Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
НОВИ ТЕМИ (тазе од пред малку на наша Кајгана)
1. Анален секс
2. Орален ......
3 . Со прст или со јазик
-----------------------------------Си одам јас од форумов
 
Драга, пак почнаа со филмови во врска со крајот на светот, сфаќаат порталите дека тоа веќе не пали кај нас, видено е тоа многу пати.
 
Драга Кајгана,
Знаеш ли дека речиси се што било порано е подобро од ова што е сега...

Исто саботава слушнав Тијана ќе ја претставела песната за Евровизија.... се надевам дека ќе биде добра..., лани она кога направија песна, па ја мењаа, па навреди, мрчења...... смешки беше :pos:

Нешто сум несигурен..... незнам дали деновиве една Кајганџика ќе одржува концерт или ќе седи во првиот ред на тој концерт, ќе се понаша вака :vozbud: и за концертот ќе не известува преку потписот, кој за момент помислив дека е светлечка реклама :confused:

Да видиме како ќе ни ја пренесе нам таа еуфорија, а дотогаш ќе испукам пуканки, па ако сакаш дојди :)
 
Драга...

Животот ми оди на убаво... Блистам од среќа и задоволство..Само ова да продолжи и ќе бидам најсреќна..Срцето ми е исполнето и сончево ми е и кога има облачиња..Преубаво се осеќам како во СОН !:pipi:
 
Леле к....

Ја читам темана ауфидерзен македонијо...треба да се извинам дека сум си отишла од мк? Требаше да ја одбијам работата што беше супер платена со супер услови? Требаше да останам, да не успеам да ја исплатам хипотеката на моите, да и барам на мајка ми 100 ден од пензијата од 150€ зашто фамилијарната фирма кај што работев со татко ми се распаѓа дека владата неќе да си ги плати барокните проекти што си ги нарачува?

Не само што сменив земја, него и континент ќе сменам наскоро!!!!

Сега се враќам на мојата подготовка за викендов :D


crazy like a monkey, happy like new year
 
Како шо ги глеам бесцелниве денови измеѓу семестри, и како шо ги глеам пријателите и познаниците кои завршиле факс кои денгубат по цели денови, се повеќе сум возбуден за осмиот, последен семестар и одење на предавања, вежби, кафе измеѓу, „хот-дог од шеесе“ пред спортска, прашањето „од колку утре куре“ поставувано до @turvior или обратно, иако и двајцата знајме од колку, и така. И да, конечно да се очукаме денски измеѓу предавања, срамота е да дипломираме а ниеднаш да не го напрајме то. Ајде, нек се угоде. Прашањето „шо со живото“ тек после иди.
 
Драга,

563663_390625911020763_1216163856_n.jpg

Камо да бев глупа бе ... секој ден ќе си бев среќна.
Камо да не приметував некои работи и да не ме нервираа.
Камо да ми беше се' научено во животов уште пред да се родам и да не треба животни лекции да учам сега.
Камо да можев да ги трпам сите во животов.

Камо да можев да ги прочитам сите глупаци на форумов и да не сакам да им врзам некоја преку монитор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom