Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,

веќе три дена откако се одлучи да се укине државниот испит и да се воведе нов закон за високо образование а dzonyb го нема да пише на темата. Паметам истото се случи и со соодветната тема кога се разоткри дека Субрата е една огромна фарса.

Се прашувам дали е се во ред со човеков? Да не му се слошило нешто? Ќе ве молам кој има информација нека ја сподели, нека даде знак човеков дека е жив и здрав, не е во ред вака на мисла да седиме, викенд да му се уништи на човек.
 
Бејби,
Дремнав. За прв пат после којзнае колку време. Си реков ај, може ми треба, пошо не се осеќам нешто ко што треба и само бутам фервекс и чајчиња и се` што викаат било добро за настинка. Не сум се разболела 3 години со ред и не ни сакам, не за друго, ќе ме кошта многу. Да ги поминам прво 90те дена од работа, па да почне да ми се собираат саати за платен одмор, а и осигурање ќе имам... Само да ги поминам 90те дена. А се влечат у пм :D
Иначе сите се среќни со мене на работа. Има само еден што ми јаде гомна и буквално ми го контролира секој потег и не ми дава да си ја работам работата. Ме напна еден ден, ми ја уништи вечерта зашто ме напраи да се осеќам дека сум згрешила, а кога го прашав што он би направил, ми рече истото. Ама зашто јас сум ја донела одлуката, погрешно било. Абе ајде. Па земи работи место мене... Најмлад е, а најмногу се курчи. Битно сите над него ми викаат дека супер работам и дека ми веруваат. Особено д биг бос. Што е за мене најважно. И штом направив муабет со него, се осеќам многу боље. Тапа е што само што вработија уште една типка. Тоа значи помалку саати. Ама барем нема да ми биде толку досадно.

Да не урочам, ама имаме купец за куќата. Не е колку што сакавме да ја продадеме, ама боље него ништо. Пошо можеше да не начекаме друга прилика и да се заебеме многу. Дај боже се` да помине брзо, за да ги добиеме парите.
Овде почнавме веќе да гледаме куќи. Почнаа да рипаат цените и не ми се свиѓа тоа. Треба да најдеме нешто брзо. И оваа што ја рентаме ќе ја продаваат, што е супер, пошо не мора да останеме цела година, како што беше првичниот договор. Едвај чекам да влеземе во наша куќа, и се` што инвестираме во куќата да биде за нас.
Никако да си најдам нешто за косава овде еј. Ништо не помага. Ко був сум
BadHairDay.gif


Гледав слики од собиранката и видов се собрале и стари членови, и сеа ептен ми е криво што не ја организираа додека бев таму :place:
 
Драга...

... да не бидам надвор од шемата.


Ко мал имав crush на типката во спотот, за жал го нема на Јутуб. Сепак го имам снимено овој спот и многу други на видео касета :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom