Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
-„Еј, се врати“,... зборови кон пишман аџијата Ѓорги, од познатите македонски стари приказни на МТВ,
така и јас еве се вратив по една недела пауза и за една недела постар,поточно секоја минута сум за една минута постар,
и додека ова го пишувам некое одредено со минути време,за исто толку време ќе бидам постар...и време подарено на тебе,
секој ден се постар уморен се враќам дома,како сега од 3 смена и зошто да губам време на некое спиење... а животот бега...
ги посакувам понекогаш,да ми се вратат миговите од младоста... и денот на првата љубов...првиот бакнеж.
ама повеќе немам снага ни за посакувани мечтаена, на тие денови..о мисли...останете тука во мене,не ми враќајте спомени.
 
На овој ден во школо нас девојчињата не нѐ испрашуваа. На часот по математика на мојата радост и немаше крај.

Среќен празник на сите жени и оние кои се чувствуваат така.
 
1236681_667602396631986_79695311_n.jpg
 
Драга К,
Обожавам да ја гледам мајка ми среќна, обожавам да ја гледам како се спрема, како си ја витка косата и се чувствувам како мало дете..
И немаме таков другарски однос и кога се караме после ми е лута и ми одговара најладно и можеби е најстрогата мајка, но за ништо во светот не би ја сменила и сакам секогаш да биде до мене..
Среќен 8 Март на сите жени и вечерва прославете ја најубаво:)
 
Драги припаднички од женскиот пол.. Срекен празник на сите жени и на сите што се чувствуваат како жени :icon_lol:

1795596_603632166394395_1094228569_n.jpg

Ви посакувам убав помин на прославата, јас веке имам планови со мои пријателки. Мала собиранка кај една плавуша... Пред тоа ке подготвам убав ручек со вино...

Пријатен ден.
 
Кајгано...

Би сакала да влезат длабоко во мене. Би сакала да ја најдат онаа точка која ме прави посебна затоа што чувствувам дека ја губам. Бедно е без неа, бесцелно.
Каде си посебност моја? Те заборавив или самата се губиш?
Ме снемува.
 
Дај бре доста со поракиве за 8ми март, ако не носите чоколада или Робин со панделка не славам аман! Уште една честитка и

tumblr_n24f828ch31ssimu4o1_400.gif
 
Последно уредено:
Драга,во последно време ми се случуваше константно да налетам на добро познатата:''Зарем и ти сине Бруте?''
Чудно е колку луѓето се се повеќе разочарани од луѓето,нашата припитомена раса која не е подложна на лов во дивината,само затоа што е способна да креира и семплира вишок на знаење кое подоцна ќе го дедуцира во еден единствен резултат-Бог.Или карма.Или заебана психа.Треба ли јас да страдам заради тој факт? Не!
Ние не патиме од незнаење,ние патиме и треба да патиме од самите себе си затоа што можеме да научиме да преживееме и можеме да се спасиме од сите останати како нас,но кој ќе не спаси од самите себе? Сите тие беспрекорни драми кои може да ги создаде една човечка судбина се само подотовка за прифаќање на фактот дека ние сме толку обични.Обични креации од крв и месо.
Ми станува јасно зошто луѓето бегаат од овој факт,зошто им е полесно да набљудуваат туѓ живот и да го анализираат...затоа што се плашат да ја прочитаат својата животна сторија и да не пронајдат апсолутно никакво значење во неа што би ги издигнало и направило посебни.
Како што многумина мои колеги поети би рекле:''Можеме да ги допреме ѕвездите со нашите умови'' јас на тоа другари би ви рекла: ''Во ред,но ѕвездите никогаш не би ни ја возвратиле услугата''.
 
Морам да кажам дека последниве две страни од темава се супер, неколку постови сакав да ги ставам у Пост на денот додека ве читав. (y)(y)

Него успат (и на тв, фб) сфатив и дека се слави 8ми март (прослава) ... не знаев. :coffee: Можеби се собираат жени и е као "форсирање на woman's power", нешто на кое се засноваат толку многу женски пријателства ...

У последно време сум флексибилна кон женските оговарања и драми, посебно оние од повозрасните жени, бидејќи сепак, успеале во животот, растеле деца, се грижеле за домот, задржале работни места, задржале насмевка ... можеме ли тоа и ние помладите генерации што не сме мрднале од компјутери ?
 
Драга К,

Океј значи празник си е празник не сум тип на хејтер но сепак ме нервираат оние тип на луѓе кои подаруваат подароци само исклучиво на 8март или пак на некој друг празник, океј значи што прават тие цела година? зарем не се сетиле дека на својата сакана треба да и подарат нешто? до тогаш каде биле? сега дојде 8 март и сите мажи растрчани со цвеќето во рака и други поклони. Подароци се поклонуваат низ цела година не само на празник.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom