не сум ги имала претходно сите информации што ги имам сега и посакував никогаш да не дојдеше до тоа што дојде. Затоа што јас се борам со моето минато секој момент од животот, моите бивши другари и другарки не ме оставаат така лесно да го водам животот, исто и дилерите. Дечко ми сега при секоја мала расправија се сомнева дека повторно сум земала, затоа што со него се карав само под дејство и тоа многу често.Човек не може да ги надмине сите овие работи доколку нема контрола над умот и не е свесен. Јас сега сум многу посвесна од што бев и пред воопшто да земам дрога и сум среќна поради тоа. Можам подобро да се снаоѓам во животот и едноставно знам како да се справам со сите така наречени сопки кои што ни се појавуваат.
Не велам дека Нарконон е вистинскиот спас за секого, но за мене беше. И не те терам да веруваш во Нарконон само затоа што јас верувам. Сите сме различни, јас не очекувам од секого да наидам на разбирање дека Нарконон вреди, тоа би било апсурдно. Има и други центри и други начини, различни методи, јас сум слушнала за овој, сум го пробала и делувал, барем кај мене.
Можеби не требаше да изјавам кој е програмот, затоа што испаѓа дека мене ми е цел го промовирам него, но
мојата цел е едноставна да има што помалце зависници од дрога.