Ми се згади од новинари лешинари !

Збеснаа у последно време, ама стварно збеснаа! Отиде девојчето што отиде, но нејзините не ги оставија на мира. Остај што кога се водеше за исчезната врескаа дека таткото бил должен по лихвари, дека не ја воспитале како треба, дека малата Тијана била со сомнителна репутација, (тоа малку им беше) па ноќта кога официјално се дознало дека девојчето е убиено, српскиве новинари му се јавиле на таткото на девојчето за коментар. За коментар. КОМЕНТАР!

Кој ебен коментар го сакате бе, гниди недни!

Не ги оставија на мира. Не им е животот доволно пекол. Нееее! Им ѕвонат нон стоп, им ги глодаат коските, се грижат да полудеат, али на тенане, полека, лагано.
Ма ко ќе размисли чоек, не се криви само новинарите.
Солзите на мајката на психопатов, грчот од лицата на родителите на Тијана, нивната болка, нивната скршеност, тоа не храни. Чудна некоја сорта на луѓе станавме хронично зависни од туѓа несреќа и експлицитно покажување на солзи, трагедии, болести, погребни поворки...
Ко да се насладуваме на туѓата болка, мака, смрт...После некое време тирумфално ќе заклучиме со онаа нашата добро позната: „Има и бетер, добро е. Ќути и трпи. Гледаш што нема по светов, ние сме петка."
Нашиве па медиуми шлајм до шлајм. Само ја копираат бурлеската од Србија. Зошто? Затоа што тоа продава, тоа носи пари. Па на ист начин (и бетер) поминаа и нашите. Се сеќавам и на детето што го убија во Ѓорче, малиот што го убија на плоштадот, масакрот на Смилковско, уште што не измислија, уште што не направија. Глодаат, ринат, гребат се до друга несреќа. И после се од почеток.
Новинари!? Мех! Аждаи, крвопијци, лешинари ненаситни.
