Не видов ниту едно срце, цел ден сум по кафиња, уште малце ќе тргнам да си го гледам Вардар и цел ден успешно избегнувам социјални мрежи за да не ми се слоши од толку љубов. Плус си купив и книга, така што за мене денов за сега е совршен.
Патем, веќе неколку дена се расправам за тоа, не знам како некои луѓе не разбираат дека нема врска љубовниот статус со ставот околу Валентајн. Каков и да ми е љубовниот статус НЕ го славам, не го сакам, ужасен ми е и пред некој ден кога влегов во Сити мол и ги видов сите оние исфорсирани ужасни срциња и романтики ми се идеше да си ја треснам главата во ѕид.
Има луѓе кои и во врска не слават Валентајн, еве не знам.
Нека си прави романтики кој како сака и колку сака, слободен избор и желба е тоа, само молам да не ме убедуваат и да зборат дека само тие што се сингл не го сакале, пошто врска нема тоа со живот.
Ако си во врска и славиш Валентајн, убаво за тебе, супер, ако ти е убаво терај си, ама не си експерт, не си над другите па да кажуваш дека другите само се тешеле. Прави си како ти е убаво и остави и на другите да не го сакаат, без да им објаснуваш психолошки зошто не го сакале.