Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
Среќна нова на сите членови на форумов . Лично за мене одвај чекав да се тргне 2013 зошто ми беше ужасна затоа се надевам во новава на само најдобри нешто . Секое добро :coffee:
 
Живели ! Шерефе !
1517527_10151900289528068_741948597_n.png
 
Заврши годината во која ништо посебно не се случи во мојот живот. Се надевам оваа година ќе ја памтам кога ќе бидам стар...
 
На сите членови и не членови што читаат им ја честитам новата година и му посакувам многу здравје, љубов и пари.
За мене искрено се надевам оваа нема да биди како минатата, исто се надевам и за сите, дури и ако им била добра оваа нека им биде подобра.

Инаку можам да кажам дека многу го сакам 1-ви Јануари, убава атмосфера има и секако традицијата која постои уште од кога знам за себе:
-Виенски концерт
-Гармишпартенкирхен, новогодишни скокалници
Плус цел ден по аналогија јадам сако Руска и кифлиња.
Уживајте, ова е денот со најмалку работа и обврски.
 
Среќна нова на сите! Ќе ви посакам многу здравје, тоа е најбитното. Без него ниту до локалната трафика по весник не би стигнале. Да си ги реализирате сите желби и соништа, паметни дечки/девојки сте верувам дека ќе успеете во тоа. Нека има љубов, тие кои не ја сретнале да ја пронајдат, да остареме покрај неа/него, другите кои ја имате посветете се да ја сочувате. Нека има мигови за паметење, дружби, многу музика, добри филмови и што повеќе прочитани книги.

На општествово му посакувам созревање, помалку колумнисти, попаметни луѓе со свое јас, а помалку изветреани политичари. Нека биде мирна и успешна 2014-та.

 
Драга,
среќна Нова Година на сите кајганџии! Ви посакувам да бидете здрави, среќни, насмеани, опкружени со љубов од најблиските и да ви се исполнат барем половина од вашите желби и соништа.
Уживајте! :)
 
Среќна Нова на сите, гледам луѓево за Нова Година или се фалат или си кажуваат што мука им лежи на срце :) , па така за оваа Нова Година, Дедо Мраз ми донесе сјебано ребро, и од болка не можам да мрднам, али вчера на прославата успеав да изодам 30 метри, да влезам на задно седиште во кола и да се качам по скали дури два пати, и успеав да бидам декоративен инвентар на "забава" кај што моралот во голема мера беше опаднат и каде едногласно беше заклучено дека забавата у Скопје отишла у.п.м. Секој со своите проблеми :) , кој со сјебани нивоа на серотонин у мозок од конзумирање психотропни супстанци, кој од тоа што му било никакво на љубовен план, кој немал работа а сакал семејство да оформува и колне све по списак у државава итн... и капак ја со реброто, дури и кога дишам ме боли. :) Но не е се така црно, после толку долго време, вчера се наканив, се наклукав кетонал и аналгин и отидов си купив лаптоп

Notebook Dell Inspiron 3521 i7-3537U 8GB/1TB/HD8730M 2GB/15.6"/Cam/Linux/Black

:)

Не очекуев дека до толку ќе му се израдувам и ќе го чачкам, си решив сеа за сеа ќе го терам на убунту. А да, и другар се враќа од ЛА во посета на внуката што му се роди, па би требало и со него убави моменти да се споделат. И нормално, за на крај најважното, кое со нетрпение го очекувам секој ден.:)
 
ДК.
Нека е среќна новата година на сите, иако за мене можеше да започне многу лошо.
Да се воведе доживотно одземање на возачката за лица што возат под дејство на алкохол, и ги загрозуваат животите на другите лица во сообраќајот.
И дали ако не прикачам слика фејсбук од нова година значи дека не сум си поминал убаво? :ROFLMAO:
 
Се опулувам и гледам пред мене Баба Рада игра дали игра.........Апокалипсата дојде бе мајката?! Не не, домашниве гледаат канал 5 а јас сум заспал в дневна на двосед до огнот.
Ептен интересно е чувството кога се прибираш дури се разденува. Инаку прва работа што ми текна кога стигнав дома, беше да појдам назад во двор и да го разбудам и разгњавам песот. Тоа беше единственото суштество кое не ми замеруваше за нарушување на рајатот во тие ладни утра, туку напротив си поигрувавме некои 5 минути и се разделувавме секој по својот пат. Да бидам искрен почувствував празнина од една стара слатка навика која сакал или не морам да ја исфрлам и ја исфрлив....

Тркнав до кај баба ми, онака традиционално, да ја ѕирнам и да и ја честитам новава година. Па се посмејвме малку од малку. Вака некако одеше дијалогот.
-Абе бабе, новава година е иста ко минатава, ништо не е поразлично,не се менува.
-Се менува се менува (и викам). Знајш шо се менува?
-Не, бабе кажи.
-Ако умриме, наместо 2013 на надгробнана че пишува 2014, видиш бројкава друго кажува.
Се насмејвме на црниве глупи ,,шеги". И испив едно кафе и и изедов едно парче торта шо ја прај секош то време.

Инаку нека ви е честита годината кајганџии и бидете здрави, живи и весели. Oд арно да не куртулите, и да остварите од зацртаните цели голем дел, се' не можи, но поголем дел можи нели. Ај да не ја дрвам, одјава програма (Хладно пиво). Паметни сте си вие. :)
 
Dear K,

Првите бебиња во Македонија, Албанија и Косово биле машки! :vozbud:

Со оваа вест не бомбардираа нашите портали и ме оставија да размислувам што би можело да значи истото... Дали конечно ќе ни тргне во фудбалот, дали на политичарите ќе им пораснат тестиси, дали цвеќињата ќе овенат или... или можеби со паметот сеуште сме во средниот век, само не сме свесни за тоа...

Многу среќа во новата година!

Ќе ни треба...
 
драга кајгана, уште на првиот ден од новата година ка човек ке изеде казна за погрешно паркиранње, проби кажи ми ти колку ке ми е среќна таа година...? јас не сакам да мислам... бтв, среќна нова година
 
Драга Кајгана.... дојде 2014. Не дека ја поканив... ама штом дошла добредошла. На сите нека им биде исполнета, се надевам и кај мене нема да биде празна и бесцелна Размислувам да си поставам цели во оваа година. Демек животов е пред мене. Почесто да се шминкам. Да си купам бесни нокти едно 7 пати оваа година. Да заработам доволно пари за од сити мол дома да си идам со комбе. Исто 7 пати оваа година. Се што сум купила да фрлам. За инает. Да земам адобе сертификати. Да заминам во странство, да живеам во Рим. Или во Лондон. Да им ги најдам мааните и да ги оговарам на кајгана. Некако да ја дочекам 2015 ама да не почне со пмс и со главоболка ако може. Драга Кајги. Ич не ја сакам 2014 нека се врати. Нека се стори 1979. И нека експлодира планетава. Ако може.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom