Ми фали Кајгано. Премногу ми фали, ете тоа. Сакам да е тука, сакам да го гледам секоја недела. Сакам да е со мене сега, овде. Толку сакам.
Зошто ме сакаше повеќе од себе, повеќе од било кој друг. Го знаев тоа многу добро.Зошто веќе нема кој да ме праша како сум и да биди среќен кога сум јас среќна, да ме гушни кога сум нервозна или тажна.
Се дешавале срања, допрва и следат други, но све можам да издржам, ама него да го немам и после толку месеци не можам, не сакам. Поголема празнина не можам ни да почувстувам.
Кога некој ќе ти го изгради светот, кога сака да си све што немал, не ни помислувам да биди разочаран од мене.
Некогаш се нервирам,но од друга страна знам што точно ми треба, нема потреба од лутање. Ако знаеш шо сакаш, немаш ни потреба друга опција да разгледуваш. И или ќе чекаш можеби да падни од небо или сам ќе го земиш то шо сакаш да е твое. Поверојатно е да се оствари второво во секој случај.
Преку све човек ќе помини, преку смртта никогаш.