Dear
Среќна нова година на сите, посакувам сите да сте здрави, среќни, весели, ви посакувам многу љубов, спокојство и мир во вашиот живот. Се со мера, храна, алкохол и се што правите деновиве

Во нареднава година надградувајте се на секое поле, пробајте да се натпреварувате самите со себе, не си поставувајте идоли, не се откажувајте од ништо, еден ден сигурно ќе ви се исплати, само треба да сте трпеливи и да го чекате. Оние кои се болни, борете се, вие сте господари на своето тело, над својот ум и вие контролирате се, направете ги среќни тие околу вас и минете ги сите пречки колку што е можно побрзо и со полесни чекори
Новава во домашна атмосфера годинава без клише сликања и постирања на слики на социјалните мрежи како голем дел од народов

. Пред точно 18 години моите ми дадоа најубав новогодишен поклон, ми донесоа сестричка која прво ја видов на тв како првородено дете за 1996 година, а потоа како што е редот со човекот кој ме сакаше најмногу на светов отидов и во болница, сношти веќе стана истата таа мала дадичка полнолетна...иако за мене е секогаш малечка, иако се чувствувам како некој кој мора да го следи секој нејзин чекор, да внимава на секоја нејзина постапка, да ја советува и учи за се, постар брат јбг неможам поинаку. Прекрасна тортата, неможев да и одолеам и најверојатно ќе ми отиде трудот од изминативе 20тина дена и малтретирањето со исхраната али за добро само да е
Уф драга, следат 10тина дена потешки мн од кетото, мн потешки ќе ми треба многу трпение да ги поминам
П.С гледам не сум оставил добра слика според тоа што напишале за мене некои членови, им благодарам и на тие кои ме разбрале и на другите кои ме осудиле без да ме познават доволно добро, нема ниту да судам ниту да оценувам некои кои не ги познавам, претпоставувам се подобри на секое поле од мене и многу попаметни кога се осудиле да зборнат било што...
"To criticize someone you never met is like answering a question before you heard it.
I wish i had such abilities, but unfortunately I was born just a regular man"
Бидете поздравени, имајте убави празници
