Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Dear friend

Страдам од суфицит на изгледани филмови. Дали сум оплоден да пишам низ темите за рецензија во подфорумот Филм?
Ме мрзи додуше. Ме фаќа страв после толку плодни и длабоко разработени рецензии, мојата да не се понаша ко недоношче.
Гледам се неќкаат за собири, по пп требало, јавно требало... Договарањето е по желба. Искрено и јавно да е, и по пп - увек се дешаа голем дел во 5 до 12 да откажат. Сите си го знаеме тоа.

Love always
Saladin
 
Драга...
Што да Ти пишувам вечерва?
Пак да бидам времеплов? Ај ќе бидам... можеби сум Ти досаден и Тебе и на оние кои го читаат моево писание, но морам да си кажам и за 1986 година, бидејќи сме на 1986 страна. :)
Април таа година се случи Чернобил. крајот на април беше, зеленчукот дома по 2 саати го миевме на чешмата, татко ми не ме пушташе од дома да излезам... владееше некоја параноја. На школо со кола ме носеше...
Тогаш беше Светското првенство во фудбал, Мексико 1986. Прв пат собирав албум со сликички, уште го чувам... го сакав Марадона, ама и Платини :) Ми беше мака оти Југославија не учествуваше.
Тоа лето прв пат го видов Јадранот, Хрватска...

Еве, вечерва си велам да напишам неколку реда за луѓето околу нас. И во живо, и тука на форумов.
Знаеш, драга, ми пречи многу тоа што луѓето судат за другите. Што сите се „светци“. Еве пример: Некоја, била со неколкумина, имала врски, не и успеале, се мажила на крај со некого... а и тој исто така имал неколку врски, па се нашле и ајде свадба... Замислете... го жалат кутриот дека зел безмалку ороспија, а тој поискусен од неа.
Или, уште еден пример: За некој се знаат неговите примања, финансиски се разбира... И, веднаш му го прават есапот како тој некој е недомаќин...само шетал, незнам што правел, сите пари ги арчел...
И? Дали некој од нас во некој момент бил тој некој кому му судиме? Дали сме биле во негова кожа? Одговорот е јасен - НЕ!
Кој ни го дава, драга, правото да судиме?
Малограѓанштина драга... ваљда луѓето немаат свои животи па ги живеат туѓите...
Не драга... јас не сум воспитан така... мене тоа ми пречи, ми пречи премногу. Јас само сакам да го живеам мојот живот онака како што јас сакам без друг да суди за мојот живот. Или можеби завидуваат? Или, сепак, се само малце злобни луѓето?
Можеби и јас сум нечија тема на осуда, да не речам оговарање... Можеби ќе ми најдат некоја мана. Да, ги имам... како и секој жив човек...
Ќе продолжам напред!
 
Драга,

значи како да учам а да притоа не јадам благо, не пијам нес, и чат пат да пијуцкам и кока кола. Е тоа ти е тој ебан филинг кога пред колоквиумска си билдаш калории и ставаш кила. Башка движење јок - грд период, едвај денес така на кафе, лаф муабет и малку пешки, пријатно време бар тоа е океј.

А да, заборавив и си ја читам Вештица од Венко на пауза од учење така имам неколку поглавја од таа книга што секогаш сакам да се навраќам.

:cool:
 
Мала, думан е работата ..
1382936_1638180059570572_874858283_n.jpg
 
Океј, не можам тебе да ти се лутам, ајде смир ама уште еднаш така НЕ! Да ти е јасно.

Туку драга, ми дојде една другарка од Србија, имала некој семинар тука па ми се јави да се видиме. И викам: Океј, нема проблем, кај си моментално? Што има околу, нешто карактеристично за местото кажи.
И знаеш што ми вика?
-Кај еден споменик!!! :D

Не знам дали ме заебаваше или не ама убаво ме насмеа. :)
 
Како бе така, полесно ти е да цимолиш за нешто шо не си го добил, а си го заслужил, а никогаш не ти текнало да си направиш ревизија на тоа шо си го добил, а не си го заслужил?
 
ДК
Вo склоп на странава да ја поздравам мојата Чернобилска генерација (родени 1986), некои испаднавме помалку некои повеќе озрачени, што физички што психички :вонзем:
 
Драга К,

Џабе е да имаш се во животот но да го немаш она најважното: Љубов. Се чуствувам како робот, се наоѓам како во некој тесен лавиринт барајќи го нештото по кое трагам долго време прашањето е дали ќе го најдам? Јас веќе мислам дека нема да го најдам дефинитивно туку треба само да излезам од лавиринтот на животот и да не тргам по тоа нешто. Се надевам некои други личности ќе имаат повеќе среќа и ќе го најдат тоа нешто што се нарекува Љубов. Драга К, многу малку останаа луѓе со кои ќе можеш да споделиш некои работи, да направиш добар моабет со доста длабоки теми каде што едноставно можеби ќе биде само моабет но барем од тој моабет ќе се извлече нешто поука,мисла и сл. Можам да заприметам дека луѓето повеќето бар бегаат од ти е длабоки теми на моабет како ѓавол од крст. Често знаат да ме наречат филозоф... ти е што најмногу добро ме познаваат но јас не се чуствувам така... Жалам кајгана што на некој начин се исповедувам но многу малку луѓе останаа со кои ќе можеш ги споделиш своите мисли, некои работи кои ти лежат на душата. Но затоа истите ти е кои бегаат секогаш од такви теми и сл. секогаш доаѓаат кај личностите кои сакаат такви теми на моабет да бараат совет од нив. Това е това понекогаш се што ти е потребно е многу малку повеќе среќа во животот за да успееш во нешто. Нешто на кое се надевам друго дека ќе успеам е ова да го направам идната година откако ќе изградам свој дом. ГРАДИНА! Нешто што премногу го посакувам. + златното кутре :love:feng_shui_gardening_1.jpgpicture-of-golden-retriever1.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom