ДК
http://www.fakulteti.mk/galerija/doma-foto-prikazna-za-studentskiot-dom-stiv-naumov#1
Чувствувам огромна носталгија кон времето кога учев во Скопје.
Се запишав на ПМФ, Информатика. Живеев под стан во Мичурин. Но многу од средношколските другари/ки живееја во студентски домови, а јас најчесто бев во Стив. Оваа фото-сторија ми мавна еден флешбек на едно време, доволно блиску, а толку ми се чини далечно. Колку само имаше другарство, недругарство, забави, седенки, весели ноќи, тмурни ноќи, девојки, познанички, непознанички, откривање и созревање на живот, сам, без позната средина околу тебе. Некако таа фама околу студентскиот живот во Скопје ми остана недоречена, несвршена, како сеуште да е тука, на дофат, можам да се нурнам макар барем на една недела во тоа време и да заборавам на се. Но траеше кратко, само една година. Ми недостига разновидноста на животот, оној студентскиот... Ми фали мистериозноста на се што претстоеше пред мене.
Пред некој месец прошетав низ Стив, се качив и до ПМФ, влегов и во старото добро бифе. Се е исто, како да сеуште учам таму, како да го слушам џагорот на колегите, познати и непознати. Но веќе не припаѓам таму, припаѓам на друг свет, свет далеку од сите тие студентски збиднувања, денски и ноќни.
Да, ќе речете, има студенти и во Штип, но ова тука е далеку, светлосни години од тоа што можеш да го доживееш во Скопје, и лошо и добро.
Ненормална носталгија имам за тоа време, ненормална...
Толку ми фали сето тоа, толку е досадно во Штип, толку се чувствувам ограничен. Сакам да сум студент во Скопје, барем на еден месец.
Имам сеќавања кои ќе ми траат цел живот, иако сето тоа го восприемав сосема кратко. Можам да замислам какви се искуства имаат тие деца/луѓе што го живеат тоа 4-5 години. Искрено, без оглед на се, им завидувам