Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.148
- Поени од реакции
- 13.262
@Uluru , да, се што напиша погоре е точно. Би додала дека пред да се разболи имаше период од 2 - 3 месеци кога немавме проблеми да го оставиме сам, почнавме прво полека на заграден простор со по еден час дневно па постепено зголемувавме. Не му беше проблем да е сам кога знае дека нема никој во куќата, е кога ќе не осетеше дека сме дошле дома почнуваше да лае ама ќе се смиреше после некое време. Сега кога излегуваме од дома, посебно татко ми кога излегува, не можам да ви опишам колку панично лае и општо се однесува панично , абе ти се чини го оставаш и не се враќаш. Се смирува после некое време кога не сме дома, ама кога се враќаме сите од работа пошто знае дека сме дома готово, завива цело попладне. 5 минути да не ме видел кога ќе излезам надвор стално е како да не сме се виделе 5 години, радосен, скока, трча хиперактивно.
На ветеринар нема шанси да стои мирен ни за преглед, тоа е права борба. Знам дека е истрауматизиран од луѓе, кој стигна го боцна или го прсна со нешто, сега ни бега и нас кога треба да го прскаме/капиме за демодексот. Имаше и рани нели, му ги мачкав со кантарион, по саат, саат и пол сме го мачкале пошто бега и од нас веќе.
Ќе го спомнам и ова пошто мислам дека е важно. За првичната дијагноза - шуга, ветеринарот ни даде да го испрскаме со сулфур. Тие денови имаше температура, секој ден бевме на инфузии, паралелно го прскавме со амитраз, хаос. Песот многу лошо го поднесе сулфурот, после пола сат имаше многу лоша реакција на сулфурот, имаше тикови на задната нога и му се јавив на ветеринарот во паника. Ми рече измиј го само со топла вода. Вечерта не спиеше, т.е од страв спиеше стоејќи. Сабајлето кога станавме бегаше од нас домашните, само ќе седнеше на крај на дворот сам, кога и да му се доближеше некој веднаш заминуваше подалеку. Не спиеше, чекаше да се увери дека нема никој околу него за да заспие, и тоа заспиваше стоечки и ќе се струполеше од умор. Јас тој викенд го преплакав пошо бев убедена дека кучето нема да се избори. Два дена после ова почна со лендоцинот пошо не му паѓаше температурата, па постепено се крена.
А добро еве настрана фактот што ја нападна другарка ми, мада ја знаеше од порано, уште пред да почне со терапијата, ама зошто кога тргнав накај него ми се сврти и мене и спрема мене се понашаше агресивно?

би сакал да се консултирам со поискусните членови во групава за некои проблеми кој ги имам со кучето поточно неговото однесување. Пред се да напоменам дека пред ова не сум чувал куче и дека без разлика на тоа бев запознаен со карактеристиките на расата но сепак неискуството за некој работи си го направи своето очигледно... Имам Џек Расел мажјак кој има 9 месеци. Го земав од леглото кога имаше 35 дена, грешка која ја сфатив подоцна но работам постојано на некој проблеми кој ги влече карактерно и ден денес. Додека беше мал престојуваше во претсобјето и му беше отворена вратата од купатило за да може да врши нужда и немаше никаков проблем. На некаде 2 и пол месеци доби уринарна инфекција и тоа ептен силна, сеуште не излегувавме надвор и ден денес незнам како ја добил, веројатно се напил од сопствената урина. По некое време забележавме дека има искривување на нозете и му беше констатиран рахитис од ветеринар. Толку многу тоа не скрши што сите бевме тажни по дома и цело време сето внимание беше на него бидејќи почна да губи сила, не ни сакаше да се движи од болки. Денес кога ќе го погледне некој не ни може да претпостави кој маки и секирации ги имаме поминато со него бидејќи нема никакви траги од сето тоа, барем физички. Но сето тоа остава трага во неговиот карактер, ден денес имаме проблем со гризенње по раце, едноставно кога ќе се израдува веднаш го удира хиперактивност и незнае како да ја искаже среќата и почнува да по нас и да грицнува по раце, да не се разбереме погрешно, не се тоа гризења туку само допири со забите но доколку е тоа во движење може да биде и болно. Додека беше болен лежеше на кревет во дневна и тоа не претставуваше проблем, денес кога го бркам од креветите во дневна имам проблем, господинот се брани и сака да грицне по рака иако не го прави тоа само се јача и додека не го добие по газ не се симнува. За грицкањето по раце нема што не пробавме, мислам дека можеби треба во очај да намачкам раце со оцет и да не му текне веќе