Драгааа
Да не ми се секираш ти или некој рандом член

се спакував! У еден куфер и тоа се!
Ај чоколадите не беа толку трагични, ама кафематот, geneva box -овите за моите и другите поклони беа потрагични.
Си бев до Полска и назад.

Си ја видов мајка и сите останати.
Ептен многу ми се напраи мерак што ја разгалив мајка миљон.

Ја однесов еден ден на шопинг и и купив миљон ствари за по дома, ги стаивме доле у подрумчето и и напраив мини продавница

Да не мора да купува некои ствари од типот на млеко, кафе, шеќер и прашаци глупости. Може да иде до подрум само.
И платив и кирија за следните 3 месеци ама ќути пошто не знае уште. Склучив пакт со дечкото што ни го изнајмува станот да ќути дур мајка не му се јави да му рече да дое да му плати. Тоаш ќе и каже да не се замара за кирија и вода! ХА!
После ја однесов на уште неколку други мини шопинзи и и купив се што посака!
Една од касиерките ни рече дека до сеа немала муштерики ко нас две

Сакаше и машина за шиење ама скапа беше па не ја зема.
ХА! И ја купив за Нова година.

На крај пред да си одам и остаив пари и писмо у шминките и ми се јави плачејќи пошо писмото ја додирнало ептен. :/
Драга, мајка порано работеше на пазар. Има умирано од топло и смрзнувано од ладно. Пренесувано иљадници килограми на роба од тезга до магацин и назад секој ден. За да може да не исшколува и да ни овозможи нормален живот. Се сеќќавам кога доаѓаше дома капната од умор

Многу сум среќна што заработувам доволно добро да можам да ја разгалам барем малку.
И татко ми го разгалив кога бев у Мк ама не до толку

Енивеј...Следна цел ми е да и купам стан да не мора да плаќа кирија. Ама за тоа ваљда ќе треба да почекам до летоска. Се надевам ќе бидне побрзо ама ќе видиме. Не ми се брза
И со братучетките бев до Вроцлав за журка, со внуците во кино...
Забавно ми беше. И времето ни се погоди...
Си ги средив и забите конечно!
Забарот ми е мн тивок чоек и ме напињаше. Ќе го прашам нешто и го глеам дека размислува за тоа, ќе ми каже нешто и после мумла...ффс!
Поише муабет ми напраи последниот пат коа бев на белење.
Шр. Прај ми муабет коа не можам да зборам или да мрдам многу.
И секако, на крај кога си доаѓав назад успеав 15 саати менување автобуси, трамваи, чуда глупости, да стигнам дома жива и здрава. 2 саати дома и си го пукнав/скршив малото прсте на левата нога.

Ѕвер сум, знам!
А денес бев на шопинг по чизми.
Тука додуша сонце пука, 15 степени беше денес. ама ќе се најдат
Ај чао сеа
