Не се прашувам. Јас знам (горе долу де.... има и голема доза на среќа) што сакам и како сакам. Поентата во целиот муабет не ми е дека не си во право. Поентата ми е, дека може и подобро од страна на вработените, и од страна на фирмата.
Затоа што ДМ има доволно кеш да стане многу поатрактивна понуда, и подобар вработувач, а во исто време вработените да не се чувствуваат како легални робови.
Менаџерскиот тим тука има голем удел. Ама нејсе, менаџерите не отскокнуваат од останатите по менталитет и креативност.
Ништо повеќе.
Ако у ДрекселМаер има некаков проблем, тоа дефинитивно не е до платите.
Да, работниците почнуваат со некои 200 евра. Ако се навистина добри, и ако се специјализираат по логика на нештата, треба да земаат многу повеќе. Ако не земаат, проблемот е дефинитивно у македонскиот менаџерски тим.
А тоа они шо го бараат у моментов, пошто реално е нова фирма е да земаат плати од по 400-500 евра. Тоа за обични работници го нема никаде. Она, обичен работник со пола година стаж да може да си дозволи толку многу работи да поседува/купува. Сеедно.
Да не дојде до неразбирање овие 350 до 700 евра се однесуваат на учениците кои покрај работата исто така се образуваат и имат 3 дена во две недели школо. Но муабетот ми беше додека се учат тие се трошок за фирмата но исто така извршуват одредена крисна работа работа. Исто така добро е да се каже дека фирмите во кои се школуваат ученици добиват субвенции од државата. Јас имав едно кратко искуство во фирма од 250 вработени а имаа и 50 ученици. Ми беше чудно како им се исплаќа затоа што учениците најчесто работеа поситни работи кој никако не беа продуктивни, тогаш дознав дека зад ваквите фирми стои државата. Мислам дека и помошта која кај нас ја дава државата во првите години од отварањето на фирмите токму најмногу се однесува на процесот на обука на вработените.
Ќе завршам со заклучокот дека работите со инвестициите се доста комлицирани и сеопфатни , така да за да ги коментираме мора малку потемелно да се разгледат сите аспекти.
За жал могу ретко има луѓе кои се спремни на здрава дискусија повеќето кога немат одговор, во немоќ да се спортиставт со факти едноставно ќе залепат етикета и се осеќаат како победници
Деца земаат по 350 до 700 евра, и се деца шо живеат со семејства, и таквите пари се скоро џепарлак.
Ама кога се вработуваат, на почетокот сигурно не земаат плата со која имаат моќ да си дозволат повеќе од стан, кирија и храна.
Како шо одминува времето, станува подобар работник и зема повеќе плата, и знам дека стигаат до некои 3.000 евра у Германија. Шо е многу солидно. Ама тоа се работници со доволно стаж, специјализирани, со квалификации еден куп.
@Lurtz, имаш поздрав од Швицарска. Таму нема минималец. И имаат 3 посто невработеност. Прашај се зошто.[DOUBLEPOST=1401806743][/DOUBLEPOST]Да се допишам. Јас сакам да имам минимална плата. Ама нека има пример и минимална загарантирана цена на производите. Ви одговара тоа? Не? Оти мене ни едната ни другата минимална не ми одговараат.
Ако може пазарот да ја регулира цената на производите, може да ја регулира и на платите. Да бидат и по 4.000 франкови у Швицарска, и да се качиле за неверојатни 50 посто плус додатни 40 посто у Америка пред да постои закон за минималец.
Еве сега гледам додатно кои други држави немаат минималец, а се високо развиени.
Данска, Австрија, Кипар, Финска, Германија (за неколку категории професии постои договорен минимум), Италија, Норвешка, Катар, Лихтенштајн, Сингапур, верувале или не Шведска, Обединети Арабски Емирати.
Најбогатите држави у светот немаат минималец, па се регулираат платите.
И многу е јасно и логично зошто е тоа така.
Ако ние сега немавме минималец и никакви регулативи за да се отпочне бизнис, и ако немавме ДДВ и бевме поприлично слободни за увоз и извоз, ќе ни се десеше ова:
- ќе се отвореа многу домашни бизниси.
- ќе се отвореа странски бизниси на територијата на Македонија.
- ќе имавме увозна ефтина храна.
- ќе се вработеа еден куп луѓе, пошто ќе имаше бизниси.
- еден куп луѓе без никакво образование ќе се вработеа за ниска плата, и немаше да бидат просјаци и да живеат на грбот на некој друг.
- пошто ќе беа скоро сите вработени (еве нека има 5 посто невработеност, тоа се некои 70.000 души невработени, ќе биде многу тешко за бизнисите да најдат луѓе кои ќе ги вработат, пошто никој не би се нафатил да работи за пониска плата кога некој друг ќе му дава повисока, пошто конкуренцијата на фирми кои нудат вработување ќе биде повисока. Поголема конкуренција за побарувачка, повисоки плати. Платите ќе растат постојано.
- ќе порасне цената на становите.
- ќе порасне цената на домашните производи.
- ќе падне цената на странските производи кои нели ги увезуваме.
Платите ќе дојдат барем докај некоја бројка од 1.500 евра просек. Таа ќе биде платата за обичните работници. Со таа плата ќе можат да си дозволат основни работи. Ако заштедуваат секој месец по 10 посто тоа ќе бидат 150 евра.
Ако сега заштедуваат по 10 посто од платата, тоа ќе бидат по 20 евра.
У глобала тоа е тоа шо би се дешавало, и никако поинаку.