Конечно и јас да искористам некоја од придобивките наменети за одредени луѓе од нашава државичка 
Сум го оргaнизирал дел од друштвото за недела дена за да ги искористиме бесплатните возови за студенти
Благодарение на кајганава и неколку кајганџии кои ми помогнаа околу местото, ја одбравме локацијата која вредеше да се посети.
Со оглед на тоа што викендов е Пивофест, настани какви што не ми се по мерак ради големите гужви (особено во возовите) решивме да одиме во југоисточна Македонија. За да се задоволат сите апетити, беше одбрано МИРАВЦИ
Веројатно местово е познато пошто се одржувале транс журки таму, ама за мене беше тотална непознаница како и за остатокот од друштвото.
И така Белиот рај во Миравци влезе во местата кои биле посетени од наша страна
Ќе го опишам патувањето во неколку црти:
-Возовите треба подитно да се сменат. Не се чистени со години, внатре смрдеше ќе се угушевме, ама барем беше скоро празен па цел вагон за нас го имавме
Железничките станици посебна прича, како они салонине од играна за нинтендо, кога ги пуцаш тие што искачаат и им паѓаат гаќите ако ги погодиш
Одвај успевавме да ги отвориме прозорите во возот, ама џабе кога пак се затвараа. И за тоа се најде решение 
-Стигаме во Миравци без никаква идеја на каде да одиме. Од железничка ни викаат одете по патов, ќе дојдете до чешмата на центарот во селото, таму ќе прашате како да стигнете до рајот. По пат работливи луѓе. Секоја чест на таква жештина да работиш на нивите... Миравци има два терени спремни за играње на второлигашки, па и прволигашки екипи само им фалат трибинчиња
За теренот на ФК Миравци знаев, ама за теренот на Миравскиот Марадона не сум знаел 
Почнавме да навлегуваме во селото и сите не упатуваа кон чешмата во центарот на селото. Одма ни застана еден со кола, да не праша дали одиме до рајот, и дали сме сакале да ни биде такси пошто далеку било од таму. Ги утна луѓето, ние цело Скопје го одиме, па 5 километри проблем ли се?
Наполнивме вода од чешмата и не чекаа уште низа угорници до нашата цел 
Најинтересен детал во селото ни беа штрковите
Со оглед на тоа дека бев спиен саат време, а одевме по угорница без сенка на 50 степени, мислев дека ќе почнам да халуцинирам
Се слушшаше жуборење на вода, ама никако да ја видиме рекичката од сликите на кајганава во темата за југоисточна Македонија.
После еден час одење од железничката дојдовме до рајот
Прекрасно место, со рекичка која течеше помеѓу најрани видови на карпи. Си имаше ресторанче во кое неколку часа бевме единствените гости. Потоа се наполни попладнето, а фативме дел и од некоја театарска претстава која се одржуваше на местото. Не можев да не и се израдувам на водата. Соблеков одма патиките, и прво влегување, се лизнав на еден камен и со се облека право во вода
После си ја закачив облеката да се суши и си ги облеков купачите
Рекичката имаше делови со различна длабочина, ама скоро секаде беше грч ладна. Со оглед на тоа што немав соодетна облека, влегував само кај што беше малце над коленици, така да целосно задоволство да се избањам асално оставам за друг пат. Се потсетив на детството кога одев бос по улици. Милион камчиња ми влегоа во стаполото кога ги искачував карпите во околината. Дефинитивно беше најубаво кога кај едно мало "водопадче" си седев на карпа додека нозете ми беа во вода па си добив бесплатна масажа со оглед на тоа што водата поминуваше со голема брзина и ми ги "масираше" нозете 
Само неколку сликички од местово
Околните жители се бањаа во ладната вода, гајле немаа. Се навикнав и јас после некое време, чим во Радика сум пливал, во секоја друга вода можам да се навикнам
Услугата супер, транс музиче во позадина, жуборење на вода, чиста десетка.
Неколку часа ни траеше задоволството пред да се симнеме на ручек во селото и да си ги пакуваме куферите за Скопје
Патот до селото ни беше како низ пустина да одиме. Утепани од сонцето со оглед на тоа што се заборавив на карпите и во вода, одвај стигнавме до ресторанот во селото
Едно е сигурно, кога селаните зборат меѓу себе, ништо не можеш да ги разбереш.
Младите од селото едногласни, сакаат да бегаат што побрзо иако рекоа дека за разлика од другите села, добар е животот тука и не поканија некогаш да дојдеме во кафичот ПариС
И не ми е јасно како во сите села во Македонијава, нема други плакати освен од ВМРО и секој втор носи маица или капа од ВМРО
Се заљубив во местово, иако мислев да ги шетаме и другите делови од Македонија наредни прилики, сепак мислам дека неколку пати ќе се вратам во местово до крајот на летото
Плус си фатив боичка, одма поцрнев

Сум го оргaнизирал дел од друштвото за недела дена за да ги искористиме бесплатните возови за студенти

Со оглед на тоа што викендов е Пивофест, настани какви што не ми се по мерак ради големите гужви (особено во возовите) решивме да одиме во југоисточна Македонија. За да се задоволат сите апетити, беше одбрано МИРАВЦИ

И така Белиот рај во Миравци влезе во местата кои биле посетени од наша страна

Ќе го опишам патувањето во неколку црти:
-Возовите треба подитно да се сменат. Не се чистени со години, внатре смрдеше ќе се угушевме, ама барем беше скоро празен па цел вагон за нас го имавме



-Стигаме во Миравци без никаква идеја на каде да одиме. Од железничка ни викаат одете по патов, ќе дојдете до чешмата на центарот во селото, таму ќе прашате како да стигнете до рајот. По пат работливи луѓе. Секоја чест на таква жештина да работиш на нивите... Миравци има два терени спремни за играње на второлигашки, па и прволигашки екипи само им фалат трибинчиња


Почнавме да навлегуваме во селото и сите не упатуваа кон чешмата во центарот на селото. Одма ни застана еден со кола, да не праша дали одиме до рајот, и дали сме сакале да ни биде такси пошто далеку било од таму. Ги утна луѓето, ние цело Скопје го одиме, па 5 километри проблем ли се?


Најинтересен детал во селото ни беа штрковите

Со оглед на тоа дека бев спиен саат време, а одевме по угорница без сенка на 50 степени, мислев дека ќе почнам да халуцинирам

Се слушшаше жуборење на вода, ама никако да ја видиме рекичката од сликите на кајганава во темата за југоисточна Македонија.
После еден час одење од железничката дојдовме до рајот

Прекрасно место, со рекичка која течеше помеѓу најрани видови на карпи. Си имаше ресторанче во кое неколку часа бевме единствените гости. Потоа се наполни попладнето, а фативме дел и од некоја театарска претстава која се одржуваше на местото. Не можев да не и се израдувам на водата. Соблеков одма патиките, и прво влегување, се лизнав на еден камен и со се облека право во вода



Само неколку сликички од местово

Околните жители се бањаа во ладната вода, гајле немаа. Се навикнав и јас после некое време, чим во Радика сум пливал, во секоја друга вода можам да се навикнам

Неколку часа ни траеше задоволството пред да се симнеме на ручек во селото и да си ги пакуваме куферите за Скопје

Патот до селото ни беше како низ пустина да одиме. Утепани од сонцето со оглед на тоа што се заборавив на карпите и во вода, одвај стигнавме до ресторанот во селото

Младите од селото едногласни, сакаат да бегаат што побрзо иако рекоа дека за разлика од другите села, добар е животот тука и не поканија некогаш да дојдеме во кафичот ПариС

И не ми е јасно како во сите села во Македонијава, нема други плакати освен од ВМРО и секој втор носи маица или капа од ВМРО

Се заљубив во местово, иако мислев да ги шетаме и другите делови од Македонија наредни прилики, сепак мислам дека неколку пати ќе се вратам во местово до крајот на летото

Плус си фатив боичка, одма поцрнев

Последно уредено: