И така Владата прави рекламни спотови од секоја можна област, редно време е да направи една серија спотови на следнава тема:
Лична хигиена.
Изми ги забите и користи мастики, затоа што твојот здив е ужасен наутро во ЈСП.
Користи дезодоранс, затоа што твоите пазуви може некого да онесвестат.
Туширај се редовно, затоа што кога се разминуваш со луѓето на улица нема да те гледаат попреку и нема да ти велат дека смрдиш ко твор.
Личната хигиената е светост, дезодорансот е потреба, биди фраер не дозволувај да те покажуваат со прст.
Сигурно има уште по некоја реченица ама ова е главното.
Одвратно е како млади луѓе, дотерани дами и господа, не водат сметка за лична хигиена. Па топло е побогу, како се поднесуваат самите и се доведуваат до ваква ситуација.
*Hank Moody општествено одговорен граѓанин не бара никаква надокнада за оваа кампања, доволно е само да се сменат работите на подобро.