Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Кајгана

Сабајлево бев до едно основно училиште во Аеродром и требаше да влезам во неколку училници и да се консултирам со учениците околу некои работи. Влагам во трето одделение, и ја прашувам наставничката дали може да им одземам две минути од часот. Наставничката прифати и јас влегов. Само што сакав да почнам да зборам слушам музика од негде, и тоа идеше оваа песна:
Таков се чудев 2-3 секунди и лоцирав од каде доаѓа музиката, од едно дете во втора клупа, имаше пуштено на неговиот таблет. Ја погледнав наставничката и ми падна ептен глупо, али глупо што не ја прашав дали има грам памет. Инаку имаа час по ликовно. :busi:

После се чудиме зашто се поненормални и поненормални генерации доаѓаат... Јас првиот мобилен телефон, и тоа од оние циглине порано што беа во мода, го добив тек во прва година, и тоа татко ми ми го даде затоа што школото ми беше многу далеку од дома па ако има некој проблем да можам да го контактирам. А сега што се дешава? Пуштаат Rack city bitch на час по ликовно, и тоа деца од трето одделение.

Затоа кога мајка ми ќе ми рече: Еј синко што прочитав денес во весник, па ова не е нормално..., и велам да не ја чуди ништо во денешно време. Али битно нашиот министер за образование не знае колку елементи има Менделеевиот систем.
 
Потсети ме што беше тоа приватна сопственост.

А и мило ми е што јавноста слушна и за хипокризијата на претставниците на меѓународната заедница.
 
Драга значи само вмро-овците имаат право да го дишат воздухот во оваа наша напатена држава све што е поразлично да се секне да нема никаква шанса за живот,кај ке им одат душите незнам,психопати!!
 
Привремено затворена.

едит: отворена.

- без цитирање
- без екстремно навредливи коментари
- без линкови до оргиналните разговори од бомбите
- без мирцање (пост под пост)

Нека биде ДК поштедена од излив на политички коментари, бидејќи не се работи за 1 бомба. Ако после секој прес на опозицијата овде труеме со коментари, ќе се изгубит смислата на виртуелниот дневник. А ова како што гледате, ќе трае и трае и трае...

Значи апел, не правило. Ако веќе искажувате револт, задоволство, незадоволство... дајте малку попристојно. Побарав од модераторите и мене да ме избришат неколку страни наназад, и да нема исклучоци.

Благодариме.
 
Последно уредено:
Со оглед на временскиот карактер на бомбите поштедете ја темава со актуелностите поврзани со бомбите, гранатите, Грујо, Зајко, и се шо се дешава моментално а е од политички карактер. Пред да почните да се жалите дека правиме цензура и не ви дозволуваме да ви биди слушнат гласот и гадењето од моменталните случувања, да ви кажам дека имате доволно места и катчиња за ширење на гнев и заебанции за актуелната политика. Пошо сум фин, еве предлог неколку од мене:
- Твитер
- Фејсбук профилите на Влатко Васиљ, Инамногуфина, Бетмен, Лешоски и остала багра. Ви ветувам дури и повеќе лајкови дека ќе соберите.
- Во домашен класичен дневник, и дневникот во фиока, јер параноја.

Ако не се придржувате до горенаведеното ќе бидите бришени, а ако забележам репетиции ќе бидите и казнувани и банирани од темата.

Прекинуваме и цитирање и муабет во секоја можна смисла без исклучоци.
(од цела редакција)

П.С Не се изненадувајте ако ви снема од нигде никаде лајкови, ќе се прави генерална чистка на минатите страни.
 
Џе ми е лајк за ова некој има да одговара :icon_lol:. Ќе почнам и јас ко Џ. на фејсбук од 4000 пријатели 3 пријателки му нема, како бре води евиденција педантерија е, на нив најмногу има дркано :icon_lol:. Вика кај се, фејсбуко по алгоритам му ги бриши :pos::pos::pos::pos::pos:.

Научи внучево да брои и вика 4 банани сум изел, кај најде сега одма детален извештај.


Денеска ден за гради и склекови или за метак пошто петак :icon_lol:.

 
Не ми текнува од кој српски филм беше знам нешто едниот викаше
-"Ови американци како руше."
- " И руше и граде"
- "Ал боље руше"
[emoji1]
 
Сталинисти ебаго. :rolleyes:

Кога веќе Хоуп спомна инфраред, ми текнува дека се нервирав за 10 МБ во сони ериксонот. Да не знаеш што да избришиш. Сеуште го чувам тоа копиле, со надеж дека ќе успеам да ги извадам сликите од него. Ене го. 5 години во кутија.

BTW може да се најде полнач и батерија за чудово?
DOkVHco.jpg
 
ДК,

Денес станав во 8. Бев во WC. Потоа пиев кафе. Потоа излегов во град и го сретнав К. Му велам Кај си бе :pos::pos::pos::pos::pos::pos:, и тој ми вели еве сум. :pos::pos::pos::pos::pos:

Потоа свртив на latinica oti sum mnogu cool.








Само ако не добијам 20 лајкови за овој пост, заради нив го пишував.
 
Драга, во мое време тинејџерките се палеа на Твајлајт и Едвард Кулен, сега се палат на 50 нијанси сива.
:icon_lol:
Не стварно, не сум го гледала филмот, ни читала книгата, ниту планирам, кога ќе видам кој се се треснува од земја јасно ми е за каква публика е наменето.
Знаеш за каква?
ЗА онаа што прати трендови.
Онаа што чита поезија од Дарко Лешовски, онаа што омилен писател му е Паоло Коељо и Лајла Грејс, а за врвот во музиката ја сметаат Ла(ј)на дел Реј и Слаткар. Во различни периоди во животот де :icon_lol:
Тоа се тие луѓе што си прават селфиња по 20 пати во рок од 5 минути, на било кое место, додека чекаат ред пред сендвичара, додека пијат кафе во кафич којшто е полн, а они прават ретардирани фаци и му се смеат вештачки на смартфонот. Е таа публика пред 3 години паѓаше во несвест на моронските досетки од битолскиот дебил Марјан Ѓоргиевски, на кого сега не се ни сеќавааат дека постоел, а му оделе на тие идијотските стенд ап?комедии.
Ако некој во животот ти каже дека чита поезија од Даарко Лешовски, да знаеш дека периодов паѓа во несвест на филмот 50 нијанси сива.
ти гарантирам дека е така.
 
Значи апел е или правило да се поштеди ДК од политички и слични постови?
Никола наведе дека е апел, за Божино после да се изјасни дека се ќе биде бришено и бановите ќе бидат во функција. Консолидирајте ги редовите и произнесете се поконкретно. Чистка и на претходни постови ќе имало читам (нонсенс до јаја). Која е поентата да се сјебат квалитетни постови (пример последниот на Ио) и да се читаат само one line (не)хумористични досетки со твитерашки шмек?
ДК е црната дупка која е неопходна и за овој тип на револт, каде често се сретнуваат далеку поквалитетни четива од оние на горенаведените твитеро-фејсбукаши.

Прашањето беше дали ќе биде правило (ради казнени, банови), остатокот е само мој заклучок кој вас нема да ви е ни битен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom