Кајгич... стварно е зезнато кога не можеш да се разминеш со некого. Идеш лево, тој лево, идеш десно, тој десно, у меѓувреме си викате извини и продужувате да се кочите.

Ме пукна срам вчера, али нема врска.
Иначе, си најдов занимација. Препишувам рецепти од тефтерот на мајка ми, во друг, поголем.

Има некои рецепти на српско-хрватски, па се осеќам као преводилац.

Жуманац, беланац... си се филмам малку, али нема веза.

Уште пред две години почнав да препишувам, али после некое време ми текна да ги сортирам по благо/солено. И почнав од почеток.

А ништо чудно да ми светне у меѓувреме да ги сортирам и по азбучен ред, по тоа колку време е потребно за да се скува или да сортирам по ист тип баклави - со баклави, па посни со посни...
Упм, ме замисли сеа.

Али не, до пола сум со овој, рука ме заболе, не можам. Мноогу рецепти има.
