- Член од
- 25 ноември 2013
- Мислења
- 41
- Поени од реакции
- 42
- Возраст
- 39
И моето куче така како помало не слушаше кога ке го пуштев од поводник.Само работа, многу работа...принципот ми беше ако слуша ке добива повеќе шетање дури и шетање без поводник, трчање играње до други кучиња итн. Така се научи и ден денес да не ја шетам една недела ке слуша зашто знае дека ке поминам пак многу време со неа..тренинзи трчање шетање итн.Само работа иначе имам куче питбул/стафорд далеку поенергично од Џек расел-от.Социјализирано со кучиња птици (папагали) и мојот мачор.
Е ова е клучниот момент. А) ти го бркаш него и Б) се друго му е поинтересно. Треба да работиш на тоа да ти бидеш поинтересен од се друго. Мора да најдеш тригер, играчка или храна, што нема да му биде достапна цело време, за која ќе биде спремен да направи се. Кучето ти е како мало дете, работи на принцип на дај ми за да ти дадам. Значи ти мораш да имаш да најдеш што е тоа што пали кај твоето куче. Никој не рече дека дресурата е едноставна работа. Бара многу упорност бидејќи е секојдневна борба на карактери![]()
Ви благодарам премногу за искрените совети, навистина ми се од корист и ќе ги применувам, да бидам искрен ги применувам цело време но ете изгледа ја грешам некаде работата. Ќе се потрудам прво да му го ограничам просторот дома, да работи буквално напорно за да добие нешто вклучително и прошетки. Мислам дека е во период кога се менува бидејќи има 9 месеци и завлезен е во пубертет затоа и вака реагира на некој работи, тестира до каде може да оди. Ви благодарам премногу!

трчаше и рипаше на креветите и одма се симнуваше и почна да лае на мене со опашот свртен нанапред накај мене. Останав смирен и не му дозволив да се качи на кревет напротив почна да се повлекува и да се движи накај другите соби, го доведов во ситуација да дојдеме во купатило каде што веќе немаше каде да бега, останав смирен и чекав негова реакција, неможеше да ме погледне во очи, немаше каде и седна но јас не попупштав додека целосно не се "потчини" и легна на земја. Стоев така една минута а тој не мрдаше. Се вратив во дневна и повторно се случи истото и пак истата ситуација додека не легне на земја. После 3-4 пати дојде во дневна и си легна на местото предвидено за него кое е на земја (како кревет за куче). Останав доследен во односот кон него цела вечер дури приметив дека ми приоѓа со свиткан опаш надолу од што беше исплашен. Му ставив поводник полека без да се расправаме и не се противеше. Си заспа на местото предвидено за него и после тоа го испратив во транспортер за спиење. Утринава кога станав и требаше да одиме надвор наместо да му ставам поводник одма за да не се бркаме, само отидов и го отворив транспортерот без да го гледам во очи, го повикав и му ставив поводник пред излезната врата. Додека шетавме беше мирен освен што 3-4 пати потегна кога ќе се надразни од нешто но тоа е тренинг. Стигнавме дома и господинот се залета за на кревет но овој пат немаше потреба да се бркаме само дојдов до него и сам се симна долу на неговото место штом посегнав по поводникот. Седна на неговото место без приговори но кога му реков да легне не сакаше, го повлеков со поводникот накај земја и ми заржа и демек сакаше да ме гризне, тука му реков да се смири додека се наклонив накај него, не сакаше да легне, но кога ја напуштив собата и се вратив видов дека си лежи на негово место. Сакам да ми кажете дали добро сум постапил? Мислам дека сега треба да работам на послушност, секое неизвршување на команда корекција со поводникот и да бидам фер према него за да стекнуваме доверба пошто несакам да ми приоѓа со страв со спуштен опаш и да се плаши да не настрада. Знам дека грешката што довела до сево ова е првично во мене а после кај моите кој привремено се дома и знам дека мојот однос кон него довел до сево ова, се трудам да бидам почитуван во неговите очи бидејќи за љубов знам дека се сакаме ептен

