Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Конечно и јас да искористам некоја од придобивките наменети за одредени луѓе од нашава државичка :pipi:
Сум го оргaнизирал дел од друштвото за недела дена за да ги искористиме бесплатните возови за студенти :icon_mrgr: Благодарение на кајганава и неколку кајганџии кои ми помогнаа околу местото, ја одбравме локацијата која вредеше да се посети.
Со оглед на тоа што викендов е Пивофест, настани какви што не ми се по мерак ради големите гужви (особено во возовите) решивме да одиме во југоисточна Македонија. За да се задоволат сите апетити, беше одбрано МИРАВЦИ :icon_mrgr: Веројатно местово е познато пошто се одржувале транс журки таму, ама за мене беше тотална непознаница како и за остатокот од друштвото.
И така Белиот рај во Миравци влезе во местата кои биле посетени од наша страна :гик:
Ќе го опишам патувањето во неколку црти:
-Возовите треба подитно да се сменат. Не се чистени со години, внатре смрдеше ќе се угушевме, ама барем беше скоро празен па цел вагон за нас го имавме :icon_mrgr: Железничките станици посебна прича, како они салонине од играна за нинтендо, кога ги пуцаш тие што искачаат и им паѓаат гаќите ако ги погодиш :ROFLMAO: Одвај успевавме да ги отвориме прозорите во возот, ама џабе кога пак се затвараа. И за тоа се најде решение :)
IMG_2194.JPG

-Стигаме во Миравци без никаква идеја на каде да одиме. Од железничка ни викаат одете по патов, ќе дојдете до чешмата на центарот во селото, таму ќе прашате како да стигнете до рајот. По пат работливи луѓе. Секоја чест на таква жештина да работиш на нивите... Миравци има два терени спремни за играње на второлигашки, па и прволигашки екипи само им фалат трибинчиња :D За теренот на ФК Миравци знаев, ама за теренот на Миравскиот Марадона не сум знаел :icon_mrgr:
IMG_2214.JPG
Почнавме да навлегуваме во селото и сите не упатуваа кон чешмата во центарот на селото. Одма ни застана еден со кола, да не праша дали одиме до рајот, и дали сме сакале да ни биде такси пошто далеку било од таму. Ги утна луѓето, ние цело Скопје го одиме, па 5 километри проблем ли се? :icon_mrgr: Наполнивме вода од чешмата и не чекаа уште низа угорници до нашата цел :D
Најинтересен детал во селото ни беа штрковите :icon_mrgr:
IMG_2224.JPG
Со оглед на тоа дека бев спиен саат време, а одевме по угорница без сенка на 50 степени, мислев дека ќе почнам да халуцинирам :icon_mrgr:
Се слушшаше жуборење на вода, ама никако да ја видиме рекичката од сликите на кајганава во темата за југоисточна Македонија.
После еден час одење од железничката дојдовме до рајот :D
Прекрасно место, со рекичка која течеше помеѓу најрани видови на карпи. Си имаше ресторанче во кое неколку часа бевме единствените гости. Потоа се наполни попладнето, а фативме дел и од некоја театарска претстава која се одржуваше на местото. Не можев да не и се израдувам на водата. Соблеков одма патиките, и прво влегување, се лизнав на еден камен и со се облека право во вода :icon_mrgr: После си ја закачив облеката да се суши и си ги облеков купачите :icon_mrgr: Рекичката имаше делови со различна длабочина, ама скоро секаде беше грч ладна. Со оглед на тоа што немав соодетна облека, влегував само кај што беше малце над коленици, така да целосно задоволство да се избањам асално оставам за друг пат. Се потсетив на детството кога одев бос по улици. Милион камчиња ми влегоа во стаполото кога ги искачував карпите во околината. Дефинитивно беше најубаво кога кај едно мало "водопадче" си седев на карпа додека нозете ми беа во вода па си добив бесплатна масажа со оглед на тоа што водата поминуваше со голема брзина и ми ги "масираше" нозете :noze:
DSC01878.JPG IMG_2238.JPG

ewrrer.png
Само неколку сликички од местово :D
Околните жители се бањаа во ладната вода, гајле немаа. Се навикнав и јас после некое време, чим во Радика сум пливал, во секоја друга вода можам да се навикнам :D Услугата супер, транс музиче во позадина, жуборење на вода, чиста десетка.
Неколку часа ни траеше задоволството пред да се симнеме на ручек во селото и да си ги пакуваме куферите за Скопје :icon_mrgr:
Патот до селото ни беше како низ пустина да одиме. Утепани од сонцето со оглед на тоа што се заборавив на карпите и во вода, одвај стигнавме до ресторанот во селото :D Едно е сигурно, кога селаните зборат меѓу себе, ништо не можеш да ги разбереш.
Младите од селото едногласни, сакаат да бегаат што побрзо иако рекоа дека за разлика од другите села, добар е животот тука и не поканија некогаш да дојдеме во кафичот ПариС :D
И не ми е јасно како во сите села во Македонијава, нема други плакати освен од ВМРО и секој втор носи маица или капа од ВМРО :icon_mrgr:

Се заљубив во местово, иако мислев да ги шетаме и другите делови од Македонија наредни прилики, сепак мислам дека неколку пати ќе се вратам во местово до крајот на летото :icon_mrgr:
Плус си фатив боичка, одма поцрнев :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
ДК
I am celebrating and I am drunk as fuck.I feel awesome by the way:vozbud::vozbud:
пс
Славењево е за парите шо ги лапнав од дуелот Германија-Аргентина и не не ја откривам сумата.Cheers
smileys-cheers-054771.gif
 
Кајгич,

Се навлекоа сите на глобалниот тренд на глумење бесчувствителни копилиња, оперирани од секаква емоција САМО за да се кул и интересни пред другите.
Ало, ништо не е поубаво од искрена емоција. Макар и тага била. Ти дава бре до знаење дека не си робот.
Ама што да се прави, се научија луѓево дека е интересно да кажеш 'Кур ме боли' колку да си речат другите ЛЕЛЕ БРАВО КАКО МОЖЕШ. А тоа шо дома три перници ќе ги утопиш од плачење и ќе се задушиш у сопствената мака ќе го оставиме за некои наредни времиња коа ќе стане и тоа кул.
До тогаш, трпи фасади зад кои се кријат емоции.
 
Драга Кајгана, обидувајќи се да звучиме паметно звучиме глупо.
Чекај малку! Значи јас сега најверојатно звучам глупо?
 
Драга, конечно и ја да отидов на одмор во Грција - кои чудни погледи ги добивав порано кога ќе кажев дека не сум била никогаш таму. :facepalm:

Инаку, супер си поминав Кајг :cool:, фала на прашање, и покрај тоа што еден ден имаше невреме, потоа паѓање и доста јако гребење на коленото (уште не ми зарасна раната :(), неизбежните изгореници од сонце и мачкање со кисело млеко последниот ден. И најнормално, немањето wi-fi со добар сигнал.

Nevertheless, си уживав со сестра ми (која и онака ретко ја гледам пошто работи во странство) и мајка ми; се изнапливав, сончав - не сум веќе бела како сиренце ,туку црвена од глава до пети :X3: (се надевам брзо ќе потемне изгореното :noze:), си прочитав еден куп книги (A Song Of Ice and Fire уште малце ја комплетирам, потоа Divergent, Insurgent, Allegiant...).

Туку, Кајг песнава ме изнaсмеала :D - уште ми е чудно како не сум ја знаела претходно.

:pos:


Tака драга, да земам да те разлистам да видам што има старо/ново, па од утре на работа, на труд - имам игра за правење и два проекта ме чекаат.
Биди ми поздравена. :)
 
Драга,

како помлад го барав господ насекаде. Се шалтав по храмови за да го почувствувам неговото присуство.
И после тоа се појави Гугл, и тек тогаш ја почувствувам неговата семоќ и возвишеност. Фала ти Гугл господе. Штом те има, јас сум семоќен. :D
 
Можеби периодов и не е најубавиот во мојот живот, ама на моите блиски им се случуваат прекрасни работи и за мене тоа е доволна причина да бидам пресреќна од тука до небото. Само вакви вести да слушам, само насмеани и убави приказни да ми кажуваат, се останато ќе биде во ред.
Пресреќна сум. Пресреќна, особено кога прекрасни луѓе конечно ќе ја добијат среќата која што ја заслужуваат.
 
Последен пат кога го видов не знаеше ни да се облече сам, сега е 8 години и муабетот што вечерва ми го направи:

- Знаеш како е да си заљубен? Кога ќе ја видиш да се вцрвениш, да не можеш убаво да стоиш и некако како стомакот да те боли.
- Знам ...
- Ама знаеш ли ние така секој ден заедно си одиме од школо и јас не знам што да и кажам и си молчиме, така само си молчиме ... ама јас заљубен сум.
- Знам, љубов е и кога молчиш.

Си замина, а јас се уште си мислам уште колку тишини ќе доживее ... и уште колку пати стомак ќе го боли ама љубов е. :)
 
Драга Кајгана,
Ова е нешто невозможно. Сфаќам дека со чеканот сабајле го ковав држачот за пешкири во веце, ама бивало да сум го оставил на прозор.
Си доаѓам дома, влегов во веце без уклучено светло, реков ај да го отворам прозорот.... отварајќи го прозорот го бутнав чеканот, падна врз новата шољата која ја купив пред два дена, па ја сокрши пола.


Е не ја мењам сега, да се вратам од Пивo фест, па после :ROFLMAO:
 
Драга,

има една група луѓе кои очајно се обидуваат да имаат смисла за хумор. Ваљда идол им е Игор Џамбазов.
 
Драа

Не ти кажува ја од пред некои две три недеље, иду накуде Скопје и нели вруќо, отфарамо прозори, старци како и увек се буниф за промају и едно девојче да се искурнази(дека била у странстфо) вика ги:
- "Aбе што ви е на вас, какфа промаја,тој само куде нас се буните,само куде нас има,па ја сам била на запад, тамо никој ни слушнаја ни се буни за промају, на запад нема промаја!!!"

Oзбиљно?:ROFLMAO:
А за кој запад збори? За Тетово, Гостивар,Дебар...?
Па тамо наравно нема промаја, тамо сфе су продруми
Цел Полошки регион е у подрум : D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom