Забораваш еден куп додатоци. Детски додаток е околу 230-290 франци по дете на месец. Забораваш хранарина, околу 30 франци на ден. Забораваш паушални трошоци од 200 франци на месец. Забораваш работа на црно за викенд.

))))
Имаш многу можности да заработуваш екстра. Некои тоа го користат.

А за градежништво, знам како се работи во Македонија, знам како се работи во Швајцарија.

Да се љупеа така пари во Македонија немаше да има 100 души мајстори да молат да работат во Швајцарија.
Види, се убаво. Швајцарија има услови за работа. Има и можности да заработиш настрана. И полесно се иде до плата.
Само шо ја утнувате сите поентата. Дека со минималецот никаде не се преживува. Мање битно дали се работи за платата шо ја земаат у Дрексел, или ако некој зема 3.500 франкови у Швицарска.
Јесте, има наши таму шо земаат по 4.000+ франкови, пошто и работат некој саат повеќе, и тоа шо работат на црно за викенди како шо кажа.
Кај нас е проблемот шо не можеш да работиш overtime, ниту пак да работиш за викенди нешто настрана, а ниту пак да земеш втора part time job, шо е многу популарно у САД кога веќе работиш на едно место за минималец.
На македончево му е испод честа да работи 12 саати. Исто му е испод честа да работи за викенди нешто, или да изработи еден саат повеќе секој ден.
И сите тие западни успешни држави населението има пари, само поради тоа шо работат, и поради ништо друго. И поради тоа шо невработеноста им е на многу пониско ниво. Пошто некој младич у Швицарска работи за не повеќе од 1.000 франкови. Е сега, тоа шо работи за 1.000 франкови на 16 години, па некаде докај 20та стига до 20 франкови од саат, е сосем друга прикаска.
Кај нас на работници у фабрики како Дрексел им е испод честа шо работат таму, само поради тоа шо живееле у социјалистичка вукојебина у која воопшто не работеле, а имале плати, а државата се задолжувала се повеќе и повеќе, и долгот шо Југославија го имала у 80та, денес би бил далеку поголем од долгот шо сеа го имаат 6те ју држави заедно.
Кај нас да работат овие 4.000 души у Дрексел, и да се отворат едно 100 други Дрексели, платите ќе скокнат, ама ќе скокнат и цените на становите, и цената на храната, и тој шо работи за минималец пак ќе може со неговиот минималец да си дозволи стан и храна само.
Пошто ако сега стан за самец е некои петиопол до шестилјади, тогаш ќе биде сигурно околу 12-13 илјади, а еден леб ќе биде евро. Ама битно платите ќе бидат по 500 евра, а денарот нема да изгуби на моќ, како шо би се десило ако сега државата наша земе да испринта пари, и платите ги крене вештачки на 30.000, ама сметај дека еврото у моментов ако се деси тоа ќе има вредност од 150 денари, у споредба со сегашниве 60.
Ама при реални услови на кревање на стандардот, сето тоа со кревање на цени ќе си се деси, само шо реално 30.000 ќе вредат 500 евра. И ако на крајот на месецот ти остане некој денар, рецимо 6.000 тоа ќе бидат вистина 100 евра, шо би биле некои 40 ако сега испринтаме двапати повеќе пари у државата, и ќе можеме да си дозволиме да си купуваме увозна ај ти роба или парчиња облека, мање битно шо од увоз еве.
Пошто ако сега пуштиме у оптек двапати повеќе пари, ќе се деси ова:
платите ќе бидат по 30.000 денари - факт.
вредноста на денарот ќе падне, еврото ќе биде околу 150 денари.
работникот у Дрекселмаер пак ќе може да си дозволи стан и храна со платата.
Ако на крајот му останат 6.000, тоа ќе бидат некои 40 евра и со нив нема да може да си дозволи ништо.
Ако стандардот ни се крене природно, со работење у државава, ќе се деси ова:
ќе се намали невработеноста, и платите сами ќе се кренат до 30.000 - факт.
Вредноста на денарот ќе остане оваа шо е сега 61.5
Работникот у Дрекселмаер пак ќе може да си дозволи стан и храна со платата.
Ако на крајот од месецот му останат 6.000, тоа ќе бидат 100 евра.
Ете таа е разликата, и ништо друго. Промена у квалитетот на живеење, и можност за поефтино купување на увозна роба. Апсолутно ништо друго.
Затоа секој шо се курчи оти на ваквите странски фирми не би им дозволил да бидат тука, немој да ме јебеш, Македонија ниту е богата, ниту ќе има некогаш богаташи шо ќе отворат фирми како оваа, кои ќе го кренат стандардот со тек на време.
И друго нешто, оти никому не му смета македонска фирма шо работи со зејтин и го извезува рецимо у западните држави каде шо го продава по 3 евра литрото, а тука дава плати по 220 евра, а му смета ДрекселМајер шо го прави истото?[DOUBLEPOST=1401708653][/DOUBLEPOST]А можеме и да изгласаме закон за минималец од 30.000. Без природно да се зголемат платите, без да принтаме пари.
Е тоа е погубно сценарио.
Пола од вработените ќе ги избркаат, или пак пола од фирмите ќе стават клуч на врата.