Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Вчера гледав филм со изолираност во самица (со книги и радио), и си помислив колку се раат луѓето (од секојдневните брзаници за туѓи интереси). Знам дека делува погрешно или приглупо, ама така си помислив.
 
кај стариов се насобрале десетина мачки, секој пат кога ќе дојдам има по две нови и онака само шеткаат , едно влезе во куќата па ја оставив вратата да излези

it's like meowschwitz in here
 
Драга,
Внук ми ми го скри телефонот вчера и уште не можеме да го најдеме :( му се потроши и батеријата така да сега останувам на милост и немилост на мојот 1,5 годишен внук...викаш ќе ми го врати?
 
Кајги каков трип сум имал еј.....
Извадок од смс пораки од самсунгот:
  1. 01:37 Srce bremena sum
  2. 01:41 Ja koa ti vikav kondom ti ne
  3. 01:42 Sega sto ke pravime ?
  4. 01:43 Jas ke te prijavam utre vo policija zaradi voznemiruvanje. Pa posle bidi trudna so tuzba.
  5. 01:44 Za so policija??
  6. 01:45 Ke ti kazat
  7. 01:46 Hahahahahahahaha
  8. 01:46 Neli me sakas
  9. 01:49 Ajj javimise
  10. 01:52 Bobance jas sum
Болдираните се мои пораки.
То е Кајги. Јбг. Кај им кршам ребра на колегите, сега уште и сум оставил некоја трудна. Јас сум баксуз.
 
Драга од 1 почнав да учам. Еве 3 ипол саати поминаа од тогаш и јадев, пиев кафе со девојка ми, гледав Сити-Тотенхем, сеа гледам комбинирано повеќе утакмици и поминав цели 0 страни. Најјако учење до сега. :D
 
Драга,

Тркнав да извадам слики (во материјална форма) од дипломската и некои во последните 2-3 години кои не сме ги материјализирале, и ми светна дека дома иаме над 1000 фотографии, од кои дали пола се во албуми, онака средени и организирани. Другите се онака расфрлани, буквално расфрлани низ фиоки, за срамота. Префрлувани од еден албум во друг, па во трет, па ни скурчило и сме ги фрлиле онака, кај стигнеме.
И сега решив дека ќе ја поминам секоја соба во потрага по фотографии, ќе купам уште 3-4-5 албуми ако треба, али има се да биде под конец организирано.
Човек без попаметна работа во животот, што редовно си наоѓа занимација. :X3:
 
Фудбалот досаден и бил се труело многу со него а до пред 7-8 години и ракометот и беше досаден но сеа мора од секоја утакмица на Металург да ми го контаминира Фејсбукот и Твитерот со милион селфиња. Чекај да пркне некоја наша екипа во фудбал и ќе ми баботиш кој бил појак Клечкарковски или Дашјан, ебате глупата. После ќе ви викаат појма немате спорт женски сте, па убаво ви викаат. Зелки.

Кога сме веќе на оваа тема, не е малце нездрава работа да сликаш селфиња? Ај еднаш да постираш ти прошол меракот ами да се сликаш сам себе по 100 пати на ден? Psychiatry level overload.
 
Дебилни филмови драга, сакаат да го вратат времето за да ги исправат грешките со нивните сакани, дебакл, абе чист дебакл. Шо да им праам коа не знаат да живеат, теле се учи, не вол. :icon_mrgr:

Ех да можам да го вратам времето, на кладилнициве ќе им го ебам семето.
 
Вака ли кофеин, енегретски пијалок ова она... Пред да си дојдам од работа мавнав една лименка, еден час после тоа ваќе бав заспан... (а бев спан 5 часа и воопшто не бев изморен) :confused:
 
Драга ... денов ќе го памтам уште дооолго време ... денес ми заврши периодот од 1 месец за отказното решение кое што самата го поднесов ... и денес си добив понуда за 1.000.000 пати подобра работа :)
Уствари истата работа, од мојата бранша, али кај 1.000.000 пати подобар и пофер човек.

Моментот кога ќе дојдат твоите 5 минути, и кога ќе ги искористиш на најдобар можен начин е ... priceless ;)

Моментот кога газдата си се курчи, и си се курчи, и си се курчи ... затоа што е свесен дека вработениот (јас) има поголеми квалитети и поголемо знаење од него за тој бизнис и таа област од бизнис секторот (мојата професија), и тоа ужасно го погодува и егото не му дозволува да признае дека си подобар од него, и затоа се понаша така како што се понаша (малку курчење и занесување).

Но тркалото се врти, и доаѓаат тие златни 5 минути ... и на крај доаѓа моментот кога газдата зависи на еден начин од вработениот.

Да беше човекот фер и коректен, како што бев јас максимално фер и коректна (дури и повеќе од што заслужува) ... со задоволство ќе му помогнев и ќе му излезев во пресрет.
Али кој како си се понаша, така и ќе му се врати.

Се' на се' ... закон ден, а отсега ќе следуваат уште мнооооогу закон денови ... поготово кога си имаш прекрасна личност покрај себе :love:
 
Драга...

... некад сум премногу добар. Пред два дена напраив 2 месеци трезност (не alcohol free, туку не праење говно пијан). Дента пред да одлучам да не пијам веќе толку, праев многу глупости таа вечер, и утредента решив крај да ставам. Таа вечер, една од глупостите беше следнава (поточно била, пошто ми кажаа дека се десило). Кај Ла Делишс има двајца старци што собираат пари, бездомници. Одејќи, погрешка сум го шутнал кутивчето кај што му се парите на едниот, расфрлајќи ги на сите страни, па човекот морал да ги собира. Утредента кога слушнав, ми идеше сам да се истепам, пошто е крајно дебилно и идиотски. Викав следниот пат коа ќе поминам и ќе го видам ќе му оставам некој денар. И тоа направив вчера. Нешто сосема ситно му оставив, не е ни битно пошто сигурен сум дека типот дневно од тоа праи поише пари од мене, па не е ни којзнае колкава помош или ќе смени нешто. Али не е толку битно тоа, важно е што го напраив гестот и на некој начин си ја попраив грешката. Постов е за мене. А поентата ми е, I'm a good person - Love meeee! Love meeeee!

#Его
 
Драга Кајгана,
Знаеш ли дека постојат некои работи кои те прават да се чувствуваш посамоуверено, посвежо и поубаво. Една од тие работи е купувањето на нова облека:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom