ДРГ “Ние не сме Македончиња, ние сме Македонци“. Какви?
Има една фраза која воопшто не ми се допаѓа, а гласи- “Прост народ, јака држава“. Македонскиот народ не е воопшто прост, ниту пак глупав. Првенствено имаме едно медиумско ограничување каде што во центарот на вниманието се поплавите. ОК, зошто и не би биле? Со заемната помош и хуманост се мери поврзаноста, зваемноста и издржливоста на еден народ односно нација. Тука се мери и патриотизмот. (што е народот без државата, и обратно?!) И нормално другата логичка алка, покрај медиумското премолчување на настаните, е желбата за власт.
Многумина кои важат за интелектуални тела преку одредени ново оформирани невладини организации алудираат на заштита на Македонија. Но што е проблемот? Проблемот лежи во тоа што интелектуалните тела не би требало да дозволат манипулација односно проигрување со нивните умови, гледаме и злоупотреба на општествениот статус. И еве масивна подршка. Но пред очи ни се случува распад на институциите! Пред една недела беше разрешен некаков заменик секретар во 5-тата управа (како и да беше тоа работно место, со новите измени во Законот тоа воопшто не ни постои). Интересно! Деновиве претреси и апсења. Општа паника владее во органите на извршната власт. Единствениот изговор им е поврзаноста со опозицијата и странските тајни служби, местенки и губење на време!
Чим е заборавен феноменот со монополот во месната индустрија или пак она што се инвестира во Прага, во ред тогаш не постои ниту криминал, ниту недемократија, ниту прислушкување. Постои само патриотизмот на Македонецот кој понесен со убавата слика од розевите очила и оди со главата во ѕид.
Дали има некаков проблем? Апсолутно не. Најголемиот дел од пораките ги праќаат демохристијанските партии кои велат дека има економски раст и развој, демократија, квалитетно образование и сл. Само нашето образование е “боли глава“ (во негативна смисла). Како е возможно еден, денес средношколец, утре матурант, да оди да учи во странство?! Со 2 оценки по еден ист предмет, сведителството не му важи! Или во кратки црти се се прави со цел младите да останат во оваа “совршена“ држава. И да не го спомнам Законот од 14-ти јануари.......
И заклучокот!? Постојат сериозни проблеми за кои не се дискутира. Ништо ново во заклучокот. Но повторно настанува проблем. Ова се ново (односно скоро) настанати проблеми за кои би требало да се дискутира, но бидејќи навечер со очите ги броиме ѕвездите, а преку ден не разликуваме црвено од зелено и вршиме самоубиство на целиот народ односно нација.
Молкот значи подршка, бунтот значи неуспех, а тапкањето на грбот на самите власти значи предавство.
Што значи дека нашево општество претставува лавиринт кои има неколку правци, првиот до успехот, пари, власт, но не и зацртана цел. Вториот во скутот на опозицијата, денес пројди така, утре си на власт ќе имаш буквално се, и третиот е до слободоумството.
И за крај. Државата мора да ја води одредена политичка партија, но тоа нека биде избрана од самиот народ......сите ние добро знаеме што се случува по спуштањето на завесите.
