Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги, недела е, понеделник се спрема, дал се бањаш или си ставаш крема :toe:
Боро го немаше два дена, се врати денес и од 12 до сега 7 пати јадеше :ojeaa:
Заљубен е малиот изгледа :pivo2:
Слушам на канал 5, "Движењето на марионети на Грујо" секој ден се повеќе и повеќе се зголемувало со нови анонимуси кои глумат експерти читајќи веќе напишани говори.
Експерти насекаде, на која програма и да пуштиш само експерти можеш да видиш.
images


Камо да им текнеше дека париве што ги фрлија за наводни странски експерти што ни кажуваат дека ЗаЈев не чинел, да ги вложеа како помош за поплавениве ќе добиеа многу поискрени симпатизери отколку оние кои и онака ги купуваат со пари.

Од друга страна, гледам какви младинци прибрале во СДС. Новата генерација полтрони со факултетски дипломи добиени со помош на сопартиските врски :motorce:
Тешко нас ако очекуваат дека граѓаниве треба да се потпрат на нив во иднина :popce:

Meanwhile, Рамиз ефенди има брада MilkyWay :lolzz:
images
 
Последно уредено:
Џабе ти е цел живот филозофија и самоубедување дека парите ич не ми се битни, кога дремиш дома во недела со 2 денари во џеб и 4 празни кутии цигари а ти се излегува од дома бар само на кафе.
 
Драга лошо е чуството коа немаш скрешен динар во дзеб ни за едно кафе да искочиш нели е лошо е лошо ......
Али ако троланјето на интернет и по форуми ке му дадат за да има некој денар во дзеб ако не бар ништо за едно кафе ......
 
Драга, ако поседам уште малку пред компјутер ќе почнам да зрачам :busi:.
Не се сеќавам кога последен пат излегов за викенд.
Само уште 5 табели, малку броење и статистика и готова сум :D
Надвор пак врне снег. Не сакам снег.
 
Кајги,

едно не ми е јасно. ``Граѓанско движење за одбрана на Македонија``???? Не нападнаа невидливи сили изгледа. Можда Волдеморт под невидливата наметка, друго објаснување нема.... Свашта..

И треба луѓето веќе да сфатат дека кај нас политичките криминалци не одат во затвор. Нема државата толку пари да ги облекува и храни сите! Премногу се...

И многу е глупо кога луѓето со кои живееш ти зборат позади грб....мхм... али јебига... нив не си се оправиле во животот, мене ќе ме оправаат... :kuracc:

Уште 3 дена и си одам дома! Конечно....
 
Пак јас со first world problems...
Па нели требаше да се инфилтрирам?
Лажам, хипохондрик сум.
Мазохизам е кога си на диета, а користиш шампон со мирис на мед, гел со мирис на какао и ванила, сапунче со мирис на млеко... И на крај се финишираш со кокосово масло.
Имам самоконтрола како на спиритуален гуру. Или инат, не сум сигурна кое е поголемо.
 
Постовите на @Io Sono Interista и @Misery ( неколку страни претходно) ... Ако треба ќе ги прочитам сите глупи банални постови у ДК, само да се појави таков некој пост барем еднаш од 50тина мислења.[DOUBLEPOST=1423414548][/DOUBLEPOST]Постовите на @Io Sono Interista и @Misery ( неколку страни претходно) ... Ако треба ќе ги прочитам сите глупи банални постови у ДК, само да се појави таков некој пост барем еднаш од 50тина мислења.
 
Еве веќе пола саат го разгледувам форумов и дојдов до заклучок дека не е тоа што беше, многу е станат...ај да не навредувам, доволно е да кажам, станат е многу Сунѓерот Боб.

Дечки што ве знам, ме имате на Фејсбук. Не дека ќе се бришам, далеку од тоа ама не е форумов повеќе за секојдневно пуштање и читање. Се читаме во подобри времиња, веројатно ќе бидат некад. :)
 
Драга,

Годинава моиве прават 30 годишнина, таму негде кон крајот на годинава.
Ваљда дотогаш ќе иам мои заработени пари за да им купам нешто по тој повод.
Мада реално, би му купила само нешто на татко ми за трудот кој го вложува сите овие години за да трпи хистерија од жена.
Јас после ден дома почнувам да се каам зашто уопште морам и да се враќам дома.
Најголема казна и мизерија во животов ќе ми биде ако набрзо и легално не си ја сменам домашната адреса.
 
Драга малку троланје и одма почнаа да ми стигаат приватни пораки
а мене коа ме тролаа за платата само на Ацид му писав како да ја деактиварам сметката тука
ми ја сфакаш поентата
ајде биди ми поздравена
 
Драга,

Гледам сеуште постоиш и мило ми е за тоа едно од ретките места да си кажи човек маките :).Зад ников ти е што би рекол @парва еден стар „негативно наелектризиран“член, но доста зборлесто и забегано типче во реалност :D.
Гледам многу нови никови тука, поминало многу време откако сум аут и се мениле многу работи :) Јас ти дојдов троа да ти се пофалам, троа да попцујам некои срања што се случуваат во
околу мене :)
Споредено со периодот пред година и пол ми тргна на подобро последниве месеци, се надевам ќе продолжи на уште подобро. Уште посреќен ме прават личностите кои се покрај мене, посебно старо-новиов цимер :love:. Постдипломските одат одлично избрав предмети кои важеа за најтешки помеѓу постарите колеги и кај еден од најинтелигентните луѓе што сум ги сретнал досега, професор со огромно знаење, строги принципи и со воведени норми кои ги има во скандинавскиот свет, чест ми е што го затекнав овој професор и што студирам во период кога тој предава. Работното место кое го најдов ме прави особено горд, најмногу што иако не го исполнував критериумот за минимум 2 години работно искуство ги минав сите тестирања со сите можни поени и ради тоа ме примија, најмлад сум таму и тоа мнооогу помлад од сите одлично платен и ценет. Добив дури и понуда за демонстратор, но морав да ја отстапам на друг бидејќи работата ми го исполнува скоро целото време. Е сега ме омекна животов со цимеров нов троа, но не смеам да ја расипам сликата на мрчатор тука и на некој што пцуе па мора да напишам и малку помрачни работи.
Си одам вчера кон мојов роден крај со вовчето и во купето се качуваат двајца пензионери од Скопје, прават муабет и си кажуваат кој на каде оди. Едново :anco: тргнало од Скопје за Прилеп оти слушнал во Прилеп имало убаво, а ефтино сирење, па вика да искористам возов дека без пари ќе одам да си земам 2 кила сирење од Мариовците :facepalm:. Мизерија од народ сме, ако е на гага да се искористи, па дали треба или не, нема врска. Е се убо ова ама возот сиба мајката па отседивме после Богомила впланина 3 саати, и наместо во 10 стигнавме дома во 13 часот.

Гледам денес низ документите дома ми изминала пред една недела гаранцијата на лаптопот, па ајде сам да го исчистам да не им платам 600ки на амц преварантите. И си чачкам таму си вадам штрафче по штрафче стрпливо, а мајка пуштила телевизорот и гледа нешто за поплавите изјави на канал5, одеднаш изникнува како стручно лице кое треба да каже мислење и мотивација за народот Баба Рада, ми дојде лутина да фрлам со штрафцигерот. Абе да се гонат упм, толку млади деца седат невработени, а онаа идиотката стара се мота по телевизија и славна станала упичку матер. Сапун за ваквите драга, само сапун нема друго чаре.
Со бодибилдингот малку поголема пауза, али како мравките се обезбедив со суплементација за 3 месеци однапред (4 канти протеин, 2 типа креатини, бета аланин, ЗМА, килограм глутамин), уште 2 недели да минат испитите и се враќам пак во тие води, најава на 8% бодифат за крај на јуни годинава. Тоа е тоа што се случуваше во изминативе година и нешто, ајт ојдов да учам буква, а за парва наградно прашање кој беше негативно наелектризираниот билдер на форумов :kezec:.
 
Скaфaндер. Дa си oблечеш еден и дa oтидеш некде уџум у плaнинa пo снегoвите или дa oблечеш еден oд oние вселенскине и дa фaтиш тaму гoре пo беспaќaтa. Мoментaлнo пoвише сум зa втoрoвo...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom