Дрекслмајер

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Од Кавадарци ли си, другарче?

Оти не поработиш некое време некаде, било каде, па да видиш како се вади лебот?

Не сум од кавадарци а лебот знам како се вади не ми кажувај , оди во партија и прашајги дали тие знаат како се вади лебот денеска , , сум видел јас братче вакви како тебе ехееее, сум работел и кје работам али партиски не сум дудлал нема ни да дудлам никогаш , способен сум сам

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Леле, другарче, со кој ли ментален склоп располагаш, шо не сфаќаш оти моите ставови немаат врска со никаква политиќка структура?
Гледам оти има тука социјалисти, комунисти, од ездеез, од вемеро, ама јас не припаѓам у ниедна од тие групи.
Ги гледам работите од чиста економска точка, и ништо друго.

Цената на тутунот треба да биде минимум 15 евра, да не ве лаже Груевски со субвенции. Ама тоа е друг муабет, ем сум офтопик, ем на форумов е забрането политика.
 
Незнаев дека во мк има партиски неопределени шо веруваат во економија или било каква иднина во државава , ете имало и такви , супер ;)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Те поздрави Бил Гејтс, порача да прочиташ уште некој од неговите цитати. И 100% книгата на основачот на Apple ти е Библија по дома. :facepalm:
Тоа е таа стручна литература од каде се црпат мислите за дискусии по форуми
 
За вакви самонаречени плати ги малтретираат и ги плашат децата и родителите со екстерни глупости од прашања кои не вреди ни да се коментираат. Јад и чемер сме...до толку ли сме паднати како луѓе и со моралот, со нормите и умот?
 
Последно уредено:

Ова е резултат на транзициското образование и општествено уредување. Без долгорочни идеи и решенија се создаваат извртени вредности, решенија, и луѓе.

Повеќето очекуваат нешта што не ги заслужуваат. Затоа што има одредена фела на луѓе кои добиваат нешта што не ги заслужуваат. И овие “среќници“ заради ограничените умствени способности, првото нешто што го прават е да се перчат и да ги бодат другите во очите, затоа што успеале да најдат начин да добијат нешто без да го заслужуваат. :)
 
За вакви самонаречени плати ги малтретираат и ги плашат децата и родителите со екстерни глупости од прашања кои не вреди ни да се коментираат. Јад и чемер сме...до толку ли сме паднати како луѓе и со моралот, со нормите и умот?
и тоа не е од вчера,мој заклучок е дека мнозинството си преспал овде минатите 50тина години буквално СЕ за последните 20 да биде третиран како овца
 
Дечкото @UpaDown ви ги наброја сите можни проблематики во денешната пазарна економија,издаде свои факти,донекаде и пресметки,поддржани со реална слика и детално ја образложи функционалноста на односот понуда-побарувачка во Македонија и за производ и за работна рака.Остануваат вашите желби,фантазии и сарказам а со нив не се плаќаат сметки ниту се спечалува нешто повеќе.Денес работите се многу едноставни и дали си газда или работник државата секако те заебува.Или си плаќаш рекет поштено,финансираш секакви политички пиздарии или ти товарат секакви нерегуларности и казни па ја затвораш фирмата.Како работник или работиш ако ти се работи или си одиш.Тоа е тоа.Не знам што ја тупите толку.
 
Не знам што ја тупите толку.

Ја тупиме зашто Дрекслмајер беше најавувана како инвестиција со плати од 300-400 евра, а сега се сведовме на муабетот „абе 9 иљадарки кој ти ги дава, боље од седење дома“. За мене глуп е муабетот понуда-побарувачка и дека Швабите не можат да исплатат над 300 евра плата, едноставно така им е наложено за да не прават конкуренција во плати на домашните газди.
 
Супер на хартија. Наредниот пат кога сите раноградинарски култури ќе се извезат само заради побарувачката на пазарите, да нема бунт зошто во Скопје килограм домати е 1 евро, а не 10 денари.

Понуда + Побарувачка на пазар од 2 милиони луѓе од кои 600 000 се на државна цицка е нож со две острици.
 
според тезата понуда-побарувачка и мизерни плати на која многумина наседнуваат, понудата од економисти или графичари или било која струка би требало да отиде во минус за да се добие некоја пристојна плата. Еднаш го споменав фактот за некои европски региони каде понудата на невработени е многу поголема од кај нас и повторно платите и стандардот им се многу повисоки.
Премногу е добро организиран овој начин на исплати на плати и образложението за истите, за да е случаен. Дури се сомневам и во тајмингот на воведување минимална плата и најавите за нејзино "покачување".
 
Ја тупиме зашто Дрекслмајер беше најавувана како инвестиција со плати од 300-400 евра, а сега се сведовме на муабетот „абе 9 иљадарки кој ти ги дава, боље од седење дома“. За мене глуп е муабетот понуда-побарувачка и дека Швабите не можат да исплатат над 300 евра плата, едноставно така им е наложено за да не прават конкуренција во плати на домашните газди.
Супер на хартија. Наредниот пат кога сите раноградинарски култури ќе се извезат само заради побарувачката на пазарите, да нема бунт зошто во Скопје килограм домати е 1 евро, а не 10 денари.

Понуда + Побарувачка на пазар од 2 милиони луѓе од кои 600 000 се на државна цицка е нож со две острици.
Не разбирате,цените на светскиот пазар се едни,кај нас се други.Производството+работната рака кај нас се поевтини на светскиот пазар производот е поскап а работната рака е на средно ниво затоа што стандардот зависи од економската состојба на земјата во која се работи.Ние спаѓаме во државите со ефтина работна рака како азиските држави и затоа сме привлечна инвестиција бидејќи важиме за сиромашка земја.Она што странските инвеститори го сакаат е да произведат квалитетен прозивод,да имаат ефтина работна рака а сепак да профитираат.Немам економски факултет но дајте сите го знаете ова.Знаете и дека Македонија ќе биде мртва без вакви инвестиции затоа што се се продаде и нема како да се заработи освен со инвестирање на странски фирми или работа во домашни фирми.Муабетот беше за нашиот менталитет.И да работиш за странска и за домашна фирма односот и ставот на одредени луѓе е ист.
 
Како реномирана фирма со обрт од 2 милијарди долари, искористува балкански цигански методи, а во исто време е наградувана од властите за истите тие методи.

Ајде ако е добар капиталист зошто не воведе методи на наградување, наместо методи на закани? Дај му пониска плата, ама наградувај го и мотивирај го да работи повеќе.

Македонија ќе умре во моментот кога последниот гастарбајтер ќе престане да праќа евра во Македонија.

А за менталитетот, не ми се зборува, и се согласувам 100% со УпаДовн и тебе.
 
Ќе се надоврзам на мојот прв пост.Затоа што не се запознаени со македонштината.Они не рамнат со азијците.Не очекувале отпор,масовен револт и солење памет од страна на нашиве.Бидејќи го увиделе тоа ангажирале ''нашинци'' за да се справуваат со проблемите и тука им е грешката.Овие искомплексирани и неискусни во менаџирањето го форсираат најглупиот и најпростиот начин а германецот ги слуша зошто нели ''македонец со македонец се разбира''.Македонија е реално успана земја и не прифаќа новитети.Ќе помине доста време додека се прифати солиден начин на функционирање во компаниите.Никој денес не го интересира добриот однос и соработката а тие се клучните фактори за успех во една компанија.Она што го спомнав е дека секоја компанија која има интерес да остане на подолг период и да биде успешна не и е целта да злоупотребува.Сака да заработи и да црпи од ресурсите.Ако увиди дека нема печалба тука парталите и назад.Тоа ќе се случи со сите странски инвеститори како што верувам беше и далгата со МекДоналдс.
 
Последно уредено од модератор:
Во Македонија тешко некој да е наградуван. Само казни. После и фирмите квичат оти не им одело.
Не разбирате,цените на светскиот пазар се едни..
ако Македонија е меѓу најсиромашните во Европа и на 11 место по сиромаштија во светот, некој за тоа е одговорен. А најмалку 15 години ги гледаме истите луѓе на одлични позиции. За 1 година само за плата на 50тина лица во Агенција за странски инвестиции е 1 милион евра . Нели и нивната струка е суфицитарна, и тие се заменливи. Пред некој месец имаше смена во Елем и Мепсо во раководството. Тие "стручњаци" и кадри исто така се суфицитарни и заменливи. Во навистина сиромашна и со голем % невработеност држава би требало да се намалат примањата и на факултетите и други слични служби и нивни директори.
Написот за огласите во Дрекселмаер каде се барани лица на различни позиции со по 8-10.000 плата. Нели е тоа малку чудно
Германски Дрекселмаер бара работници. Нуди плата 8.050 денари?!
Овие огласи со плата од 8 илјади денари во германски Дрекселмаер отвораат повеќе дилеми.
Прво, ако тоа се реалните плати што ги нуди компанијата тогаш тоа значи дека странските инвеститори и покрај субвенциите и поволностите што ги добиваат во земјава на работниците им исплаќаат минимални плати. Од друга страна пак, ако сумите не се наведени од страна на Дрекселмаер тогаш кој ги ставил во нивно име?
Одговорите на сите овие дилеми ќе треба да ги разјасни менаџментот на компанијата.
Значи на страна фактот дека некој не турнал и не турка во најголема сиромаштија како држава, а истовремено вработува непродуктивни кадри и троши непродуктивно. Сомнителни се сите овие т.н. инвестиции кои (со исклучок на Кемет) кои како по договор даваат најчесто 8-10.000 плата. И тоа за струки кои и не се баш обични работници, се работи за стручни кадри.
Не запираат огласите за вработување во Дрекселмаер за минимални плати. Од кавадаречки Дрекселмаер вчера објавија нови огласи со кои се бара секретар на друштво и хаусмајстор, а за двете работни позиции нуди плата од 8.050 денари.
Кромберт и Шуберт од Битола бара работник за 8.800 денари
Нуди 9.000 денари плата за индустриски дизајнер и техничар за процесна автоматика. За двете работни позиции не е наведено дека се потребни посебни квалификации или образование. Индустриски дизајнер работи само прва смена од 8 до 16 часот , додека техничар за процесна автоматика работи во три смени. Основната плата е 9.000 денари. Двата огласи беа објавени вчера, а аплицирањето е до 24 февруари.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom