Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Блазе оние што мислат дека е соодветно пред светот да се пофалат за ова
irz7K7y.png

Неизбежно е да се спомне стариот.
Тоа е тоа, свет полако тетура ка своме крају.
Н.
 
Цела среќа „Драга“, па овој плакарот цел живот стои позади мене, како подршка (со две д).
 
Ееее Кајги :')

Нема ништо подобро од тоа ноќе пред да заспиеш да изгледаш некое хорор филмче, некоја крипи документарна, или пак да читаш крипи паста на интернет... Вечерва на менито ми е Фокс Лајф, емисијата се вика Селебрити Г(х)оуст Сторис... :)))) Ај да видиме што чудо е ова.


П.С. Ме мрзеше да менувам јазици, од мобилен пишувам...#смајлитонаџесика
 
....и орден за издржливост :D
Заборавам дека не смеам да цитирам овде :)
 
Драга,

Јас размислувам скроз да го сменам друштвото околу мене. Овај, женските особи.
Едната, секогаш кога сум јас слободна, има за учење. Тоа значи дека по цел ден од сабајле гледа некоја серија, со надеж дека кај 8 навечер ќе и текне да отвори книга. Секако, не отвара, и после пак ќе падне. И кога ќе ми го каже тоа, сакам да ја залепам една убаво. Ме нервира и сега, кога ми јаде трици дека ќе се потрудела да најде место за мене, т.е некако да ме вметне во учењето (гледањето серии). Аха, да, јас тебе ќе те чекам секако.
Другата, освен за факс, ретко за што прави муабет. Ја викам за кафе, за шетање, пак нешто и излегува. А трагичното е што нигде не оди, понедружељубиво створение, амин.
Третата, секогаш кога се оди негде, ко смуртена ми е, и само јаде трици за други. Пола од времето го минува зјапајќи во телефонот и на фб, а ти си на пола метро од неа.
Имам и уште две-три, кои кога ќе им текне дека постоиш, тоа е или кога имаат љубовни кризи, па ајде јас да се најдам да слушам тралалајки и да се полнам со негативна енергија, а воедно и кловн да изигравам да им биде полесно, или кога им е досадно.

И нејќам да се задржувам на вакви женски створења. Не ми се потребни такви во животов. Кога си решила веќе да одиш на кафе, сок, купување, било што, дојди пред се навреме, обрни ми мене внимание, а не на телефонот, не ми наоѓај 100 изговори ако не ти се излегува, не ме гледај ко здраво за готово или ко да сум на закачалка.
Толку пак да не се наоѓа нешто приземно од женскиов свет, чудесии.
 
Утре полагам. Надвор пред зградава ми цивкаат некои рандом птици и не ме оставаат да спијам. Во моментов размислувам како да дојдам до овие чавки, утки или незнам шо се и како само ако дофатам некое од нив ќе им вадам пердув по пердув се дури не остани нити еден.
 
How to train your dragon 2 неделава ќе има премиера кај америте, кај нас ја имаше премиерата пред повеќе од недела дена, ама how to train your dragon 1. :place:

:place:

:place:
 
Кајги, ритамов ми е скрос пореметен. Веќе 2 недели ноќиве се бели и траат по 2 сати. И така цело лето...
А јас вампир, ноќна птица..
Ќе ги исфарбам прозориве црни, жими се.
 
Драга Леброн е животиња страшна, ебаму векот играчина!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom