Драга, доцна е. А и е прерано.
Не знам што е следно ниту прашувам. Ловам поглед и летам змејови. Утре ќе одиме на филхармонија, ако бидне. Паѓам во заљуб, просто е така. И просто не знам дали е во ред. Од кога па јас тоа се прашувам дали е во ред или не? Ноќна смена ми држи срцево. Се’ е така едноставно со него. Се’ има тек. Се’ има страст, има смеа и разбирачка. Има и илузија и визија. За едно мало човече како мене и него. Некое наше идно соѕвездие.
Ич не се плашам. А сепак прашањата виорат.
Не за друго, оти мојата приказна е јасна и излегува дека чекам. Повторно. Знаеш дека имам чекано секој пат?
Well, овој пат едноставно морам да застанам до себе.
Си замислувам чудесии со него. Тотална тинејџерка.
Ме вртат несоници, а така би му го бакнувала носот во сон.
Ете тоа. Човек просто спобудалува со вишок емоции.
М.