Го изгледав Dragonball првиот серијал од 1986 (сите 153 епизоди), дека ме пукна носталгија од времето кога бев мал, прво гледањето на A1, а потоа и на цдињата од Оправдано Присутни синхронизирани на македонски. Ако некој сака, може да ги гледа сите епизоди на сајтот zmajevakugla . rs, синхронизирани на српски. Би запрел тука засега за сагата, може понатаму и останатите серијали би ги гледал, знам доста Z ја фалат. За првиот серијал, доста ми беше интересно неаде до првиот турнир на боречки вештини, после некако медиокритет, на крај дури и малце со сила седнав да ги догледам, беа досадни околу Пиколо Јуниор, дека доста репетативно беше се, плус малку ме нервираше тоа што ич не се замарале со детаљи и логика. Тоа гори замокот, Гоку оди цел свет го патува да најде како да се изгаси, а 100 пати претходно покажа дека не му е проблем до небото да рипне и карпи да носи, но одеднаш нема способност да рипне до замокот и да го спаси таткото на жена му. Исто и тоа рингот, ќе го срушат, па следна сцена се е ново, ко некоја компјутерска игра. Секако не замерувам, за тоа време супер цртан и убави спомени ми пробуди.