Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајг, грозна слика.

Онемен, коските се тресат, толку галама, а само тишината продира. Ако отворев уста ќе исплукав жилети, рикаше огнот во очите. А сепак, во тој ходник стоев по втор пат со крвави раце... Татко ми ги предупредува сите да не ме чепкаат... И не требаше. Премногу луѓе отидоа во парадоксални ситуации, а ова беше дури и премногу. Вечерта едно, сабајлето новиот ден го открива лошото лице. И пак, пак седам во тој ходник, устата ми е тастатурата, а само тука можам да се испукам. Не требаше вака, но можеше и полошо. Е оди најди ја светлата точка во црнилото околу мене, јас ја гледам, ја гледам на тоа што уште откуцува, на зелената линија. Надежта ипак постоела во мене, некаде, таа истата која некогаш ме уништуваше сега ме одржува при себе.

Вечерва ноќта ќе ме дружи, зошто кога ќе поставиш прашање ќе се одбие од ѕидовите и ќе знаеш дека одговорот е залуден. А кога има некој, можеш да слушаш само бесмислици. И пак, пак сфаќаш дека се е бесмислено и овој ебан живот е бесмислен, a најмногу е тоа едно „Зошто?“ .

still, those headphones keep me from remembering... and let me drown in the night.
 
3666_250.gif
 
Ако на Шител нема платена политичка предизборна реклама тогаш има филм снимен пред 10-15 год. Е тоа е поболно, колку сме назад со премиерата на филмовите. Пред изборите во 2022 год ќе го даваат Jack and Jill со најава како урнебесна комедија со некогаш популарниот Адам Сендлер. :cool:
 
Колку не иде... дури да се чудиш! Дури ни времево не сака. Си идеш накај дома по тмурново време и се молиш дај бе истури се да ме направиш жива вода да ми се распаднат алиштата на мене да ме одбегнуваат луѓево кога ќе ме видат, ама не како за инат само тогаш нема дожд.
 
Ретко кој имал можност во живо да прошета по Амазон (онаа непроодна џунгла покрај големата река)
е ама може бар на слики да видите како тоа изгледа во темата( е она КЛИК,незнам како го правите) за болниците во Македонија.
 
Здраво,

крш сум, едвај мрдам, здравје остаив у сала, грлово ми чури, глава ме боли, се осеќам како да сум изел бејзбол палка у тил, мртво ми е, да ти ебам среќата никаква, жал ми е, криво ми е ептен.
Јеби га.
Глеам бокс.
Ај чао.
 
Емотивно истоштување level комплетно не сум способна да имам емоција во моментов.
Ваков ладен емотивен туш мислам дека никогаш немам доживеано.
Онака баш празнина.
А утре цел ден ќе ми биде држ го Маро гајтанот.
Уште ми се во глава момците, уште ми се во глава нивните разочарани погледи и наведнати глави и не можам тоа да го преболам. Таа болка и разочараност ми го скршија срцето, не можам да се соземам...
Прекрасни момци со срца огормни ко планина. Е тоа се Вардарци.
И нашол некој да ги омаловажува. Ми се згади.
 
Што и да кажам џабе ќе биде, тие што бевме знаевме што се случуваше од рипање и радост на крај дојде да сме сите ко попарени и уста да не можеме да отвориме.

Измешани чувства за денов имам пошо можеше да заврши совршено....
 
Хмм само што бев награден со трофејот "Староседелец"...тоа значи дека веќе 3 години сум на Кајгана :)

Иако сум тука највеќе за мајтап и дали 20% од мислењата ми се конструктивни коишто допринесуваат кон некоја дискусија .. пошто повеќе сум сеирџија на форуми, видов во овие 3 години дека на овие форумски простори има многу интелегентни луѓе со многу конструктивни, интересни мислења и пасија за тоа што го пишуваат.

Па да се надеваме на здравје и уште 3 години сеир со тебе Кајгано

Позз ;)
 
Да не бев престината ќе излезев на дождот и ќе шетав, ќе шетав...
Сакам дождливо време, сакам чај од јаболко и цимет и мај бест фенд до мене, ми фали многу, некогаш дури премногу. Ама со ова дождливото време се осеќам ко да сум кај неа во Лондон.
 
I dont usually сретнувам полжави , but when i do - 3 у еден ден.
Е сега , еден од тие три малце прекасно го сретнав(n). Sorry buddy , ама мрак беше , што да правам сега :(

Замисли го адреналинот што мава во бавното полжавче кога шета по мрачни прометни тротоари . ОПСТАНОК : епизода број 666 :eek:
 
После ова што се деси со Вардар,немам желба за гледање никаков спорт,ваљда до утре ќе ми пројде,или пак не:place:.
 
Здраво уште еднаш,

ова не се дешава, не не, нема шанси, не верувам. :eek:
Во време кога Вардар пишуваше историја, кога цела Македонија трепереше пред малите екрани, кога 7.000 навивачи се тресеа во Борис Трајковски, на форумот шок...:вонзем:

untitled.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom