- Член од
- 25 ноември 2013
- Мислења
- 41
- Поени од реакции
- 42
- Возраст
- 39
И моето куче така како помало не слушаше кога ке го пуштев од поводник.Само работа, многу работа...принципот ми беше ако слуша ке добива повеќе шетање дури и шетање без поводник, трчање играње до други кучиња итн. Така се научи и ден денес да не ја шетам една недела ке слуша зашто знае дека ке поминам пак многу време со неа..тренинзи трчање шетање итн.Само работа иначе имам куче питбул/стафорд далеку поенергично од Џек расел-от.Социјализирано со кучиња птици (папагали) и мојот мачор.
Е ова е клучниот момент. А) ти го бркаш него и Б) се друго му е поинтересно. Треба да работиш на тоа да ти бидеш поинтересен од се друго. Мора да најдеш тригер, играчка или храна, што нема да му биде достапна цело време, за која ќе биде спремен да направи се. Кучето ти е како мало дете, работи на принцип на дај ми за да ти дадам. Значи ти мораш да имаш да најдеш што е тоа што пали кај твоето куче. Никој не рече дека дресурата е едноставна работа. Бара многу упорност бидејќи е секојдневна борба на карактери![]()
Ви благодарам премногу за искрените совети, навистина ми се од корист и ќе ги применувам, да бидам искрен ги применувам цело време но ете изгледа ја грешам некаде работата. Ќе се потрудам прво да му го ограничам просторот дома, да работи буквално напорно за да добие нешто вклучително и прошетки. Мислам дека е во период кога се менува бидејќи има 9 месеци и завлезен е во пубертет затоа и вака реагира на некој работи, тестира до каде може да оди. Ви благодарам премногу!
