Ти се плукнам у тоа глупото време, ти се плункам. У тој глупион дожд.

Романтично било!

Да бе, со кал до половина, со чорапа ко бокал, унатре пола литро вода. Многу е роматично!
Ебате романтичното, ебате. Да седиш дома и да спиеш, евентуално да читаш книга, романтично е. Ама иди надвор без чадор, да те видам колку ќе ти биде романтично.

Многу гледање филмови, ептен.
Излегов од дома без чадор, затоа што беше сончево. Само што тргнав накај дома, истура. Стоев пред една зграда, со скрстени раце, чекав да прекине, за да си го фатам патот под нозе... ама ништо. Среќа имав пари у мене, па си влегов у Кам, си купив чоколадо за готвење (каква милка - какви бакрачи, чоколадо за готвење му е мајката

) и плус ќесе си купив.
Пробав да ја „облечам“ ќесата, ама кога го надигнав ќесето, ми падна чоколадата. Едвај ја облеков ќесата.

По цел пат го рекламирав Кам. Па за џабе ли бе вчера у три саат ноќеска, се пеглав? И дождов да ме наврне?

Башка имав прочитано нешто, у смисол дека, ако трчаш додека врне дожд, уште повеќе ќе наврнеш.

Пробував да одам побрзо - поспоро. Ама исто ти се фаќа.

И се извинувам што звучам изреволтирано, ама ми се споија жичките. И сега престана да врне. Акооо, акооо!